среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: предлог | 78 резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Заев предлага заменик-министерка со романтичарски идеи за големи држави

јуни 15, 2017

Предлогот на Зоран Заев, госпоѓата Арта Точи да биде избрана за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, е скандалозен и ризичен за државата, оти предложената е лице кое тешко се помирува со реалноста и со постоењето на граници на Балканот, односно лице кое има романтичарски идеи и мечтае за големи држави, порача на прес-конференција денеска Владимир […]

Советот за јавни обвинители го прифати предлогот за разрешување на Зврлевски

јуни 13, 2017

Советот на јавни обвинители на денешна седница со мнозинство гласови го прифати предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. – На денешната седница членовите на Советот со мнозинство гласови позитивно се изјаснија по предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Македонија. Ние уште денеска ќе го доставиме мислењето до […]

Почна седницата на Советот на јавни обвинители за разрешување на Зврлевски

јуни 13, 2017

Почна седницата на Советот на јавни обвинители на која се расправа по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Според Законот за јавни обвинители, Советот треба да даде мислење – позитивно или негативно, за разрешувањето на Зврлевски. Зврлевски, кој е член на Советот по службена должност, според законот, нема право и не […]

Аневски го добил предлогот за разрешување на Зврлевски и ќе закаже седница

јуни 8, 2017

Советот на јавни обвинители денеска го добоил предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, потврди за „Мета“ претседателот на Советот, Петар Аневски. Предлогот во Советот на јавни обвинители пристигнал денеска во 11.30 часот, а како што ни изјави Аневски, Советот дополнително ќе утврди термин кога ќе се одржи седницата на која […]

Колку може Зврлевски да остане на функцијата – роковите велат уште најмногу 30 дена

јуни 7, 2017

Новата Влада на вчерашната седница поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, која, според законските решенија, може да трае неколку дена, но и подолго од еден месец. Владата, како што беше соопштено вчера, бара разрешување на Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата. Сепак, пред предлогот да се најде пред пратениците […]

Заев ја објави владата, смета дека таа има капацитет за реформи и за цел мандат

мај 28, 2017

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев вечерва по седницата на Централниот одбор на партијата го соопшти новиот владин кабинет во кој ќе има 15 министри со ресори и неколку министри без ресори. Заев информираше дека Радмила Шекеринска ќе биде министер за одбрана, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, […]

Џафери: Следната недела ќе има нова влада

мај 28, 2017

Следната недела Македонија ќе има нова влада. Во кабинетот ќе учествуваат претставници на СДСМ на Зоран Заев и партии од албанското малцинство, како дел од парламентарното мнозинство, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во изјава за новинската агенција „Франс прес“. -Очекувам за ден – два да ја добијам програмата на овој кабинет и потоа да […]

ДС предлага деблокирање на Собранието во три седници

март 31, 2017

Демократскиот сојуз (ДС) предлага да се одржат три седници на Собранието на Република Македонија, со кои ќе се деблокира работата на законодавниот дом и ќе се изберат нов спикер и нова влада. Според предлогот на партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов, прво 20 пратеници треба да поднесат барање за одржување вонредна седница на Собранието со единствена точка […]

Заев: Од ДУИ добивме документ со решенија за Законот за јазици, работна група го разгледува

февруари 17, 2017

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот. – За нас е прифатливо се што е […]

Пахор со предлог да организира средба меѓу Трамп и Путин во Љубљана

февруари 11, 2017

Словенечкиот претседател Борут Пахор кој е во работна посета на Москва, посветена на зајакнување на економската соработка, предложил да организира средба меѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трап и Владимир Путин во Љубљана, пренесува „ХРТ“. Путин рекол дека нема ништо против предлогот, но дека реализацијата на една таква средба зависи од повеќе работи. […]

Србија основаше Фонд за Западен Балкан

октомври 21, 2016

Одборот за надворешни работи на српското собрание го прифати предлогот на владата за формирање фонд за Западен Балкан, а дел од опозицијата предупреди дека тоа е еден чекор поблиску кон признавање на независноста на Косово. Целта на основањето на овој фонд е зајакнување на врските и поттикнување на евроинтеграциите на Албанија, БИХ, Црна Гора, Косово, […]

Судот тактизира со распитот на осомничените во „Тендери“

октомври 21, 2016

Неизвесно останува дали денеска ќе се одржи распитот на двајца од осомничените во случајот „Тендери“, за кои Специјалното јавно обвинителство уште вчера побарало од Кривичниот суд да им бидат одземени пасошите и секој ден да се јавуваат пред службено лице во судот. Според неофицијални информаци, судијата на претходна постапка кај кој е распределен предметот сè […]

Судот го добил барањето на СЈО за „Тендери“, неизвесно е дали денеска ќе има распит

октомври 21, 2016

Кривичниот суд во Скопје го добил предлогот со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бара на двајца осомничени во случајот „Тендери“ да им бидат одземени пасошите и секој вторник да се јавуваат во судот, информираат од оттаму за „Мета“. Барањето на СЈО веќе било распределено кај судија на претходна постапка, кој, како што велат од судот, […]

Собранието ја продолжи кризната состојба до јуни 2017 година

октомври 13, 2016

Собранието денеска го усвои предлогот на Владата и ја продолжи кризната состојба на јужната и на северната граница, поради мигрантската криза, до 30 јуни 2017 години. Владата, како што беше наведено во предлогот за продолжување на кризната состојба, на 5 октомври го усвоила записникот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување […]

Кривичниот суд не ги замрзнал сметките на „Финзи“ зашто СЈО не ги доставило

октомври 6, 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во барањето до Кривичниот суд за замрзнување на сметките на фирмата „Финзи“, опфатена во случајот „Трезор“, не ги навело сметките и банките на фирмата и се повикало на погрешен член од Законот за кривична постапка (ЗКП), соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Поради ова, судијата на претходна постапка сè уште не […]

Психијатриско лекување на осомничениот за убиството на полицаецот, побара ОЈО Куманово

септември 13, 2016

Кумановското Основно јавно обвинителство побарало на осомничениот за убиството на полицаецот, кое се случи во јули оваа година, судот да му одреди задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. „Основното јавно обвинителство Куманово го доби вештачењето за состојбата во која се наоѓал и се наоѓа осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што по наредба […]

ДИК нема пари за нови тендери, Владата ветува дека до изборите ќе ѝ даде

септември 12, 2016

Со вториот предлог-ребаланс на буџетот, за кој се одвива комисиска расправа во Собранието, буџетот на Државна изборна комисија останува близу 104 милиони денари (1,6 милиони евра), колку што беше предвидено со првиот ребаланс на буџетот во јуни годинава. Тогаш на ДИК ѝ беа скратени околу 400 милиони денари од предвидениот буџет за 2016 година  од 531.375.000 денари. Тогаш Министерството […]

Прва одлука на ад хок телото за медиуми: Казна за МРТ поради емитување владини реклами

септември 10, 2016

Ад кох телото за следење на медиумите во предизборниот период ја донесе својата прва одлука, односно поднесе предлог за изрекување прекршочна казна за Првиот програмски сервис на Македонската радиотелевизија (МРТ 1), поради емитување владини реклами. „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање […]

ВМРО-НП предлага преку амандмани СЈО да стане дел од Уставот

јуни 28, 2016

ВМРО – Народна партија предлага Собранието да донесе амандмани што ќе станат дел од Уставот, а со кои ќе се потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат од партијата на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Оттаму бараат сите политички партии во Собранието едногласно да ја поддржат оваа иницијатива, како во случајот […]

Владата усвои предлог-ребаланс на буџетот

јуни 24, 2016

Владата вечерва на седница го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година, кој веднаш ќе биде доставен до Собранието. Министерот за финансии, Кирил Миноски, вечерва на прес-конференција образложи дека ребалансот се должи на промена на проекцијата за пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 4 проценти на 2,3 проценти. Со ребалансот, приходите се намалуваат за 2 проценти […]

Страна 3 од 4