понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: предлог | 77 резултати

Измените на законот за кривична постапка пред пратениците

март 29, 2016

Измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка денеска ќе се најдат пред пратениците во Собранието. Во измените, пратениците Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и Муса Ибраими од ДУИ по иницијатива на шест адвокати бараат да се смени рокот предвиден во законот во кој одбраната треба да прибере докази кои се во нејзин прилог. Рокот предвиден […]

Медиумските организации го поднесоа предлогот на Ванхауте во Собрание

март 28, 2016

Петте новинарски и медиумски организации, ЗНМ, ССНМ, СЕМ, МИМ и ИКC денеска во Собранието го доставија предлогот на европскиот медијатор Питер Ванхауте за итна измена и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. -Иницијативата ја поднесуваме до сите пратеници на Собранието со цел да продолжи дебатата за медиумските реформи откако пропаднаа разговорите […]

Трајанов бара закон за одговорност на уставните судии кои го кршат Уставот

март 17, 2016

Отворање постапка за донесување закон за Уставниот суд, во кој ќе се дефинира одговорност на судиите заради прекршување на Уставот, а на сегашните судии да им престане мандатот, бара партијата Демократски сојуз на пратеникот во Собранието, Павле Трајанов. Од партијата преку соопштение велат дека со одлуката на Уставиот суд за укинување на одредби од Законот за […]

ЗНМ и ССНМ инсистираат политичките партии да го прифатат предлогот на Ванхауте

февруари 2, 2016

Утре политичките партии продолжуваат со преговори за реформите во медиумите, па затоа ги повикуваме ЕУ и САД да инсистираат кај преговарачите да го прифатат предлогот на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани. Според него, овој предлог е најдобро решение затоа што во него се имплементирани најдобрите […]

Трајанов бара да се укине плаќањето на радиодифузна такса

декември 1, 2015

Демократскиот сојуз смета дека во рамки на разговорите за реформа на медиумската сфера, неопходно е да се разработи концепт за целосна трансформација на Македонската радио-телевизија, користејќи ги светските искуства, при што државните радио и телевизија да прераснат во модерни информативни медиуми и да се обезбеди стабилно финансирање, главно преку буџетот. – Во услови на голем број медиуми […]

Возењето со вклучени светла и дење – останува

септември 28, 2015

Обврската на возачите и преку ден да ги управуваат своите возила со вклучени светла ќе остане да важи и со новиот Закон за безбедност во патниот сообраќај, кој е во собраниска процедура, откако беше прифатен амандманот на пратениците Нола Исмајлоска-Старова, Силвана Бонева, Андон Чибишев и Марија Ангелова, со кој се предлага да остане досегашното решение, […]

Јанева сама се предложила „кај адекватните луѓе“ за специјална јавна обвинителка

септември 21, 2015

Катица Јанева во интервјуто за телевизија „24 Вести“ рече дека таа сама се предложила да биде специјална јавна обвинителка и дека конкурирала и контактирала со „адекватните луѓе“. Јанева верува дека таа и тимот ќе имаат доволно капцитет да се справат со предметите што ќе бидат под нејзина надлежност. – Со изборот бев и јас изненадена. Лично, […]

Трајанов бара собраниска расправа за Извештајот за посебни истражни мерки

септември 11, 2015

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, доставил предлог Извештајот за посебни истражни мерки за 2014 година на Јавното обвинителство да биде разгледан на наредната седница на Собранието. „Трајанов смета дека се работи за извештај за кој има огромен интерес кај граѓаните, особено од аспект на примената на […]

Грчката влада демантира дека ги прифатила сите услови

јули 1, 2015

Грчката влада демантира дека ги прифатила условите на кредиторите и тврди дека се работи за нејзин нов предлог испратен до европските институции и до ММФ, заедно со писмо од премиерот Алексис Ципрас. Според информации од грчката влада, писмото што го испратила Грција е нов предлог со серија измени на договорот и на реформите што ги предлагаа европските […]

ЕК интегрално го објави последниот предлог за помош на Грција

јуни 28, 2015

Во интерес на транспарентноста и поради информираност на грчкиот народ, Европската комисија го објавува последниот предлог усогласен помеѓу трите институции (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), кој го зема предвид и предлозите на грчките власти од 8, 12, 22 и од 25 јуни, како и разговорите на политичко и на техничко ниво […]

Историски чекор: Македонија и Грција ги разменија предлог-мерките за градење доверба

април 16, 2015

Грција и Македонија размениле предлог-мерки за градење доверба и во моментов тие се разгледуваат во Скопје и во Атина, потврдија за „Мета“ од македонското Министерството за надворешни работи. Иако сè уште не откриваат детали, од нашето МНР велат дека „откако двете страни ќе ги разгледаат предлог-мерките, ќе се изјаснат околу нивната содржина“. – Да, потврдуваме […]

Штипскиот универзитет ги поддржа измените на Законот за високо образование

јануари 8, 2015

Oткако Министерството за образование и наука го прифати предлогот, Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ги поддржа измените на Законот за високо образование. Според предлогот од овој универзитет, студентите ќе може да полагаат една половина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не првиот дел од државниот испит на крајот од […]

За МОН е прифатлив предлогот од ФИНКИ

јануари 3, 2015

Предлогот на деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ, Димитар Трајанов, за работење на високообразовните установи во земјата според студиски програми кои делумно (60-70 отсто) би биле компатибилни со програмите на најдобрите европски и светски универзитети, изгледа прифатливо и ќе биде предмет на дополнителна анализа, велат од Министерството за образование и наука. […]

Страна 4 од 4