fbpx
Таг: предвремени избори

таг: предвремени избори

Утре ќе се распишат предвремени парламентарни избори во Србија

Српската влада денеска му предложи на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, да го распушти парламентот и да распише предвремени парламентарни избори, пишуваат српските медиуми. Се очекува Николиќ утре напладне да го потпише указот за распуштање на парламентот и да ги распише парламентарните избори, две години пред редовниот рок. Изборите треба да се одржат најдоцна 60 дена од денот на распуштање на собранието. Српскиот премиер...

Брисел и Вашингтон уште ја договараат изјавата дали се исполнети условите за избори

Оцената за условите за одржување избори на 24 април најверојатно нема да биде соопштена денеска, дознава „Мета“. Според висок дипломат, конечниот текст на заедничката изјава сè уште се прецизира во Брисел и во Вашингтон. Преговорите на политичките партии на локално ниво продолжуваат. Евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли, по средбата со техничкиот премиер Емил Димитриев на крајот на јануари, соопштија дека...

Почна работниот состанок на ДИК и на техничката влада

Претставниците на ДИК го почнаа состанокот со техничкиот премиер задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев, и со членовите на владата. На состанокот присутни беа и техничките министри за труд и социјална политика и за внатрешни работи, Фросина Ременски и Оливер Спасовски, вицепремиерот на евроинтеграции Фатмир Бесими и министерот за финансии, Зоран Ставрески. На состанокот ќе се разговара за сите...

Коцијанчич за „Мета“: Ја охрабруваме новата влада да спроведе кредибилни избори

Европската комисија повторно ги потсетува политичките партии дека спроведувањето на Договорот од Пржино е од најголема важност за враќањето на Македонија кон евроатлантскиот пат, изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, додавајќи дека работата на специјалниот обвинител е од витално значење за да се врати довербата во владеењето на правото. - Ја имаме предвид оставката на поранешниот премиер...

Вучиќ: Србија оди на предвремени избори

Србија оди на предвремени парламентарни избори, одлучи владејачката Српска напредна партија. Премиерот Александар Вучиќ во обраќањето пред своите сопартијци рече дека потребен е стабилен и цел мандат за да можат да се спроведат реформите и Србија да влезе во Европска унија. „Моја одлука е да одиме на избори. Изборите се само натпревар, ништо друго. Србија треба да каже дали сака или...

Граѓанскиот сектор со писмо до Хан: Да се одложат предвремените избори

Повеќе од 70 граѓански организации, платформи и иницијативи денеска испратија писмо до еврокомесарот Јоханес Хан и до другите меѓународни фактори активни во решавањето на политичката криза, со кое укажаа дека во овој момент не се исполните клучните услови и дека не постои поволна атмосфера за одржување фер слободни и демократски парламентарни избори. - Ние, граѓанските организации, бараме од ЕУ и...

Котевски за изјавата на Заев за можно одложување на изборите: 24 април е круната на Договорот од Пржино

Секој обид да биде загрозена крајната цел на Договорот од Пржино, односно изборите на 24 април, е загрозување на целокупниот договор и на конечниот излез од политичката криза, вели за „Мета“ директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, запрашан за коментар за денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека со еврокомесарот Јоханес Хан ќе се разговара...

Заев: Избори во април, јуни или дури во септември, тоа ќе се договориме со Хан

Лидерот на СДСМ ниту ги потврдува ниту, пак, ги демантира сè погласните шпекулации дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат кон крајот на јуни оваа година. Во изјавата за „Мета“ тој дури на маса става дека „можеби ќе се дојде до заклучок дека септември е идеален датум“, но истакнува дека сè уште нема договор за поместување на изборите и, како што вели,...

Груевски потврди – ќе поднесе оставка пред 15 јануари

Премиерот Груевски денеска соопшти дека ќе поднесе оставка пред 15 јануари за да може да се спроведе Договорот од Пржино. - Во согласност со договореното, на 15 јануари ќе се избира нова влада со претседател на владата за спроведување избори. Претходно, секако, ќе дадам оставка, а за тоа кој ќе биде човекот што ќе биде претседател на владата за спроведување на изборите, ќе се...

СДСМ помина, денеска ЛП, а утре ВМРО-ДПМНЕ меѓу охриѓани

Либералната партија, вечерва во 18 часот ќе има работна средба со членството од општинската организација на партијата во Охрид, а за утре во градот е најавено одржување на трибина на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Пред два дена „Визијата за Македонија“ на најголемата опозициска партија СДСМ веќе беше меѓу граѓаните на Охрид. Политичките партии се растрчани на средби со членството и граѓаните, како...

Анкетите во Грција укажуваат на тесна трка за изборите

Три недели пред предвремените избори во Грција, анкетите на јавното мислење покажуваат дека ќе се води тесна трка и оти победникот нема да има мнозинство во парламентот, кој ќе биде уште повеќе расцепкан отколку во претходниот состав. Шесте анкети, кои беа објавени во саботата и во неделата, покажуваат дека левичарската СИРИЗА води пред конзервативната Нова Демократија. Водството се движи од еден до...

ЕУ: Оставката на Ципрас и предвремените избори нема да влијаат врз финансискиот пакет

Предвремените избори кои ги распиша грчкиот премиер нема да влијаат врз финансискиот пакет за Атина, изјави висок претставник на Европската унија. Одлуката за изборите е објавена само неколку часа по пристигнувањето на првата транша од новата програма за Грција. Томас Вајзер, шеф на Европската работна група, која ги подготвува одлуките за состаноците на министрите за финансии на еврозоната, рече дека одлуката...

Ципрас вечерва поднесува оставка – избори на 20 септември

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва ќе поднесе оставка на функцијата претседател на Владата со што ќе се отвори пат за предвремени избори, кои ќе се одржат на 20 септември, јавуваат странските агенции, повикувајќи се на извори од грчката влада. Ципрас суштински го изгуби мнозинството после побуната на тврдокорните струи во неговата партија СИРИЗА. Дел од пратениците се противат на договорот...

„Ленка“: Можни се предизборни манипулации и од власта и од опозицијата

Движењето за социјална правда „Ленка“ денеска преку соопштение, објавено на нивната интернет-страница, упатува апел и предупредување до јавноста за „можноста од предизборни манипулативни и популистички потфати како на власта, така и на опозицијата“. Според „Ленка“, најголем проблем за најавените предвремени парламентарни избори, закажани за 24 април следната година, е изборниот модел, според кој, државата е поделена на шест изборни единици. „Овој модел...

„Етнос“: Ципрас планира избори на 8 ноември

Политичка трка до 18 август да се постигне договор со европските кредитори, а на 8 ноември да се распишат предвремени избори во Грција. Ова, според грчкиот весник „Етнос“, е амбициозната летна и есенска агенда на премиерот Алексис Ципрас за паралелно да се осигура договор за Грција, да се обезбеди финансиска стабилност за државата и за народот, но и да се...

Јунски договор: Роковите познати, спроведувањето неизвесно

Изминатите средби на лидерите на политичките партии за решавање на политичката криза и документите што произлегоа од нив, како и од средбите со претставниците на меѓународната заедница, донесоа некаков распоред на активности сè до предвремените избори во април 2016 година. Според сето тоа, извесни се следниве датуми и рокови: На 29 јуни Лидерска средба на која партиите ќе се обидат да најдат заедничко...

Камперите поделени и околу предвремените избори

„Ова е првиот пораз на Груевски. Со зурли и со тапани ќе заминеме кога тој ќе си поднесе оставка“, вака камперите пред Владата ја коментираат денешната одлука за предвремени парламентарни избори, која лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ја договорија заедно со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Без еуфорија, но со внимание и од двата кампа ја...

Ако до 10 јуни не се договори преодна влада, нема предвремени избори

Ако до 10 јуни не се договори преодна влада, договорот за избори во април отпаѓа, објави „Нова ТВ“. По долгата и тензична средба помеѓу лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА со еврокомесарот Јоханес Хан, како и со американскиот амбасадор Џес Бејли, кој им се приклучи подоцна, беше најавено дека на средбата паднал договор за предвремени парламентарни избори во...

Никој не признава дека се подготвуваат избори

Иако во моментов и двете најголеми партии ја негираат или отфрлаат идејата дека се подготвуваат за избори, на терен состојбата е сосема поинаква. Оваа шпекулација ја засили СДСМ со последниот настан во „Универзална сала“, кој беше наречен трибина, но кој отскокнуваше од сите нивни претходни јавни настапи. Имено, во дел од говорите, а најмногу во излагањето на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска,...

Грчки анкети: СИРИЗА води пред Нова демократија

Опозициската СИРИЗА води пред Нова демократија во сите нови анкети во грчките медиуми. Како што се заострува трката меѓу владата и опозицијата во пресрет на 17 декември и на првото гласање за претседател во парламентот, грчките медиуми сè повеќе се преплавуваат со нови анкети за рејтинзите на партиите во случај претседателските избори да пропаднат и да бидат распишани предвремени парламентарни...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...