понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: пожари | 192 резултати

Солидарност во акција: 110 странци моментално се на помош во земјава за справување со пожарите

август 3, 2024

Солидарноста во акција, напиша денеска на социјалната мрежа X евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, потенцирајќи дека авиони, хеликоптери и теренци од Чешка, Германија, Словенија, Србија и Шведска им се придружуваат на партнерите во Северна Македонија, за да се борат против пожарите. Сето ова се прави преку т.н. ЕУ-механизам за цивилна заштита, односно сета помош што […]

Дождот засега не помогна да се изгасне ниту еден од активните 9 пожари

август 3, 2024

Во текот на изминатиот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов 9 се активни, 5 се под контрола и 26 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и крак кон Јасен, потоа кај селата Зелениград и Јамиште, кај селото Долно Барбарево […]

Евроамбасадорот Гир на писта ги посети пилотите кои се борат со пожарите

август 3, 2024

Денеска амбасадорот на ЕУ во Р.С. Македонија Н.Е. Дејвид Гир учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности. „Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, […]

Активни се шест пожари низ државата, ги гаснат авиони и хеликоптери

август 2, 2024

Шест пожари на отворено, кои зафаќаат и шума се активни и денеска, во пет општини низ земјата. Центарот за управување со кризи информира дека во гаснењето учествуваат македонски авион Ер- трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, на кој на помош му се стигнати и авиони од Германија и Шведска, како и армиски и полициски […]

Црвениот крст отвори сметка за помош во опожарените места и телефонска линија за психолошка поддршка

август 1, 2024

Црвениот крст на Република Северна Македонија преку своите мобилните тимови се вклучи во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарите. Од Црвениот крст информираат дека при теренските активности дистрибуирани се 200 пакети со храна и 200 хигиена и 20 тона вода за силите кои гасат во зафатените региони со пожари. […]

Приведен радовишанец за подметнување два пожара

јули 31, 2024

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го привеле С.Р. од радовишкото село Али Коч затоа што подметнал пожари во близина на селото. „На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума“, информира […]

Три хеликоптери и ер-трактори ќе го гаснат пожарот во Пехчево

јули 31, 2024

На ниво на држава, состојбата со пожарите е тешка, но не алармантна, изјави утринава директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, по вчерашната загрижувачка ситуација кога имаше 66 пожари на отворен простор. Ангелов информира дека од овие 66 пожари, 55 се изгаснати, под контрола се ставени 3, а активни се 12. Најалармантна е […]

Источна Македонија во пламен, Пехчево засега е безбедно

јули 30, 2024

Пехчево засега е безбедно од пожарите кои се едни од најтешките и најсериозните кои настанале досега, а ги имаше 50 во текот на денот. Противпожарни екипи, локално население, полициски екипи, сите се вклучени во гаснењето на пожарите, а селото Негрево во близина на Пехчево е едно од најзагрозените. Таму гори борова шума и постојано се […]

Пет луѓе заглавени во куќа во пожарите во светиниколско село

јули 30, 2024

Пет лица поради пожарите се блокирани во куќа во Стројменци, во близина на Свети Николе и се прават обиди за нивно извлекување, информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој додаде дека во моментов се активни 30 пожари на отворено. „Правиме обиди да ги извлечеме луѓето, но поради огнот во селото тоа […]

Гори Источна Македонија, пожарите ја зедоа првата жртва

јули 30, 2024

Пожари вчера попладнето се разгореа во 12 села низ земјава, а огнените стихии ја зедоа и првата жртва. Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, задушено од чад, во пожарот што го зафати селото. Сопругата на загинатиот е успешно евакуирана, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов попладнето беше […]

ЦУК: Два пожари сè уште се активни, еден е ставен под контрола

јули 27, 2024

Од вкупно 16 пожари во последното деноноќие, изгаснати се 13, два се сè уште активни и еден е ставен под контрола, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Уште гори кај селото Тажево во Македонски Брод – еден крак кон Беласица и друг кон заштитеното повеќенаменско подрачје „Јасен“, во правец кон месноста „Одделувачи за […]

Справувањето со пожарите нема никаква врска со помошта која земјава ѝ ја испраќа на Украина

јули 24, 2024

Објавата без никакви факти и докази, притоа користејќи фотографии од странство, сака да предизвика некакви емоции кај следбениците, но и револт, правејќи неосновани споредби. Пожари во Македонија имало и ќе има, државата се справува со нив со сите расположливи капацитети, како и со помош од странските партнери и тоа во никој случај не може да […]

Двајца осомничени за подметнување два пожари, уште еден предизвикувач на пожар е во притвор

јули 24, 2024

Две лица се осомничени за подметнување на два пожари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и додаде дека се преземени чекори за откривање на вистината и за понатамошно процесуирање на случаите до надлежните органи. Од страна на МВР, рече Тошковски, оформена е оперативна акција „Пожар 2024“, во која што се вклучени сите Сектори за […]

Големо жариште на Серта – делуваат припадници на АРМ, МВР и ДЗС

јули 21, 2024

На територија на државата денес има девет активни шумски пожари и пожари на отворено, а гаснењето на пожарот кај Јасен е отежнато поради непристапниот терен во околината на селата Тажево и Брезница во Општина Македонски Брод, информираат од центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот на планината Серта повторно е активен. Стојанче Ангелов, директорот на […]

Утрово активни се девет пожари

јули 21, 2024

Во текот на вчерашниот ден, според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив, утрото активни сè уште девет пожари, 15 се целосно изгаснати. Шест се ставени под контрола односно се пожари кои сè уште горат, но не може да се шират, соопшти директорот на ЦУК, […]

Дождот ја спаси од пожарите куќата што Коле Танев ја изгради во спомен на неговиот син

јули 19, 2024

Дождот го изгасна пожарот на планината Серта во близина на Калањево, селото кое беше најзагрозено поради близината на зафатените места до куќите на жителите. Коле Танев, човекот за кој вчера пишуваше Мета.мк, денеска вели дека душата му е на место, откако нема повеќе опасност дека може куќата да му изгори, a која ја изградил во […]

Отворена оперативна акција „Пожар 2024“: Целосна мобилизација на МВР

јули 18, 2024

Во Mинистерството за внатрешни работи се одржа координативен состанок на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР на кој тема беше целокупната состојба со пожарите кои ја зафатија нашата држава, активностите што ги презема МВР […]

Армијата ангажира 200 дополнителни припадници за гаснењето на пожарите

јули 18, 2024

Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, информира Генералштабот. „Од страна на Генералштабот е издадена наредба за ставање во […]

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со хеликоптер

јули 17, 2024

Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, пожарникари од струмичката противпожарна бригада и неколку граѓани попладнево се нашле опколени од огнените јазици на планината Огражден каде што во моментов има активен пожар. Информацијата доаѓа преку видеообраќање од неговиот Фејсбук профил. Божинов изјави дека се наоѓаат на 1.000 метри надморска височина и дека сите копнени врски […]

МВР вели оти пожарот на Богородица е изгаснат и граничниот премин е отворен

јули 17, 2024

Околу два часа откако извести дека најфреквентниот граничен премин кон Грција е затворен поради пожар, Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот е изгаснат а пожарот е отворен. Сепак, камерата во живо на Јавното претпријатие за државни патишта на граничниот премин Богородица не е во функција. „Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека […]

Страна 4 од 10