fbpx
Таг: предвремени избори

таг: предвремени избори

Груби – Станила: Следните месеци да се искористат за реформите, а не за нови избори

Следните месеци треба да се искористат за забрзување на реформите, а не да се размислува или да се зборува за предвремени избори затоа што време е за испорака на ветеното и на очекуваното од нашите партнери во Брисел и во Вашингтон, рекол претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Артан Груби, на денешната средба со амбасадорот на Романија во Македонија, Виорел...

Рахој побара суспендирање на каталонската влада и предвремени избори во покраината

Шпанската влада на денешната вонредна седница донела одлука за распуштање на каталонската влада и за одржување на вонредни избори во покраината, соопшти по седницата шпанскиот премиер, Маријано Рахој. Тој изјави дека владата во Мадрид не сакала, но била принудена да го примени членот 155 од уставот на Шпанија, поради однесувањето на каталонските власти со иницијативата за прогласување независност на покраината. Рахој...

Затуроска: Одложувањето на СДСМ да се соочи со народот го зголемува револтот кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката Лилјана Затуроска денеска повторно го повика парламентарното мнозинство веднаш да обезбеди услови за продолжувањето на мандатот на локалната власт и да не ги одлагаат локалните избори. Тоа, според Затуроска, е неопходно за да се излезе во пресрет на интересите на граѓаните и потребите на општините, да продолжат нормално да функционираат како сервис на народот, кој може...

Предвремените избори во Косово на 11 или 18 јуни

Предвремените парламентарни избори во Косово би можеле да се одржат на 11 или 18 јуни, но поголемиот број партии се согласни изборите да бидат на 11 јуни, рече претседателот на Косово, Хашим Тачи, откако денеска имаше одвоени средби со лидерите на политичките партии. Тој разговарал и со претседателката на Централната изборна комисија, Ваљдета Дака. Собранието на Косово вчера изгласа недоверба...

Косовскиот парламент не изгласа доверба на владата, на повидок избори

Владата на Косово денеска „загуби“ на гласањето доверба во парламентот, со што Косово го очекуваат предвремени избори најдоцна за 45 дена. Седницата на косовскиот парламент мина во тензична атмосфера, а Демократската партија гласаше исто како и опозицијата, на иницијативата на Фатмир Лимај, претседател на партијата Иницијатива за Косово. Според проценките, претседателот на Косово треба утре да почне консултации со парламентарните партии...

Села до ВМРО-ДПМНЕ: Ајде првин да гласаме за СЈО, па да одиме на нови избори

По час и половина реплики и контрареплики меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и обвинувања кон СДСМ, со повремени повици за предвремени избори, на  говорницата на денешното 19.  продолжение на конститутивната седница говореше и Зијадин Села од Алијанса на Албанците, кој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тие да гласаат за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство и за специјален суд, а...

Тереза Меј повика на предвремени избори во Британија на 8 јуни

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, денеска изненади со повик за одржување предвремени парламентарни избори на 8 јуни, велејќи дека го сменила ставот да не се одржуваат такви избори за да се обезбеди стабилност во текот на преговорите за Брексит. За да се одржат предвремени избори, во Долниот дом на Парламентот на утрешната седница ќе мора ваквото решение да се...

Нова демократија води пред СИРИЗА во анкетите на јавното мислење

Мнозинството грчки граѓани сметаат дека десничарската партија Нова демократија би победила доколку утре се распишат избори во Грција. Ова го покажува новата анкета на јавното мислење спроведена за грчката телевизија „Екшн 24“ (Action 24). Според резултатите од анкетата, опозициската партија предничи 13,5 отсто пред владејачката СИРИЗА. Подетално, според одговорите на анкетираните за предвидување на победникот на потенцијални избори, Нова демократија...

Герџиков призна дека има тензија меѓу Бугарија и Турција

Има одредена тензија во дипломатските односи меѓу Бугарија и Турција, призна денеска техничкиот премиер на Бугарија, Огњан Герџиков. При посетата на подунавскиот град Русе, премиерот изјави дека Бугарија треба да има добрососедски односи со Турција и дека „вакви обиди за не баш коректно однесување во предизборниот период не се добри“, посочувајќи на изјавите на турскиот премиер за труд и социјална...

Судството, СЈО, НВО, МВР, бизнис-секторот билe мета на власта според Стејт департментот

Неуспехот од воспоставувањее на независен и непристрасен судски систем, мешањето на власта во судството, опструкциите на работата на Специјалното јавно обвинителство, притисокот и заплашувањето на невладиниот сектор, влијанието на владејачката коалиција во приватниот бизнис и загрозувањето на слободата на говорот во медиумите се дел од забелешките нотирани, во добар дел и детално, во најновниот извештај на американскиот Стејт департмент...

Груевски – Шчербак: Ситуацијата е зрела за нови избори, но некои се плашат од нив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, имал средба со амбасадорот на Русија во земјава, Олег Шчербак, на која било разговарано за актуелната политичка состојба во Македонија и во Русија. Средбата, како што соопштуваат од партијата, била на барање на рускиот амбасадор. Во врска со формирањето владина коалиција, Груевски истакнал дека по неуспехот за составување влада и истекот на мандатот од 20...

ВМРО-ДПМНЕ: Фала ѝ на ЕУ за советот, но најдобро решение се избори, а не широка коалиција

Портпаролката Маја Коцијанчич нема одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот, ЕУ го советува претседателот Иванов да определи нов лидер кому ќе го додели мандатот, бидејќи таков дел во Уставот нема, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за „Мета“. Во партиското соопштение се додава дека „Коцијанчич само повтори дека е...

Амбасадата на САД не го коментира повикот од ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за нови избори

Амбасадата на САД денеска соопшти дека нема да ги коментираат повиците на ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за евентуалното одржување на нови избори. - Немаме ништо да додадеме на нашата изјава - велат од Амбасадата на САД во Македонија на прашањето на „Мета“ за реакција на вчерашното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара американската амбасада јасно да каже дали е против...

Мали шанси за нови избори во режија само на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ порача дека „зрело решение“ за надминување на кризата се нови предвремени парламентарни избори, иако, исто како за формирање влада, и за распишување нови избори потребно е мнозинство од 61 пратеник. На прес-конференција Зоран Заев, претседателот на СДСМ, рече дека претседателот Ѓорге Иванов сега треба да му го додели мандатот нему, а ЕУ побара Иванов итно да се консултира со сите...

Димитриев: Новата влада треба да се грижи за интересот на народот и за нивните проблеми

На државен план, годината што изминува ќе остане запаметена по неколку работи од кои треба да извлечеме поуки, истакна во своето новогодишно обраќање техничкиот премиер, Емил Димитриев. Тој во честитката упатена до граѓаните потсети и на предвремените парламентарни избори. - Владата за спроведување на изборите која ја предводев, иако функционираше во специфични и невообичаени околности и се соочуваше со многу проблеми...

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 444.014, а СДСМ 428.683 гласови

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 444.014 гласови, СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија - 428.683, ДУИ - 85.774, Движењето Беса - 57.749, Алијанса за Албанците - 35.103 и ДПА - 30.971 глас, соопшти претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, рано изутрината на прес-конференција, по обработени 99,34 отсто од гласовите. ДИК соопшти дека во текот на денот ќе излезат со...

Судот преплавен со барања за неосудуваност од кандидатите за пратеници

Поради предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември и зголемениот број на барања, Основниот суд Скопје 1, наместо како досега за три дена, ќе издава уверенија од казнената и од кривичната евиденција во рок од пет до седум дена, соопштија денеска од судот. Имено, кандидатите што ќе се најдат на пратеничките листи треба да извадат уверенија за неосудуваност. Крајниот рок за поднесување на...

За шест дена седум предизборни потези – власта забрзано се утврдува за 11 декември

На 31 август лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино го утврдија 11 декември за датум кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори. Веќе следниот ден владејачката партија почна со кадровски рокади во Министерството за внатрешни работи, вработувања во министерството и со серија потези во пресрет на предвремените избори. Дел од експертската јавност и опозициските партии ваквите...

Договор нема, преговорите продолжуваат утре

Без договор заврши маратонската преговарачка сесија на работните групи на политичките партии со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список. Амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време. - Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да...

Часовникот за повлекување на штетните одлуки отчукува, велат аналитичарите

Назначувањето на германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Хајндл, за специјален посредник за решавањето на политичката криза во Македонија е уште еден показател за сериозноста на ситуацијата, сметаат македонски политички аналитичари. Според програмскиот координатор за демократија и владеење на правото при Институт за европска политика (ЕПИ) – Скопје, Александар Јованоски, интересно е што Германија, која е предводник на Европската народна партија...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...