fbpx
Таг: предвремени парламентарни избори

таг: предвремени парламентарни избори

Штип засега со четворица пратеници, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, по еден од СДСМ и Левица

По првичните неофицијални резултати од Општинската изборна комисија во Штип за вчерашното гласање на предвремените парламентарни избори, извесно е дека штипјани ќе ги претставуват двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од СДСМ и од Левица. Сигурен влез во Собранието обезбедија Иван Јорданов, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и неговиот сопартиец, Никола Мицевски, кому ова ќе му биде трет мандат....

СДСМ: ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста

СДСМ ја повика Државната изборна комисија (ДИК) да ги поправи грешките и да презентира резултати пред јавноста. „Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат,“ се вели...

ДИК рачно ги проверува записниците, неофицијалните конечни резултати попладне

Од утрово повторно функционира веб страната на Државната изборна комисија (ДИК), откако синоќа падна во времето кога требаше да се објават конечната излезност на парламентарните избори и првичните резултати. Сега во функција се и веб страните izbirackispisok.gov.mk и prigovori.sec.mk, но јавноста и понатаму нема увид во резултатите од изборите и конечната распределба на мандати бидејќи нема пристап до линкот https://rezultati.sec.mk/...

Неофицијални резултати на ДИК: СДСМ – 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2 и ДПА 1 (инфографик)

Според неофицијалните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), на предвремените парламентарни избори одржани вчера, 46 пратенички мандати има освоено коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Беса, по која следува опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ која освои 44 места во Парламентот. Потоа ДУИ имаат 15 пратеници, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12 пратеници, Левица два пратеника и ДПА еден пратеник во новиот...

ВМРО-ДПМНЕ во Охрид со 1.667 гласа пред коалицијата “Можеме”

Според првичните податоци на Државната изборна комисија, опозициската коалиција „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила најмногу гласови во Охрид во рамките на предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера во земјава. Опозициската коалиција со 12.480 освоени гласови е пред Коалицијата Можеме на СДСМ, која во моментов има поддршка од 10.813 граѓани. Според информациите од ДИК, ДУИ во моментов во Охрид...

ДИК обработи 93,96 проценти од податоците: Коалиција Можеме – 36,13, а опозициската Обнова – 34,65 отсто

Портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК), Адмир Шабани изјави дека се обработени 93,96 отсто од податоците по избирачките места. „Коалицијата Можеме освои 36,13 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 34,65 проценти, ДУИ 11,57 проценти, Алијанса на Албанците и коалицијата 8,79 проценти, Левица 3,96 проценти, ДПА 1,48 проценти, Интегра 1,33 проценти,“ изјави Шабани. Од ДИК информираа дека вечерва нема да биде соопштен распоредот на...

Тесна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, СДСМ победи во Кочани

Првичните неофицијални партиски резултати од предвремените парламентарни избори во источниот дел на земјава покажуваат тесна победа на коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Според актуелниот распоред на гласовите во Штип, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 10.122 гласови, СДСМ – 10.010, Левица – 1.204, ГДУ – 601, Интегра – 346, ДУИ – 187, МОРО – Работничка партија – 125,...

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски прогласи победа на коалицијата „Можеме“

Генералниот секретар на Социјал-демократскиот сојуз и носител на листа во третата изборна единица, Љупчо Николовски прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на денешните предвремени парламентарни избори. „На 75 отсто обработени податоци од денешиот кристално чист и европски изборен ден, јасно е - победуваме и продолжуваме уште подобро“, рече пред малку на прес-конференција Николовски. - Победивме чисто, победивме европски. Граѓаните го казнија ВМРО-ДПМНЕ,...

Падна сајтот на ДИК за изборните резултати, агрегаторот time.mk под сајбер напад

Во идентичен период, во времето кога требаше да се објават конечната излезност на парламентарните избори и првичните резултати, истовремено падна сајтот на ДИК на кој се објавуваат изборните резултати, додека најчитаниот агрегатор на вести во земјава time.mk е под сајбер напад. Ниту новинарите, ниту граѓаните можат навремено да се информираат за првичните изборни резултати. Кратко пред да падне агрегаторот на...

Двајца жители на Велешта физички нападнале полициски службеник

Изутринава околу 11 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, 31-годишниот В.Ќ. и три години помладиот А.Ќ., двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир. – Тие, упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите...

Штип: Мирен избирачки ден, помала излезност од последните парламентарни избори во 2016 година

Помала излезност од последните парламентарни избори во 2016 година е регистрирана на денешното гласање на 80-те избирачки места во Штип. До 20:30 часот, излезноста во Штип изнесува 56,65 отсто, наспроти 72,74 отсто на парламентарните избори во 2016 година. На одредени места излезноста се движеше меѓу 50 и 70 отсто. Избирачкиот ден на предвремените парламентарни избори во Штип генерално помина во...

Лидерите на албанските партии очекуваат победа, Села обвини за инциденти

Лидерите на албанските политички партии во земјава денеска го остварија своето право на глас, при што секој од нив изјави дека се надева на победа во албанскиот политички кампус. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети гласаше во Зајас, Кичево. Ахмети по гласањето изјави дека посакува регуларен процес и да се почитуваат здравствените препораки. Тој исто така рече дека земјата ја очекува...

Џафери: На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го оствари своето гласачко право на предвремените парламентарни избори на избирачкото место во гостиварското село Форино. „Како што е редот денес, јас во моето родно место го искористив правото на глас. Имајќи предвид дека сум носител на кандидатската листа во петтата изборна единица, по гласањето ќе се упатам во Изборниот штаб за одблизу да ги...

И Заев и Мицкоски уверени во победата на денешните избори

Лидерите на двете најголеми македонски партии денеска го остварија своето право на глас, со уверување дека тие ќе победат на предвремените парламентарни избори во земјава. Претседателот на СДСМ Зоран Заев по гласањето во Струмица изјави дека овие избори се поразлични од претходните, но не и помалку важни. - Со резултатот од овие избори ќе знаеме на која позиција, како ќе...

Пендаровски: Не е битно кој ќе победи, очекувам учесниците да си подадат рака

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на предвремените избори за пратеници во Собранието гласаше на избирачкото место 2489. „Според достапните информации од првата половина од изборниот ден, гледам дека сè се одвива во рамките на законските прописи и во една демократска и мирна, толерантна атмосфера. Она што е значајно и е специфика за овие избори, а според мене, би требало да остане...

Инклузива: Пропусти при гласањето на лица со попреченост и почитувањето на здравствениот протокол

Набљудувачите на Здружението Инклузива известија за пропусти при пристапноста на гласачките места и гласањето за лицата со попреченост. Забележано било и непочитување на протоколите за заштита од ковид-19. „Беше забележано неносење или неправилно користење на заштитни маски и ракавици од страна на избирачки одбори на 15 гласачки места, неодржување на физичко растојание на 21 гласачко место, непроветрување на просторот и...

ДИК: До 19 часот гласале 45,74 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 19 часот гласале 45,74 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Притоа, највисока излезност е регистрирана во четвртата изборна единица, каде до 19 часот гласале 53,22 отсто од гласачите. Веднаш по неа, следи третата изборна единица, каде одѕивот на гласачите до 19 часот е 51,51 отсто, по што следуваат првата изборна единица со...

ЦИВИЛ: Нотирани помали изборни нерегуларности помеѓу кои и еден случај на лажна вест

Мониторингот на ЦИВИЛ што ги следи изборите бележи еден случај на лажни вести во периодот од 13 до 16 часот. Оттаму информираат дека во изборно место 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот на ЦИВИЛ, не е...

Фотографирање на ливчиња и физичка пресметка регистрирало МВР на некои гласачки места

Министерството за внатрешни работи (МВР) досега регистрирало неколку изборни прекршоци во текот на денешниот изборен ден низ земјава. Полицијата регистрирала фотографирање на гласачките ливчиња на избирачките места бр.0537 во Дебар, 0755 во село Осој, општина Кичево и 2909 во Скопје. Против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. Исто така, нарушување на јавен ред и мир имало во...

ОЈО регистрираше 10 случаи на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето при Основното јавно обвинителство ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности. „Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...