сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: предмети | 55 резултати

Предметите за изборните нерегуларности, први на списокот на тимот на Јанева

декември 4, 2015

Првите предмети за кои Специјалното јавно обвинителство утврди дека се под негова надлежност и за кои ќе биде почната предистражна постапка се тие за изборните нерегуларности, соопшти на прес-конференција портпаролката на Катица Јанева, обвинителката Ленче Ристовска. Како што соопшти Ристовска, изминатиот период покрај разгледувањето биле правени и анализи на статистичките податоци за предметите од Јавното […]

Јанева попладнево ќе каже дали се соочува со нови сопки во работата?

декември 4, 2015

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, за денеска доцна попладне, во 17.30 часот, закажа прес-конференција. Освен времето на одржување на конференцијата, засега нема официјални информации за поводот и за темата. Сепак, според последните актуелности поврзани со обвинителството, извесно е дека причина е Законот за јавнообвинителска служба, кој специјалното обвинителство инсистира да биде донесен од Влдата и од […]

ЛДП: Пред Јанева да почне истрага, Талески да си поднесе оставка

ноември 27, 2015

Пред да почне истрагата на специјалното јавно обвинителство, во општина Битола опозициската ЛДП бара градoнaчалникот Владимир Талески да си поднесе оставка. Повикувајќи се на веста дека специјалната обвинителка Катица Јанева ќе почне со работа на првите пет предмети поврзани со „бомбите“, либерал-демократите од Битола сметаат дека останувањето на градоначалникот на чело на локалната самоуправа е неприфатливо. […]

Јанева прво се фати за изборните манипулации и за корупцијата

ноември 26, 2015

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти кои предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување први ги побарала од обвинителствата што досега постапуваа по нив. Извештајот на специјалното обвинителство за медиумите за побараните предмети, иако е напишан со стручна терминологија и со осомничени, на кои им се наведени само иницијали, сепак, според кривичните дела за кои […]

ВМРО-ДПМНЕ не коментира, на СДСМ им е драго што Јанева почнала со работа

ноември 26, 2015

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, вели дека им е драго што и покрај сите опструкции, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, почнала да работи. – Сите бевме свесни за опструкциите што ѝ се правеа на специјалната јавна обвинителка, само за да се одложи почетокот на работата. Драго ни е што таа смогна сили и што и […]

Јанева почна да работи: Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески и „Пуч“ први на тапет

ноември 26, 2015

Предметите против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, премиерот Никола Груевски, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и случајот „Пуч“ се првите кои специјалната обвинителка, Катица Јанева, ги побарала од Јавното обвинителство и за кои ќе почне истрага. Ова го соопштија […]

Oпозицијата ги бара имињата на битолчаните што се под истрага за „бомбите“

ноември 20, 2015

Битолските либерал-демократи бараат детални информации од Обвинителството во Скопје, со име и со презиме, за функционерите од Битола за кои се води истрага по објавените „бомби“ на опозицијата. Опозиционерите велат дека иако може да се нагаѓа, сепак во интерес на јавноста е Јавното обвинителство да прецизира кои се луѓето со иницијали В.Т. и С.Б. од […]

Обвинителството ѝ ги испрати на Јанева статистичките податоци за „бомбите“

ноември 19, 2015

Јавното обвинителство попладнево соопшти дека до специјалната обвинителка, Катица Јанева, го доставило деталниот статистички преглед, како и податоците од отворените предмети за случаите што произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори, а кои Јанева ги побара минатата недела. Во соопштението на Обвинителството детално се наведени бројот на предметите, лицата против кои е покрената постапка, видот на кривичните […]

Јанева барала од Обвинителство да ѝ достави податоци за отворените предмети

ноември 12, 2015

Катица Јанева барала Јавното обвинителство да ѝ достави статистички податоци за тоа колку предмети се отворени, а произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. „Во Јавното обвинителство на Република Македонија вчера во попладневните часови, пристигнa барање од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење […]

Врховниот суд ја оцени скопска единица со „релативно ефикасен“

јули 28, 2015

Од вкупно 119.566 предмети, колку што имал за работа скопскиот Кривичен суд во текот на минатата 2014 година, судиите успеале да решат повеќе од половина, односно 75.906 случаи, додека 43.660 предмети останале нерешени, покажува извештајот за оцена и за заклучоци на работата на судовите во Македонија, изработен од Врховниот суд. Како што соопштуваат од Основниот […]

Петмина осомничени за злоупотреба на културното наследство

декември 25, 2014

Битолската полиција, во два одвоени случаи, до обивнителството поднела кривични пријави против петмина жители на Битола и на Битолско, осомничени за присвојување, оштетување или за уништување и за изнесување во странство на добра кои се дел од културното наслество или природни реткости, соопшти МВР. Според полицијата, во првиот случај кривични пријави се поднесени против битолчанецот […]

Страна 3 од 3