петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: пожар | 941 резултати

Пожарот во „Јан Амос Коменски“ бил од заборавена греалка?

декември 5, 2014

Пожар во работилница во подрумските простории избувнал утринава во Основното училиште „Јан Амос Коменси“ во Скопје. Командирот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски, за новинската агенција „Мета“ изјави дека веднаш било реагирано и пожарот е ставен под контрола. – Во работилница во подрумската просторија на училиштето, најверојатно од заборавена греалка избил пожар. Нема повредени, а пожарот […]

Кина: 24 загинати при пожар во рудник

ноември 26, 2014

Најмалку 24 рудари загинаа, а 52 се повредени во рудникот за јаглен во Кина, соопшти денеска агенцијата „Синхуа“. Акција за спасување во рудникот во североисточната покраина Лиајонинг е завршена, а работата во рудникот е запрена. Според првичните резултати од истрагата, причина за пожарот бил слаб локален земјотрес, со магнитуда од 1,6 отсто. Според официјалните податоци, […]

ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место на натпревар за противпожарна заштита

ноември 24, 2014

Екипата на ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место во категоријата кадети на регионалниот квиз-натпревар за противпожарна заштита, кој се одржа на 19 ноември 2014 година во просториите на „Даре Џамбаз“. Како победничка на ниво на Град Скопје, екипата на ова училиште ќе учествува на државниот противпожарен квиз-натпревар што ќе се одржи во декември, во Кочани, во организација […]

Во пожар изгоре куќа во Кочани

ноември 24, 2014

Пожар вчера избувнал во домот на 59-годишна жителка на Кочани, која во тој момнет била сама во куќата, пренесува „Плусинфо“. Пожарот ја зафатил покуќнината, а жената, поради чадот кој го вдишувала, била пренесена во медицинскиот центар во Кочани. Денеска, стручни тимови треба да извршат увид во домот на кочанката за да се утврдат причините за […]

По пожарот во Чаир, хоспитализирани четири деца

ноември 21, 2014

Шест лица се хоспитализирани, а 11  се повредени во денешниот пожар што избувна во зграда во скопската населба Чаир. На Клиниката за детски болести биле примени четири деца на возраст од девет месеци до девет години. Сите пациенти се надвор од животна опасност. Еден од пациентите, кој се здобил со изгореници, е хоспитализиран на Клиниката за токсикологија, а […]

Локализиран пожар во зграда во Чаир

ноември 21, 2014

Голем пожар што зафати зграда во скопската населба Чаир е локализиран и изгаснат. Неколку стана беа опожарени и сè уште нема информации дали има настрадани. Пожарот ги зафатил петтиот, шестиот и седмиот кат на зградата, каде интервенираа тимовите на противпожарната единица.

Осумнаесет луѓе загинаа во пожар во фабрика во Кина

ноември 17, 2014

Осумнаесет луѓе загинаа во пожар во фабрика за прехранбени производи на исток во Кина. Во пожарот во фабриката „Лонгјуан фуд“ повредени се 13 луѓе, додека двајца се во критична состојба. Причината за пожарот не е позната и полициската истрага е во тек.

Камион се запали на патот кон граничниот премин Ќафасан

ноември 14, 2014

Камион кој превезувал отпадно железо, утринава се запали на патот кој води кон граничниот премин Ќафасан. Како што соопшти командирот на Територијалната протипожарна единица во Струга, Минир Мамуди, пожарот предизвикал материјална штета, но нема човечки жртви. Засега не се знаат причините за опожарувањето на камионот со гостиварски регистарски табли.

Грција: 77 години затвор за предизвикувачите на пожарот на Пелопонез

ноември 12, 2014

Судот во Грција им изрече затворска казна од вкупно 77 години на четворицата обвинети за пожарот на полуостровот Пелопонез во 2007 година, кој однесе 36 животи. Како што јавуваат грчките медиуми, секој од обвинетите доби повеќе од 10 години затвор. Еден од обвинетите е поранешен локален управник, додека другите тројца се поранешен градоначалник, шумар и жител на […]

Запалена џамија на Западниот Брег

ноември 12, 2014

Еврејските доселеници синоќа запалија џамија кај Рамала на Западниот Брег, соопштија денеска палестинските безбедносни претставници. Запален е целиот прв кат на верскиот објект во селото Ал Магајир, во близина на еверјската населба Шило, соопштија истите извори. Друга џамија во истото село на сличен начин беше запалена во 2012 година. Еврејските доселеници, кои се приврзаници на […]

Изгореа бараките кај ресторан „Имес“

ноември 11, 2014

Неколку бараки изгореа во синоќешниот пожар на скопскиот булевар Илинден, во близина на ресторанот „Имес“. Шест противпожарни возила го гаснеа пожарот, кој ги зафатил бараките што се користеа како магацински простор. Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот, кој предизвика голема материјална штета.

Спој во електричната инсталација, причина за пожарот во зградата на Владата!?

ноември 10, 2014

Спој во електричната инсталација, што се случил додека се изведувале градежни работи, е првичната и неофицијална причина за пожарот што изутринава ја зафати фасадата на владината зграда, велат извори од МВР. Денеска, полициски тимови извршија увид на местото, а по анализата и вештачењето на подигнатиот материјал, и официјално ќе се знаат причините за пожарот. Од огнот, […]

(ФОТОГРАФИИ) Се запали новата фасада на Владата, штетата незначителна

ноември 10, 2014

Екипите на скопската протипожарна бригада го изгасија пожарот што утрово избувна во источната зграда на Владата, на делот од фасадата свртен кон булеварот Партизански одреди. Како што изјави командирот на противпожарната бригада, Благоја Менковски, пожарот ја зафатил фасадата на зградата и дел од електричната инсталација, внатре во објектот, но не е причинета голема материјална штета. – […]

Пожар во зградата на Владата

ноември 10, 2014

Утрово пожар ја зафати зградата на Владатa. Пожарот избувнал во подрумските простории на објектот. Граѓаните кои поминувале покрај него, велат дека прво се видел бел дим, а потоа и пламени јазици. На терен се шест противпожарни возила, а вработените се евакуирани.

Дефект на електричната инсталација, причина за малиот пожар во владата?

ноември 10, 2014

Малиот пожар кој утрово избувнал во зградата на Владата, на Илинденска во Скопје, е локализиран, а причинета е само мала материјална штета, извести репортерот на агенцијата „Мета“. Според нашите информации, пламенот избувнал од источниот блок од објектот на Владата. Три противпожарни единици веднаш се упатиле на самото место, иако немало потреба од поголема интервенција. Во […]

Хуманитарна акција за седумчлено семејство од Велес

ноември 6, 2014

Добротворна акција за собирање донации за седумчленото семејство Давчевски од Велес, на кое во пожар целосно му изгоре куќата, организира Здружението на граѓани „Уметност на живеење Македонија“. Хуманите луѓе можат да ги донесат своите донации во продавницата на „Биокосмос-Велес“, спроти гимназијата, в сабота, 8 ноември, од 8 до 21 часот.

Отворена сметка за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

ноември 5, 2014

Ќе се собираат пари за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово, одлучи синоќа Иницијативниот одбор. Како што информираат оттаму, сметка за донација е отворена во Комерцијална банка. Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски, како и Фондацијата „Д-р. Михаил Левенски“. Одборот упати апел до сите жители и иселени […]

Страна 47 од 47