вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: пожар | 946 резултати

Евакуирани повеќе од 2.000 лица поради голем пожар во Лондон

април 1, 2015

Повеќе од 2.000 лица се евакуирани во Лондон поради голем пожар кој избил во зградата на Управата за цивилно воздухопловство, соопштија локалните власти. Како што јавуваат британските медиуми, пожарникарите сè уште се обидуваат да го изгаснат огнот поради кој без електрична енергија се неколку околни згради. 2,000 people moved from #Holborn buildings after fire under pavement, […]

76-годишна скопјанка настрадала во пожар

март 29, 2015

Седумдесет и шестгодишната Братислава Н. го загубила животот во пожар што вчера попладне избувнал во една од собите од станот во кој живеела, соопшти полицијата. Пожарот се случил околу 13.30 часот, во стан на улицата Вера Јоциќ, а како што информираат од полицијата жената се задушила од чадот.

Едно лице загинало во пожар на граничниот премин Бајаково

март 28, 2015

Едно лице го загубило животот, а десетина биле повредени во пожар што синоќа ги зафатил просториите на граничната полиција на преминот Бајаково, на границата помеѓу Србија и Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми. Пожарот, од засега непознати причини, избувнал синоќа, околу 20.30 часот, а жртвите се наоѓале во просториите на граничната полиција наменети за сместување уапсени лица. […]

Десетина повредени при уривање на зграда во Менхетен

март 27, 2015

Најмалку десет лица се повредени откако станбена зграда се урна во Менхетен, јавуваат американските власти. Според првичните информации, причина за несреќата е експлозија на гас, која предизвикала пожар и делумно уривање на зградата. Американските медиуми, пак, јавуваат дека во пожарот, во чие гаснење учествуваа 120 пожари, повредени се 30 лица, од кои тројца се во критична […]

Гостиварец осомничен дека пијан предизвикал пожар во куќа

март 25, 2015

Дваесет и осумгодишен гостиварец бил осомничен дека во алкохолизрана состојба предизвикал пожар во куќа, која целосно изгорела. Како што информираат од полицијата, осомничениот Г.Џ. (28) се товари за предизвикување општа опасност. Тој, на 12 август минатата година, околу 2.30 часот, на улицата Никола Парапунов во Гостивар, под дејство на алкохол предизвикал пожар, во кој целосно […]

Седум деца загинаа во пожар во Бруклин

март 21, 2015

Седум деца загинаа, а две лица се потешко повредени во пожар кој утринава изби во стан во Бруклин. Стотина пожарникари се обидувале да се справат со огнената стихија, во која загинале децата, кои се на возраст меѓу пет и 15 години. Причината за пожарот засега е непозната, а полицијата и пожарникарските служби вршат истрага.

Пожар во босанското МНР

март 16, 2015

Пожар изутринава изби во просториите на Министерството за надворешни работи на БИХ. Како што јавуваат босанските медиуми, нема повредени бидејќи пожарот избил пред почетокот на работното време на министерството. Според првичните информации, пожарот го предизвикал апарат за вода, а огнената стихија целосно уништила една канцеларија на министерството.

Поради пожар евакуирани 4.500 жители во Чиле

март 14, 2015

Од крајбрежните градовите Валпараисо и Виња дел Мар во Чиле евакуирани се повеќе од 4.500 жители поради голем шумски пожар. Чилеанскиот заменик-министер за внатрешни работи, Махмуд Алеви, изјави дека пожарот се шири со голема брзина и не е исклучено во следниот период бројот на евакуирани лица да достигне до 16.000. Шумските пожари се вообичаена појава во […]

Експлозија и пожар во училиште во Велика Британија

март 13, 2015

Во основно школо во Вејбриџ, на југоистокот на Велика Британија, денеска одекна експлозија, по која изби пожар, но, според соопштението на локалната полиција, сите ученици и вработени се на сигурно. Корисниците на социјалните мрежи објавија дека слушале бука и виделе огромен црн чад над школото „Сент Џорџ“. Противпожарните екипи биле повикани нешто по 12 часот по […]

Голем пожар во Кејптаун

март 2, 2015

Четири куќи се уништени, а десетина луѓе се евакуирани од своите домови откако избувна пожар во јужноафриканскиот град Кејптаун. Поради засилениот ветер кој дува од околните планини, пожарникарите имаат проблем да го локализираат. Засега нема информации за евентуални жртви. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека во тек е голема противпожарна акција, во која […]

Осумдесетгодишен штипјанец загина во пожар

февруари 21, 2015

Во пожар  што денеска попладне избувна во викенд-населбата Суитлак во Штип, животот го загуби  80-годишен маж. Починатиот  бил инвалид, речиси неподвижен, и живеeл со својата ќерка.   Според  командирот на штипската противпожарна бригада, Кирчо Патраклиев, пожарот се проширил многу брзо и неговите екипи не успеале да го спасат човекот. Пожарот избувал во трошна куќарка со […]

Пожар во облакодерот „Торч“ во Дубаи

февруари 21, 2015

Стотина луѓе биле евакуирани откако утрово, околу два часот по полноќ по локално време, избувнал пожар во една од највисоките станбени згради во светот, „Торч“ (Факел) во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, јавуваат светските медиуми. Според информациите, во пожарот нема загинати ниту повредени лица. Огнот бил ставен под контрола, а на станарите од околните облакодери околу […]

Пожар на главниот мост во Варшава

февруари 15, 2015

Голем пожар изби вчеравечер на главниот мост во Варшава, мостот Лазјенковски, што предизвика метеж во сообраќајот во главниот полски град. Портпаролот на варшавската противпожарна служба, Михал Конопка, соопшти дека 40 единици неколку часа го гаснеле пожарот. Нема жртви, но пожарот предизвикал поголема материјална штета. Пожарот почнал во делот под мостот, на кој имало складирани штици, […]

Од пожарот во Велес спасено 16-годишно момче, срушените скали кобни за 74-годишната жена

февруари 10, 2015

Јелица Б. (74) е идентитетот на велешанката што синоќа го загуби животот во пожар кој избувна во куќа на улицата Ѓоре Органџиев во Велес, а кој се прошири на уште две куќи, информира МВР. Полициската екипа која учестувала во извлеквањето на лицата кои биле во куќата каде настанал пожарот, успеале да спасат 16-годишно момче кое имало […]

Еден загинат и шестмина повредени во голем пожар во Велес

февруари 10, 2015

Повозрасна велешанка го загубила животот во голем пожар кој синоќа, триесетина минути по полноќ, избувнал во месноста Дворови во Велес, и во кој до темел изгореле две куќи, а во трета, во која била сместена конфекциска работилница, изгорела опремата и репроматеријалот, пренесува на својата интернет-страница „Утрински весник“. Велешанката што загинала живеела во една од куќите. Како […]

Кина: 17 загинати при пожар во трговски центар

февруари 6, 2015

Најмалку 17 лица загинаа откако пожар изби во трговски центар во Јужна Кина. Како што јавуваат локалните медиуми, 270 пожарникари и 45 противпожарни возила цели 18 часа се справувале со пожарот, кој избил на последниот кат на четирикатницата во округот Хуидонг во југоисточната провинција Гуангдунг. Деветмината менаџери на трговскиот центар веднаш се приведени, а полицијата […]

Едно лице е повредено во експлозија во фабрика во Богданци

февруари 5, 2015

Утрово избувнал пожар во фабриката за полнење плински боци „Балкан гасови“ во Богаданци, при што едно лице е повредено. Во моментот на експлозијата, 11 вработени во фабриката биле на работа. Екипи на противпожарна заштита се на терен и се обидуваат да го запрат пожарот.

Старица починала во пожар во својот дом

февруари 3, 2015

Осумдесет и четиригодишна гевгеличанка починала во пожар што вчера попладне избувнал во нејзината куќа во градот, информираат од полицијата. Станува збор за Донка Д., која, според полициските информации, починала од задушување. Пожарот, кој избувнал околу 16.40 часот, бил изгаснат, а причините што го предизвикале и материјалната штета надлежните дополнително ќе ги утврдуваат.

Опожарен автомобил на кумановец

јануари 22, 2015

Рано утрово, на улица во Куманово, бил опожарен автомобил, марка „бе-ем-ве“, сопственост на жител на градот, информираат од МВР. Пожарот, кој се случил околу 3.40 часот, на улицата 11 Ноември, бил изгаснат од екипа на противпожарната бригада. Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот и за утврдување на причините за […]

Повторно отворен тунелот под Ламанш

јануари 18, 2015

Тунелот под каналот Ламанш, кој ги поврзува Велика Британија и Франција, е повторно отворен за сообраќај откако вчера пожар на камион го затвори Евротунелот и го прекина железничкиот сообраќај, соопштиле од компанијата „Евростар“, пренесуваат медиумите. Како што соопштиле оттаму, патничкиот сообраќај во моментот се одвива според возен ред со едно тргнување на секој час. Првото […]

Страна 45 од 48