fbpx
Таг: празници

таг: празници

И Индонезија ги зголемува безбедносните мерки за време на празниците

Индонезиската полиција соопшти дека ги зајакнала безбедносните мерки во земјата за време на претстојните празници. Соопштението доаѓа еден ден откако припадници на индонезиските антитерористички единици убија тројца осомничени екстремисти за време на рација во една куќа во близина на главниот град Џакарта. Шефот на полицијата, Тито Карнавијан, рече дека безбедноста ќе биде зголемена во црквите и на местата каде што ќе...

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците, 23 октомври (недела), Денот на Македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

1 и 2 мај се неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 1 мај (недела), Денот на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија и 2 мај 2016 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден...

Пораки за мир, благосостојба и за единство во божиќните честитки до граѓаните

Светата црква, посебно на овој ден, нè повикува да покажеме добра волја и да го градиме и да го чуваме мирот со сите народи. Исполнети со божиќната радост, да учествуваме во јакнењето и на духовното и на националното единство меѓу нашиот народ, без разлика каде живееме – во татковината или раселени по светот, стои во божиќната порака на г.г....

Среќна Нова 2016 година!

Тимот на новинската агенција „Мета“, ви ја честита Новата 2016 година и ви посакува здравје, среќа и успех во работата. И во 2016 година остануваме со вас и продолжуваме да работиме за вас и за ваше навремено, точно и објективно информирање. Среќна Нова 2016 година!

„Скопје сити мол“ дневно има 30.000 посетители

Трговскиот центар „Скопје сити мол“, во деновите пред Нова година, дневно го посетувале 30.000 посетители, информираат оттаму. Низ продавниците и ходниците се забележува метеж, а долго се чека и за влез на паркиралиштето на трговскиот. Како причини за зголемената посетеност се попустите, традиционалното купување новогодишни подароци, но и настаните за анимација на најмладите.

Охрид за новогодишните празници: Повеќе услуга за лански цени

Повеќе услуга за лански цени, е мотото под кое охридските хотелиери и кафеанџии ги привлекуваат гостите од земјата и од странство за новогодишните празници. Хотелите нудат разновидна музичка и забавна програма, освен стандардното сместување и празнично мени. „Милениум палас“ нуди предновогодишно мени по рекламни цени од 400 до 600 денари. Слично е и во другите објекти. Поголем дел од хотелите во Охрид излегоа...

Охрид распродаден за новогодишните празници

Македонскиот туристички центар Охрид ќе биде целосно исполнет со гости, новогодишни славеници од земјата и од странство. По традиција, најбројни се гостите од Бугарија и од Србија, но резервирале и гости од Албанија, Грција, Словенија, Полска и од други земји. Од најголемите сместувачки капацитети, хотелите „Метропол“ и „Белви“, велат дека најголемиот дел од резервациите ги направиле бугарските туристички оператори. Од хотел „Силекс“...

Охрид: „Кој фрла ѓубре е магаре“

Првомајските празници ја оставија вообичаената слика на охридското крајбрежје: свежи отпадоци, пластични шишиња, кеси, стари душеци, тоалет-хартија, храна... Годинава сезоната со убавото време за Велигден и за 1 Мај како да почна парано, плажите се полни со гости и со охриѓани кои се релаксираат на благото сонце. Факт е дека на плажите нема написи „Забрането фрлање отпадоци“, но зарем стигнавме до...

Груевски: Велигден е празник кој во себе носи порака на љубов и на заемно почитување

Дозволете ми со голема радост во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од Македонија и од дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник - Велигден, искрено посакувајќи Ви среќни и благословени празнични денови, пишува во честитката што премиерот Никола Груевски ја упати до сите...

ВМРО-НП: Вистинските верници се збунети од напливот на античко-пагански прослави

ВМРО-Народна партија реагира на различните антиканонски начини на прославувањето на Бадник и на еден од најголемите христијански празници, Рождеството Христово - Божик. Вистинските верници, години наназад се збунети од напливот на античко-пагански прослави кои немаат никаква допирна точка со канонските одредби од Светиот архиерејски синод на МПЦ-АО, се вели во реакцијата на партијата. „Вековното традиционално чествување на овој свет ден,...

Спојувањето празници е македонски изум

Скопје изгледа празно иако петок е работен ден. Пред Нова година од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека празниците, како што се четврток (1 јануари ) и вторник и среда (6 и 7  јануари), Бадник и Божик, не треба да се спојуваат со петок (2 јануари) и со понеделник (5 јануари). Сепак, се чини дека вработените, најчесто тие од државната администрација, ги...

Вторник – неработен за православните, среда – за сите граѓани

Во согласност со Законот за празниците на РМ, следниот вторник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Среда (Божик), пак, е неработен за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ конечно почна да ги прославува хероите и празниците од нашето минато

Го поздравуваме фактот што СДСМ конечно почна да ги прославува хероите и празниците од нашето револуционерно минато. Се надеваме дека пожртвуваноста и влогот на револуционерите ќе биде поука СДСМ да престане да биде деструктивен и да почне да работи во полза на интересите на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателката на Градската организација на СДСМ, Софија Куновска. - Очекуваме...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...