среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: пожар | 946 резултати

Поради пожар, затворен тунелот под Ламанш

јануари 17, 2015

Патничкиот и товарен сообраќај низ тунелот под каналот Ламанш, меѓу Велика Британија и Франција, денеска бил прекинат откако избувнал пожар во камион, пренесуваат британските медиуми. Во инцидентот нема повредени, а железничката служба „Еуростар“ ги откажала сите линии за денеска и оттаму најавиле повеќе информации за подоцна. Полицијата на округот Кент во Британија навела дека пожарот […]

Изгоре балкон од стан во населбата Кисела Вода

јануари 16, 2015

Во пожар, кој избувнал попладнево, изгорел балкон од стан на паттиот кат од зграда во скопската населба Кисела Вода, во близина на супермаркетот на „Тинекс“. Како што информираат од скопската противпожарна бригада, во пожарот, кој е изгаснат, нема повредени граѓани, а опожарен бил само балконот, додека внатрешноста на станот, сопственост на повозрасна жена, не била оштетена […]

Опожарени три возила во населбата Аеродром

јануари 16, 2015

Утрово, околу 2 часот, во скопската полиција било пријавено дека на улицата Владимир Комаров во населбата Аеродром се опожарени три возила. Според полициските информации, станува збор за две возила марка „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.В. (52) и за возило „фиат“ сопственост на фирма од Скопје. Пожарот бил локализиран, а полицијата врши увид […]

Неисчистени оџаци предизвикаа 20 пожари во Битола

јануари 14, 2015

Битолчани масовно се свртија на греење на дрва, ама оџаците не ги исчистија пред сезоната. Битолските пожарникари од Нова година досега имале дури 20 интервенции на запалени оџаци во градот, и во куќи и во колективни згради. Оваа бројка, според командирот на протовпожарната служба во Битола, Коста Поповски, е превисока за толку кус период и невообичаена во […]

Њујорк: Пожар во метро-станицата Пен

јануари 13, 2015

Стотина пожарникари се обидуваат да го изгасната пожарот кој изутринава изби на њујоршката метро-станица „Пен“. Според првичните податоци, нема информации за повредени. Како што јавуваат американските медиуми, пожарот избил во подземниот дел на станицата и тоа во градежниот дел на железничката пруга Лонг Ајленд, поради што има застој во транспортот. Иако пожарот е длабоко под […]

Молотови коктели врз германски весник што објави карикатури на „Шарли ебдо“

јануари 11, 2015

Изутринава бил подметнат пожар во германскиот весник „Хамбургер моргенпост“, кој ги објави карикатурите за пророкот Мухамед на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“. Како што соопшти полицијата, напаѓачите фрлиле камења и молотови коктели преку прозорецот на редакцијата. Молотовите коктели предизвикале пожар во две простории, но набргу бил изгаснат. Нема повредени лица во нападот.

Јужна Кореја: Голем пожар во Виџеонбу

јануари 10, 2015

Три лица загинаа, а околу 100 се повредени откако пожар изби во станбена зграда во јужнокорејскиот град Виџеонбу. Според првичните информации, осуммина од повредените се во критична состојба. Локалните медиуми јавуваат дека жителите се евакуирани со хеликоптери и оти пожарот се проширил и на соседната зграда.

Опожарено „бе-ем-ве“ во скопското село Света Петка

јануари 9, 2015

Полицијата вчера добила пријава дека во скопското село Света Петка е опожарено возило, информираат од МВР. Според полицијата, станува збор за автомобил марка „бе-ем-ве“, со швајцарски регистарски ознаки, сопственост на И.А. (51), а бил опожарен меѓу средата и четвртокот, во периодот од 17.30 до 3.30 часот. Полицијата работи на расчистување на случајот и откривање на […]

Опожарен автомобил на штипјанец

јануари 8, 2015

Во СВР Штип ноќеска, околу 1.40 часот, било пријавено дека на улицата Дузлачки рид е опожарен автомобил, сопственост на жител на градот. Како што информираат од полицијата, станува збор за автомобил марка „пежо 206“, сопственост на Л.Д. (64). Полицијата работи на утврдување на причините за пожарот и на расчистување на настанот.

Триесет пожарникари повредени во Австралија

јануари 5, 2015

Најмалку 30 пожарникари се повредени при гаснење на шумскиот пожар во сојузната држава Јужна Австралија. Како што јавуваат австралиските медиуми, пожарот, поради силните ветришта, можно е да се прошири на уште 13.000 хектари шума.

Две лица исчезнаа во пожарите во Австралија

јануари 4, 2015

Шумски пожари сè уште беснеат во Австралија, а најтешко е на југот на земјата, близу градот Аделаид, каде е прогласен и највисок степен на опасност. Во пожарот изгореа 12 куќи, а уште околу 20 се во опасност. Две лице се сметаат за исчезнати, а 22 пожарникари се полесно повредени.  

Големи пожари во Јужна Австралија

јануари 3, 2015

Повеќе куќи изгореа во пожарите на југот на Австралија. Властите предупредуваат дека државата се соочува со најголемата опасност по смртоносните пожари во 1983 година. Пожарот во Самсон Флет непречено се шири во сите правци и на сосема непредвидлив начин, а од вчера попладне се прошири од 154 хектари на 4.741 хектар на подрачје од околу […]

Пожар во автосервис во Злокуќани

јануари 3, 2015

Во автосервис во Злокуќани синоќа избил голем пожар. Пожарот зафатил половина од објектот со големина од 300 квадратни метри, а надлежните истражуваат како настанал.

Сопственикот на „Велково меанче“ и на „Кул“ тврди дека не добивал закани

јануари 2, 2015

Сопственикот на кафеаната „Велково меанче“ и на кафулето „Кул“ , кои изгореа во пожар, во разговор со полицијата рекол дека не добивал закани или дека некој се обидувал да изнуди пари од него, пренесува телевизија „Телма“, повикувајќи се на информации од МВР. Од МВР велат дека бил извршен увид и засега е рано да се кажат […]

Изгоре кафулето „Кул“ во ТЦ „Бисер“

јануари 2, 2015

Утрово, во пожар што избувнал околу 3 часот, целосно изгоре кафулето „Кул“ во трговскиот центар „Бисер“, во скопската населба Аеродром. Во пожарот нема настрадани, а бил опожарен простор од околу 200 квадратни метри. Според противпожраната бригада, во гаснењето на пожарот учестувале 12 пожарникари, кои за кратко време успеале да се справат со огнот и да […]

Во пожар изгоре дел од потпокривот на „Велково меанче“

јануари 1, 2015

Денеска во пожар во скопската кафеана „Велково меанче“ изгоре помошниот дел во потпокривот и неколку машини, пренесуваат медиумите. Нема информации за настрадани лица. Според информациите, кратко време по избувнувањето на пожарот, на местото пристигнале четири протипожарни возила, а на помош биле повикани уште три. Во гаснењето на пожарот учестувале 20 пожарникари. Како што известуваат медиумите, […]

Во пожар во трговски центар во Пакистан изгореа 13 луѓе

декември 30, 2014

13 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Лахор, на истокот од Пакистан. Според медиумите во Пакистан, пожарот избувнал во најстариот трговски центар во Лахор, којшто се смета за културен центар на Пакистан, а жртвите починале како последица на изгореници и вдишување чад. Меѓу нив имало и жена и дете. Причина за пожарот бил краток спој […]

Четири нови жртви на „Норман Атлантик“

декември 29, 2014

Грчкиот министер за поморство, Милтиадис Варвициотис, потврди дека италијанските спасувачки служби нашле четири загинати патници во вода околу бродот „Норман Атлантик“. Информацијата прво ја најави еден од спасените патници, кој тврдеше дека видел четири безживотни тела кога го напуштал фериботот. Вчера загина еден патник при обидот да биде извлечен од бродот. Во моментов се извлечени вкупно 391 […]

Продолжува извлекувањето на патниците од „Норман Атлантик“

декември 29, 2014

Сè уште трае голготата на патниците на бродот „Норман Атлантик“, кој се запали вчера, околу 4 часот изутрина, на отворено море во близина на Крф. По 24 часа борба со огнените јазици, чадот, лошото, студено време, 162 патници од вкупно 478 сè уште чекаат да бидат извлечени од фериботот. Крајбрежните и воените служби на Италија и […]

Изгоре црква во Богданци

декември 26, 2014

Денеска претпладне избувнал пожар во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Богданци, пренесува телевизијата „24 Вести“. Огнот избувнал во внатрешноста на црквата и за кратко време се проширил на покривната конструкција. Свештениците и месното население кое дошло на помош успеале да ги спасат сите икони од црквата, но не и останатиот инвентар, кој изгорел. Во гасењето […]

Страна 46 од 48