fbpx
Таг: празник

таг: празник

Велигденски честитки и желби од Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, во која, од името на македонското национално малцинство во Албанија, им го честита големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден на сите православни верници во Македонија. - Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а...

„Солидарност“: Власта ги сведува жените на домаќинки и на родилки

Без целосна родова еднаквост, нема ни демократија ни социјална правда, е пораката што ја испраќа Левичарското движење „Солидарност“ по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. – Нашето општество е сè уште заложник на традиционалните и патријархални механизми на мислење и на живеење. Тие играат клучна улога во креирање на политиките, носењето на законите и во институционалната практика, притоа генерирајќи постојана општествена...

Православните верници се фрлаа по крстот во осветените води

Денеска низ Македонија православните верници го прославуваат празникот Богојавление-Водици. По одржувањето литургии во соборните храмови, верниците се упатуваа кон местата каде светиот крст се положуваше во водите, кои претходно беа осветени од црковни претставници. Верниците по осветувањето полнеа од осветената вода, за која се верува дека е лековита. На централната свеченост во Скопје, светиот крст од реката Вардар го извади Душан...

Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопје

Дваесет и двегодишниот Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопе, кој од мостот кај „Холидеј ин“ го фрли поглаварот на Македонската православа црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан. - Нека е за многу години. Господ на сите да дава среќа, здравје, љубов и вера – рече Чимев, кој од Македонската православна црква доби Свето писмо, златно крвче и икона...

Охрид: Дебрчани „им го зедоа” крстот на варошани

Цветан Мицкоски од населбата Далјан, по потекло од селото Белчишта, Дебрца, беше најсреќен, но и најупорен меѓу капачите во Охридско Езеро и прв стигна и го фати светиот крст во студената вода на езерото. - Веќе две децении скокав по светиот крст во Охрид за Водици. Многу сум среќен што годинава го фатив крстот и што конечно желбата ми се исполни. За многу години...

Православните верници го слават Богојавление – Водици

Православните верници во Македонија денес го слават празникот Богојавление-Водици кој е поврзан со крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Во Скопје околу 120 граѓани денеска ќе се обидат да го фатат крстот што напладне ќе го фрли архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан во реката Вардар. Премиерот Никола Груевски на фрлањето на светиот крст ќе присуствува во Велес, а претседателот...

За Водици најмасовно во Охрид

Денеска е Богојавление - Водици, еден од најголемите христијански празници во православната вероисповед. Според православниот календар и според верувањето, на овој ден спасителот Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан од светецот Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Симболично, на сите места во Македонија се фрла крстот и се осветуваат водите. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на...

Претседателот Иванов упати честитка за празникот Богојавление-Водици

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охрдиска архиепископија, г.г. Стефан, и до сите православни верници, по повод христијанскиот празник Богојавление-Водици. - Водици е празник кој го истакнува значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанството. Одбележувајќи го денот кога свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката...

Иванов и Вељаноски го честитаа Денот на наставата на турски јазик

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, им го честиташе Денот на наставата на турски јазик - 21 декември на сите припадниците на турската заедница во Македонија. „Јазикот ја претставува душата на една нација. Во него е содржан кодот на идентитетот на еден народ. Можностa за образување, творење и за напредување на својот мајчин јазик е вредност која придонесува за развојот...

Свечености по повод патрониот празник на Штип

Продолжува четиридневната празнична програма по повод Свети Никола, празникот на патронот на градот Штип. За денеска напладне е закажана промоцијата на книгата „Македонија – во светот, светот – во Македонија“ од професoрот во пензија, Блаже Китанов. Промотори на книгата се историчарот Тодор Чепреганов и Стефан М. Влахов. Вечерва, пак, ќе се одржи концерт на градскиот хор Штип: „Во сеќавање...

Зоран Заев го честиташе празникот Свети Климент Охридски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод празникот Свети Климент Охридски, упати честитика до сите граѓани од православна вероисповед. „Чествувањето и почитувањето на делото на големиот светител Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и на описменување, е од огромно значење за зачувувањето и за унапредувањето на македонската култура и на цивилизациските вредности со универзално значење. Просветното и...

Македонија го слави празникот Свети Климент Охридски

Денеска во Македонија се одбележува празникот Свети Климент со божествена литургија и со врачување на државанта награда „Св. Климент Охридски“. Утрово архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан, во Соборниот храм служеше утринска божествена литургија. Вчеравечер во Македонската академија на науки и на уметности се одржа свечена академија за делото на првиот словенски епископ, писател, просветител и творец на Охридската...

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...