fbpx
Таг: празник

таг: празник

Спомен-плоча во чест на научникот Михајло Пупин во Охрид

На камбанаријата покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот, Св. Климент Охридски - Чудотворец, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на донаторот на црковното ѕвоно, научникот со светска слава од почетокот на минатиот век - Михајло Пупин. Плочата е донација на невладиното здружение „Лајонс клуб Лихнидос“ од...

Охрид и МПЦ го чествуваат Свети Климент Охридски

Вечерва од 19.30 часот, со свечена академија што ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид ќе го одбележи празникот на својот заштитник - патронот свети Климент Охридски. Беседа ќе одржи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, а ќе бидат доделени наградата и повелбата „Св. Климент Охридски - Патрон на Охрид“. Добитник на највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“, оваа...

МТСП: 8 декември е неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 8 декември (четврток), кога се празнува денот на свети Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните кои го чествуваат и го слават патронот св. Климент Охридски.

Иванов: Во името на хероите на минатото и на иднината, да се помириме и да се сплотиме

Славејќи го денот на шестемина основоположници на идејата за слободна, суверена и демократска Македонија, ние се потсетуваме на суштината на овој светол празник, a тоа е дека само кога сме сплотени – победуваме, а кога сме поделени – назадуваме, се вели во честитката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод денешниот празник 23 Октомври - Денот на македонската...

Maкедонија го празнува 11 Октомври – Денот на антифашистичкото востание

Македонија денеска одбележува 75 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Востанието почна на 11 октомври 1941 година со нападот на Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок, а следниот ден, на 12 октомври, оружјето го кренаа и партизаните од Кумановскиот одред. Со тоа Македонија се приклучи на антифашистичката коалиција, а по четиригодишната Светска војна, со одлуките на Првото...

Муслиманите денеска го прославуваат празникот Курбан-бајрам

Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан-бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз, почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Курбан-бајрам се одбележува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам, а го означува денот кога е комплетиран светиот Куран. Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис ул...

Албански демонстранти спречија Срби да стигнат до црква во Косово

Албански демонстранти го блокираа патот кон остатоците од манастирот посветен на успението на Пресвета Богородица, а за каде беше најавена богослужба за христијанското население во тој дел од Косово. Полицијата се судри со група од неколку стотини Албанци, кои го блокираа патот по кој 150 раселени Срби се упатија на литургија до местото Мушутиште кај Сува Река. Повредени беа неколку лица,...

Православните христијани го прославуваат Успението на Пресвета Богородица

Православните верници со богослужбa и со верски обичаи денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица. Целодневните литургии и причестувањето на верниците го најавуваат крајот на двонеделниот пост. Успение на Пресвета Богородица е посветен на Марија, мајката на спасителот Исус Христос и сопруга на таткото на Исус, Јосиф. Таа живеела во Назарет, а...

Граѓаните и политичарите на одмор, „борбата“ продолжува по 15 август

Гласањето за ребалансот на буџетот во петокот (29 јули 2016 г.) беше последниот парламентарен настан пред почетокот на летните одмори за политичарите, кој вообичаено трае две недели. Еден ден порано беа изгласани и и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, Изборниот законик и на Законот за Влада, договорени меѓу претставниците...

Иванов помилува 43 осуденици по повод празникот Илинден

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник 2 Август, помилува 43 лица. Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“. Со одлуката, 43 помилувани лица, сите македонски државјани, делумно се ослободуваат од издржување на затворската казна. Скратувањето на казните на помилуваните лица се движи од три до осум месеци. Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на...

Денеска се слави Рамазан-бајрам

Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан-бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан-бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста. Празникот Рамазан-бајрам е неработен за...

Рамазан-бајрам, 5 јули, е неработен ден за сите граѓани

Празникот Рамазан-бајрам, 5 јули 2016 година (вторник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните од исламска вероисповед им го честитаат празникот Рамазан-бајрам.

Македонија го празнува Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Македонија денеска го одбележува Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. По тој повод, делегации на Владата и на Собранието ќе положат цвеќе пред споменикот на словенските просветители кај Камениот мост во Скопје. Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во чест на просветителите ќе се одржи свечен собир кој го организира заедно со Бугарската академија на науките...

Груевски: Да се натпреваруваме кој може повеќе и кој може подобро за државата и за народот

Велигден е поткрепа и на македонскиот народ и на сите верници во нашата земја, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод Велигден. „Да се помолиме на нашиот милостив Бог и да му се заблагодариме за неговата закрила кон нас, луѓето. Исус го презеде гревот човечки и за навек го задолжи човештвото да размислува и да го...

Охрид се наполни со туристи

Во Охрид и покрај нестабилното, променливо и врнежливо време, допатуваа голем број гости кои овде ќе го минат продолжениот велигденско-првомајски викенд. Хотелиерите се пофалија дека распродале повеќе од 90 проценти од своите капацитети. Приватните издавачи на станови нудат сместување по цени од 400 денари за кревет, до 50 евра за дневен закуп на апартман со повеќе легла. Најголемиот број од гостите се од земјата,...

Капацитетите во Охрид и во Струга, распродадени за продолжениот велигденско-првомајски викенд

Капацитетите на двата крајезерски туристички центри, Охрид и Струга, речиси целосно се распродадени за продолжениот велигденско-првомајски викенд. Резервациите се направени од голем број туристи како од земјата, така и од странство. Резервирани се повеќе од 90 проценти од хотелските капацитетите. Приватните издавачи на станови нудат сместување по цени од 400 денари за кревет до 50 евра за дневен закуп на апартман со повеќе...

Петок, 29 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 29 април 2016 година, Велики петок, ќе биде неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. „Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед што го чествуваат, им го честита празникот Велики петок“, пишува во соопштението на Министерството.

Павлопулос со остри критики до македонската влада за обид за фалсификување на историјата

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос повторно упати остра порака до македонската влада дека со обидите за фалсификување на историјата и дека со односот кон бегалската криза, нашата држава нема да има европска иднина. Во пораката за утрешниот национален празник, грчкиот ден на независноста, Павлопулос се фокусираше на бегалската криза, говореше за грчката солидарност, апелираше до Европа да се сети на нејзините...

Денеска се одбележува Денот на рибарите

Денеска напладне во Охрид, во месноста Сараиште на Охридско Езеро, ќе се одбележи Денот на рибарите. Денот на рибарите традиционално се организира по повод празникот Свети Јован Крстител, а покрај другото, претставува ритуално капење во ладните езерски води - за здравје, среќа и за бериќет. За присутните ќе се служи и вино и топла ракија, додека за традиционалната „повеќетонска“ рибна чорба се задолжени...

Скопје со посебен сообраќаен режим за Водици

Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици, утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление -Водици со традиционалниот црковен чин, положување на светиот крст во водите на реката Вардар, на 19 јануари 2016 година, во периодот од 11 часот сè до...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...