fbpx
Таг: повреден

таг: повреден

Tешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола

Едно лице загина, а уште едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа при судир на возило марка „пасат“ и мотоцикл, на патниот правец Прилеп - Битола, кај селото Лагово. СВР Битола соопшти дека во несреќата загинала жена на возраст од 66 години, додека повредениот маж е префрлен во Градската болница во Прилеп. Загинатата била сопатничка на мотоциклистот, кој е хоспитализиран. На местото на...

Скопјанец претепан во ТЦ „Чаирчанка“

Ноќеска, околу 1.30 часот, од Ургентниот центар во полиција било пријавено дека кај нив е донесено лице со тешки повреди по телото. Според полициските информации, станива збор за 27-годишниот А.А. од Скопје, кој бил физички нападнат во трговскиот центар „Чаирчанка“ во населбата Чаир. Лекарите кај А.А. констатирале тешки телесни повреди. Од полицијата велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Тепачка меѓу мигранти во Ваксинце, еден тешко повреден

Синоќа, околу 22.35 часот жител на кумановското село Ваксинце пријавил тепачка во која учествувале 10 до 15 мигранти. Во меѓувреме, од кумановската болница во полициската станица во градот било пријавено дека кај нив бил донесен 25-годишен државјанин на Пакистан со повреди од остар предмет во градниот кош. Поради сериозноста на повредите, Пакистанецот, како итен случај, бил пренесен во Ургентниот центар...

Полицаец повреден во судир меѓу камион и возило на МВР кај Католичка црква

Полициски службеник е повреден во сообраќајна несреќа што денеска, околу 13 часот, се случи на кружениот тек кај Католичката црква во Скопје, при судир на камион и на возило на МВР, соопштија за „Мета“ од СВР Скопје. Од ударот полициското возило се превртело на коловозот од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, а во тек е увид на полицијата што треба да ги...

Антитерористичка акција во Брисел, тројца полицајци се полесно повредени

Тројца полицајци се полесно повредени во антитерористичка акција во Брисел. Инцидентот се случил во јужното предградие Форест, јавуваат светските медиуми. Федералниот обвинител вели дека акцијата била поврзана со нападите во Париз во кои беа убиени 130 лица. Портпаролот на федералниот обвинител вели дека врз полицијата било пукано во акција што била поврзана со истрагата за нападите во Париз. Полициската акција во која се трага...

Кавадарчанец повреден со нож откако му се расипало возилото со кое шверцувал мигранти

Полициски екипи вчеравечер, на стариот пат за Градско, затекнале 17-годишен малолетник од Неготино и 19-годишно момче од Кавадарци кои со возила транспортирале петмина илегални мигранти од Мароко и од Алжир. Како што информираат од МВР, синоќа, околу 18.45 часот, полициски службеници забележале возило, марка „мерцедес“, управувано од Б.Б. (19), кое не било во возна состојба. По извршениот преглед, во непосредна...

Малолетник го удрила струја додека се фотографирал на вагон

Четинаесетгодишно момче вчера, околу пладне, настрадало од струен удар додека се обидувало да се фотографира качено на платото од вагон-цистерна на железничката станица во Велес, соопшти полицијата. Детето веднаш било префрлено во медицинскиот центар во Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и изгореници, поради што било пренесено во Ургентниот центар во Скопје. „Во 12.05 часот, на железничката станица во...

20-годишен охриѓанец загина во сообраќајка кај Лагадин

Дваесетгодишен охриѓанец го загубил животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, кај населбата Лагадин. Според полициските информации, сообраќајката се случила околу 15 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „форд мондео“ со охридски регистарски ознаки, управуван од П.П. (30) од селото Косел и моторцикл „хонда“, што го управувал Б.С. (17), кому сопатник...

Во пожар во Радовиш тешко повреден еден пожарникар

Во пожар што избувнал во куќа на улица „Партизанска“ во Радовиш, тешко е повреден еден пожарникар, а целосно изгорен е вториот спрат и кровната конструкција на куќата. Пожарникарот кој се повредил при гаснењето на пожарот, прво бил хоспитализиран во Клиничката болница во Штип, но поради сериозност на повредите испратен е на скопските клиники. Во гаснењето на пожарот учествувале девет пожарникари и...

Мигрант тешко повреден во железничка незгода кај Куманово

Мигрант, чиј идентитет засега е непознат, бил тешко повреден во железничка незгода, што денеска претпладне се случила во кумановската населба Карпош. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила околу 10.30 часот, кога товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце - Куманово, удрил во непознато лице, „најверојатно илегален мигрант кој во критична состојба е префрлен во Медицинскиот центар...

Сириец повреден во тепачка на железничката станица во Гевгелија

Триесет и осумгодишен мигрант од Сирија бил повреден во тепачка меѓу две групи илегални мигранти што синоќа околу 23.30 часот се случила на железничката станица во Гевгелија, информираат од полицијата. Во тепачката мигрантите употребиле разни предмети. По инцидентот сирискиот државјанин бил пренесен во медицинскиот центар во Гевгелија, каде лекарите констатирале повреда на грбот од остар предмет. Од полицијата велат дека преземаат мерки...

Се преврте шлепер на патот Куманово-Скопје, едно лице повредено

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што утрово се случила во близина на Агино Село на автопатот Куманово-Скопје, кога шлепер со бугарски регистарски ознаки се превртел на коловозот, јавува „Телма“. Како што пренесува телевизијата, од кумановската болница информирале дека повредениот во несреќата бил странски државјанин, кај кого биле констатирани лесни телесни повреди. Засега нема детали за причините и за околностите...

Авганистанец повреден на пруга, починал на пат кон Ургентен центар

Шеснаесетгодишно момче од Авганистан на железничката пруга Демир Капија - Неготино добил повреди по целото тело, по што починало. „Синоќа, околу 22 часот, во полицкската станица Неготино, од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека истиот ден, околу 19 часот, на железничката пруга Демир Капија - Неготино, покрај шините имало лице со повреди по целото тело. Лицето било пренесено во...

Градежен работник од Тетово повреден при пад од објект

Ш.И. (47) од Тетово денеска добил тешки повреди на главата и скршени вратни пршлени по пад од висoчина од околу четири метри, додека работел на балкон на објект во изградба на улицата 146 во Тетово, информираше Марјан Јосифовски,  портпаролот на СВР Тетово. Според Јосифовски, повредениот во бесознание и со тешки повреди, околу 10.10 часот бил донесен во Клиничката болница во...

Харисон Форд повреден при пад на мал авион

Холивудскиот актер Харисон Форд, познат по улогите во филмовите „Индијана Џонс“, „Блејд Ранер“ и „Војна на ѕвездите“, бил повреден при пад на мал авион на терен за голф во близина на Лос Анџелес, јавуваат светските медиуми. Според последните информации, кај 72-годишниот Форд биле констатирани „умерени“ повреди од падот на авионот-двосед, кој го управувал актерот. Екипите на итната помош, кои веднаш интервенирале на...

Кумановец нападат во билијард-клуб

Дваесет и четиригодишниот кумановец Х.В. синоќа бил нападат од непознато лице во билијард-клуб во Куманово. Х.В. добил повреди на главата поради што е пренесен во Медицински центар Куманово, а потоа во Клинички центар Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Тешка сообраќајка на Партизанска

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на булеварот Партизански одреди. Станува збор за судир меѓу три возила,„пасат“, „ауди“ и „опел астра“. Меѓу повредените, со тешки телесни повреди завршил возачот на едно од возилата и веднаш бил префрлен во болница. Детали за здраствената сотојба на патниците се најавуваат за подоцна.

Скопје: Кумановец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Дваесет и четиригодишниот кумановец Д.К се наоѓа во критична состојба откако синоќа доживеал тешка сообраќајна несреќа на булеварот Борис Трајковски, во близина на „Стаклара“. Во несреќата учествувале возило „бе-ем-ве“ со кумановски регистарски таблички, со кој управувал Д.К и автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички. Во сообраќајката полесно се повредени возачот на „пасатот“, М.К (42), и неговата сопруга Љ.К. .

15-годишник осомничен за напад на средношколец во Тетово

15-годишен малолетник од Тетово е осомничен дека вчера, околу 16 часот, во Тетово, во поранешното Средно медицинско училиште, прободел со нож ученик по тепачка помеѓу две групи, информираат од МВР. На повредениот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар - Скопје, каде е задржан за понатамошно лекување. „15-годишниот малолетник со неговиот родител вчеравечер бил повикан во ПС Тетово, а нешто...

Повреден рудар во Добрево

37 – годишен рудар синоќа завршил со телесни повреди додека работел во рудникот на „Индоминерали и метали“ во Добрево. СВР Штип ја потврди несреќата, која кај нив ја пријавиле од Здравствениот дом од Пробиштип. Оттаму рударот, со иницијали Б.В. од селото Ратавица, бил пренесен во Клинички центар во Штип. Во штипската болница му била укажана помош, но по негово...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...