fbpx
Таг: предвремени парламентарни избори

таг: предвремени парламентарни избори

Мицкоски денеска со протест пред влада ќе бара предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ и помалите партии од опозициската коалиција денеска со почеток од 20 часот ќе одржат протест пред владиното седиште во центарот на Скопје. Христијан Мицкоски на овој начин ќе притисне за одржување на предвремени парламентарни избори во земјава наесен, иако ставот на СДСМ и владејачкото мнозинство е дека наредните избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Во...

ВМРО-ДПМНЕ со протест пред влада на 18 јуни, од СДСМ порачуваат да не се блокираат важни закони

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да организира антивладин протест на 18 јуни пред влада. Во наредниот период ќе продолжи активната блокада на опозицијата на Собранието на РСМ, а воедно од партијата ја оставаат отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вчера не обелодени на какви дополнителни чекори размислуваат. „Членовите констатираа дека...

Ковачевски му порачува на ВМРО-ДПМНЕ наместо со најавените блокади, да почне со работа во општините

По најавите на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на Собранието на РСМ од 10 мај и барањето на Христијан Мицкоски за лидерска средба за закажување на датум за предвремени парламентарни избори, денеска со реакција излегоа двајцата лидери на владејачките СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски и Али Ахмети. Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ конечно да...

Шекеринска се повлекува од политиката, Мицкоски предлага Гаши да биде нов премиер

По најавата на Венко Филипче дека ќе се повлече од министерската позиција во идната влада и актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска најави дека нема да биде дел од новата влада предводена од СДСМ. „Единствената принципиелна и чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната влада. Сметам дека во изминатиот период можевме да продуцираме резултати...

Канадскиот премиер Трудо освои трет мандат, победувајќи ги конзервативците

Либералната партија на канадскиот премиер Џастин Трудо е победник на предвремените избори што се одржаа во Канада, јавува Гардијан. Либералите освоија 156 места во парламентот од неопходните 170 за формирање на новата влада. Конзервативната партија пак се стекна со 121 место во парламентот. Со ваквите изборни резултати, премиерот Трудо е на чекор пред обезбедување на трет мандат за да ја...

Мртва трка меѓу партиите на Борисов и Трифунов на изборите во Бугарија, неизвесно кој ќе формира влада

Предвремените парламентарни избори што се одржаа во Бугарија вчера донесоа нова политичка неизвесност околу тоа кој ќе ја формира идната влада. Од затворањето на избирачките места вчера вечер, до денес наутро се води тесна битка за првото место според бројот на освоени гласови меѓу партијата ГЕРБ на Бојко Борисов и Има таков народ на Слави Трифонов. На обработени 95,22...

Бугарија во недела оди на најнеизвесните избори досега

Вторите по ред предвремени парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 11 јули носат нови неизвесности. Последните анкети спроведени во јуни и на почетокот од јули покажуват тесна трка во изборните резултати меѓу партијата Има таков народ на Слави Трифонов и ГЕРБ на Бојко Борисов. Анкетата на агенцијата „Алфа Рисрч“ спроведена меѓу 4 и 7 јули покажува дека...

Бугарија полека оди кон нови избори – Трифонов порача дека неговата партија ќе го врати мандатот

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Состојбата по парламентарните избори во Бугарија денеска дополнително се комплицираше, откако стана јасно дека и партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, инаку втора политичка сила според бројот на освоени гласови, ќе го врати мандатот за формирање влада што бугарскиот претседател Румен Радев треба да им го додели оваа седмица. Тој дополнително ги навреди сите партии што досега...

Власта годинава за попис и локални избори, опозицијата за преодна влада и парламентарни избори

Владејачката партија СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ на различни колосеци за главните политички настани што ѝ претстојат на земјава во 2021 година. По само седум месеци од предвремените парламентарни избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повторно побара нови парламентарни избори во земјава, за кои тој смета дека треба да се одржат наесен заедно со редовните локални избори. Како одговор на...

Порталб: Одложена заедничката владина седница меѓу Северна Македонија и Косово

Заедничката седница меѓу владите на Северна Македонија и на Косово, што беше предвидено да биде одржана на 25 јануари е одложена поради прогласувањето на предвремените избори во Косово на 14 февруари. Ова, за Порталб.мк, го потврди портпаролот на Владата на Северна Македонија, Мухамед Хоџа, кој рече дека веднаш по формирањето на владата, ќе продолжи координацијата помеѓу страните за определување...

Опозицијата и власта на различен колосек по бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со различни ставови по бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ. Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во интервју за „Студио 10“ на „24 ТВ“ денеска побара Собранието да усвои Меморандум во однос на идентитетските прашања, а покрај овој чекор, тој побара и формирање на експертска влада и организирање на нови предвремени парламентарни избори...

ДИК ги соопшти конечните официјални резултати од одржаните парламентарни избори

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница денеска ги соопшти конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули. Едногласно од сите членови на ДИК беше усвоен предложениот заклучок за објавување на конечните резултати, откако Управниот суд вчера ги одби сите 185 тужби кои политичките партии ги поднесоа за одржаните избори. По соопштувањето на резултатите,...

МОСТ: Нападот на вебсајтот на ДИК е однапред испланиран обид за нарушување на изборниот процес?

Од граѓанската асоцијација МОСТ која редовно ги набљудува изборните процеси во земјава, посочуваат дека иако изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, хакерскиот напад на веб-страната со изборните резултати може да е однапред испланиран обид за нарушување на довербата во изборниот процес. Оттаму велат дека поради нападот јавноста нема целосен увид во првичните резултати од изборите, а веб-страницата сè уште...

СДСМ: После Илинден следуваат постапки во законските рокови за формирање на нова Влада

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) информира дека претседателот на партијата Зоран Заев ќе користи неколку дена одмор и по националниот празник Илинден, на почетокот од август ќе почне да се разговара околу формирањето на новата влада. „Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може...

ЕУ за изборите: Со нетрпение очекуваме да работиме со силен парламент и стабилна владина коалиција

Ги поздравуваме граѓаните за остварување на своето право на глас во рамките на предвремените парламентарни избори кои се одржаа во Северна Македонија на 15 јули, во контекст на предизвиците поврзани со пандемијата со Ковид-19, се вели во заедничка изјава на високиот претставник потпретседател на Европска унија, Жозеп Борел и комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вареи. „Според првичните наоди...

Во Скопје најголемо намалување на одѕивот, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 1.660 гласа пред Можеме (инфографик)

Мал одѕив на гласачите во главниот град на одржаните парламентарни избори на 15 јули, како и тесна изборна трка меѓу двата главни конкуренти - коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволство од работата на политичките партии или страв од можноста за ширење на ковид-19? Овие прашања се поставуваат по објавувањето на конечните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) за...

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите добро организирани и покрај пандемијата, но правната несигурност останува грижа

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила, велат набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во денешната изјава. „Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување на избори, и ги препознаваме напорите на властите да се...

Спасовски: ДИК е должна да излезе на прес-конференција и да ги соопшти изборните резултати

Грѓаните ги очекуваат изборните резултати и Државната изборна комисија е должна да излезе на прес-конференција и да ги соопшти, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција. „Во периодот што претстои, граѓанската волја мора да биде час поскоро преточена во формирање на нови легитмни институции, пред сè функционално Собрание и нова Влада. Очекувам од ДИК да дадат придонес во тој...

Според „ДУНА“, апликацијата функционирала беспрекорно, сајтот на ДИК бил предмет на напад

Од компанијата „ДУНА“, која што ја изработи апликацијата за следење на гласовите и изборните резултати, тврдат дека нивната апликација функционира најнормално и била подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на Државната изборна комисија (ДИК). - Таа беспрекорно даваше резултати за излезноста на секои пет минути. Но, страницата на...

Мицкоски не признава пораз, победиле во најмногу општини, сака да преговара за формирање влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во првото појавување по објавувањето на резултатите од вчерашните избори не ја честиташе победата на противникот и не го призна изборниот пораз. Наместо ова, тој тврди дека народот се определил за промени и дека расположението на граѓаните во земјава е опозициско, при што опозицијата освоила повеќе гласови од власта. Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ без...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...