fbpx
Таг: пратеници

таг: пратеници

Коалицијата е стабилна велат од СДСМ, откако пратениците на ЛДП најавија дека самостојно ќе делуваат во Собранието

Мнозинството во Собранието и коалиција во Владата се стабилни, посветени на реализација на утврдените цели и програми, во интерес на граѓаните, информираат од СДСМ, откако ЛДП донеле одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски. „Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем...

Матурантите викендов ќе одлучат која од понудените две опции за државна матура ќе ја прифатат

На државната матура, матурантите да полагаат два екстерни испита, додека за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години или пак, да се полагаат четири предмети по скратени програми. Ова се опциите што ги понуди Собранискиот клуб за младински прашања и политики на денешната дебата за државната матура со претставници на Сојузот на средношколците. Сојузот викендов ќе одлучи...

Антикорупциската комисија отвори постапка против тројца пратеници и министер

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница донесе одлука за отворање на постапка против тројца опозициски пратеници и еден актуелен министер поради сомнение дека, откако биле назначени на функциите, управувањето со нивните фирми го префрлиле на свои сопружници и роднини, што е спротивно на Законот за корупција. Антикорупциската комисија ќе утврдува дали тие го прекршиле Законот за...

Новиот состав на Собранието со пониско ниво на квалитет на дебата отколку претходните

Квалитетот на дебатата во Собранието, од стапувањето на функција на пратениците на најновиот парламентарен состав на 4 август минатата година сè до крајот на 2020 година е на најниско ниво во последните седум години, се вели во извештајот за овој период подготвен од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје. Аналитичарите притоа се фокусирале на дискусиите кои се однесуваат на...

Бојкотот на наставата на дел од средношколците прекинува од утре

Сојузот на средношколци одлучи уште денеска ја да бојкотира наставата, а од 6 до 12 февруари привремено да прекине со бојкотот. „Ни требаат квалитетна настава и изменета државна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања“, велат од Сојузот на средношколци. Оттаму потсетуваат дека нивниот...

Ѓорчев на сведочењето за насилствата од 27 април: Некој сакаше да се случат проблеми

Тој 27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби? ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на Голи Оток, рече на денешното сведочење за насилствата во Собранието на 27 април, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Според него, настаните на 27 април не биле исклучок туку голем план, бидејќи како што рече „некој сакаше...

Иницијатива на граѓанската О2 – 39 пратеници здружени ќе се борат против загадувањето

Од здружението О2 Иницијатива, денеска соопштија дека е формирана интерпартиска парламентарна група која ќе треба заеднични да се бори против загадувањето и климатските промени, во име на заштита на животната средина. Во оваа група се вклучиле 39 пратеници од девет политички партии. Од О2 Иницијатива велат дека денеска ја имале првата средба со парламентарна група, а на агендата биле измените...

Српскиот парламент треба да гласа за Ивица Дачиќ за нов парламентарен спикер

Српскиот парламент денеска треба да го одржи продолжението на конститутивната седница, на која што ќе се расправа за втората точка од дневниот ред - избор на претседател на законодавниот дом. Како што најави Александар Вучиќ, претседателот на Србија и на Српската напредна партија, која има апсолутно мнозинство во овој состав, лидерот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, ќе биде...

Со изгласаните законски измени, Собранието овозможи „Викенд без ДДВ“

Собранието со 71 глас „за“, девет „воздражни“ и без ниту еден „против“ го донесе Законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка. На овој начин се овозможува да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“, која е дел од четвртиот сет на економски мерки на Владата за...

ДКСК бара да се преиспита висината на апанажата за поранешните пратеници и владини функционери

„Ако можат луѓето со просечна плата да живеат, зошто да не можат и поранешните пратеници?“, праша денеска Катица Николовска, членот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) која ја презентираше последната анализа на „употребата на буџетските средства од страна на државните органи“, односно како институциите ги трошат парите за апанажа, закуп на станови, патни трошоци, службени возила, репрезентација... ДКСК проектот...

ГРЕКО: Слаб напредок во спречувањето корупција на пратениците, судиите и обвинителите

Најголемиот дел од 13-те препораките на Групата земји против корупцијата при Советот на Еропа (ГРЕКО) за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, како и за судиите и обвинителите, се или делумно спроведени или се неспроведени, додека само неколку се целосно спроведени, од што произлегува дека Северна Македонија генерално не си ги исполнила обврските дадени на 22 јуни 2018...

Порталб анализа: Што ги соединува пратениците од ДУИ и ДПА – згради, по неколку куќи и штедни влогови

Дел од нив немаат ниту банкарски сметки, а други имаат високи штедни влогови, некои немаат сопствена куќа или стан, а други поседуваат и цели згради. „Порталб.мк“ објавува детали и за имотната состојба што ја пријавиле пратениците од ДУИ и Мендух Тачи, единствениот пратеник од ДПА. Демократска унија на Албанците Пратеникот Арбен Зибери поседува девизни сметки и недвижен имот, па така во Анкетниот лист пријавил...

Пратениците утре ќе одлучуваат за промените во Законот за основно образование

Владата го испрати во Собранието предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование со кој се додаваат нови одредби со кои се регулира начинот на организирањето на воспитно-образовната работа на основните училишта во услови на епидемија прогласена од заразни болести. Пратениците треба да одлучуваат по законските измени на седницата закажана за утре. Во предлог-законот се наведува дека при...

Промени во Советот на Општина Прилеп откако двајца советници станаа пратеници

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на општина Прилеп, Елена Ташкоска, е новоименуван претседател на Советот, на местото на досегашниот Миле Талевски, којшто во новиот собраниски состав ја извршува функцијата -пратеник во редовите во пратеничката група на СДСМ. -Изборот за претседател на Совет на општина Прилеп за мене претставува огромна чест, но и уште поголема одговорност пред граѓаните,...

Вистиномер: Џафери не може да го претпочита Деловникот наместо Уставот

Според Уставот, со верификација на мандатот на пратениците, Собранието е констиутирано. Уставот е највисок правен акт во државата и е хиерархиски далеку над Деловникот на Собранието. Оттука, тврдењето на Талат Џафери дека Собранието не е констиутирано, е спин, вели најновиот Контраспин на „Вистиномер.мк“   Во изјава за ТВ21 претседавачот со конститутивната седница на новиот состав на Собранието на РСМ, Талат Џафери,...

Конституирано Собранието – потврдени мандатите на новите 120 пратеници

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се верификуваа мандатите на сите 120 пратеници, со што се избра новиот парламентарен состав. Во салата Голема купола на Собранието, со пеење на македонската химна, на пладне започна првата седница на новиот парламентарен состав, на која од вкупно 120, присутни беа 117 пратеници. Претседаваше спикерот во заминување,...

На 4 август ќе се одржи конститутивната седница на Собранието

Претседателот на Собранието, Tалат Џафери го потпиша Решението за свикување на Првата - Конститутивна седница, која ќе се одржи на 4 август, со почеток во 12 часот во Големата сала на Собранието, односно во салата позната во јавноста како Голема купола, информираат од Собранието. „Со оглед на новонастанатата состојба со пандемијата Ковид-19 и во согласност со препораките од Комисијата за...

Штип засега со четворица пратеници, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, по еден од СДСМ и Левица

По првичните неофицијални резултати од Општинската изборна комисија во Штип за вчерашното гласање на предвремените парламентарни избори, извесно е дека штипјани ќе ги претставуват двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од СДСМ и од Левица. Сигурен влез во Собранието обезбедија Иван Јорданов, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и неговиот сопартиец, Никола Мицевски, кому ова ќе му биде трет мандат....

Вестминстер: Младите како кандидати за пратеници ретко се на добитни позиции

Просечната возраст на кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори е 42,54 години. Партијата со најмлади кандидати има просечна возраст од 32,3 години, додека највисоката просечна возраст кај една партија е 53,2 години. Најмладите кандидати на овие избори имаат 18 години, додека највозрасниот кандидат 87 години. Ова се дел од наодите на новото истражување на Фондацијата за демократија на...

Имотната состојба на пратеници од македонскиот политички блок

Во предворјето на предвремените параламентарни избори „Порталб.мк“ објавува податоци за имотната состојба на пратениците чиј мандат заврши со распуштање на деветтиот по ред параламентарен состав. Овие податоци се важни бидејќи за 30 дена по престанокот на мандатот, сега веќе екс-пратениците се обврзани да достават нови анкетни листови до Државната комисија за спречување на корупција, по што ќе може да...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...