fbpx
Таг: Порталб

таг: Порталб

Општина Тетово го објави списокот на договори на дело склучени за 2021 година

Општина Тетово денеска на својата веб-страница ја објави листата со сите 812 договори на дело склучени во текот на 2021 година, пренесува Порталб.мк. Од Општината соопштуваат дека договорите се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната власт. „На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои...

Порталб анализа: Минималец од 18.000 денари – за работниците добредојден, за дел од фирмите „шок“

Македонија е петта земја според најниска минимална плата во цела Европа. Започнуваат преговорите на релација синдикати - влада - работодавачи за ново зголемување на минималецот до 18.000 денари, пишува Порталб.мк. Дел од бизнисмените предупредија дека растот направен под притисок може да предизвика отпуштања во фирмите, загрозување на ликвидноста. Анализите на дел од економистите го покажуваат спротивното. Минималецот од 18.000 денари - аргументи “за“...

По вестa на Порталб, Универзитетот во Тетово го објави статутот на веб-страницата

Без да поминат ниту 24 часа од објавувањето на веста во Порталб за одлуката на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер дека Универзитетот во Тетово постапил спротивно законот со тоа што не одговорил на нашето барање, УТ го објави својот статут на веб-страницата, пишува Порталб.мк Многу важниот документ на Универзитетот во Тетово до вчера не беше објавен...

Порталб: Зошто Путин сака ескалација со Западот?

Поранешниот шеф на бугарската државна разузнавачка агенција Димо Ѓауров, во интервју за ТВ Нова, коментира дека една од целите на рускиот претседател Владимир Путин со ескалацијата на конфликтот со Украина е да ги принуди Европа и САД да го отворат гасоводот „Северен тек 2“ (“Nord Stream 2”). Во меѓувреме, партнерот на ЕУРАКТИВ Europe Elects, оценува дека друга причина е...

Порталб: Касами ја достави во Обвинителство тужбата против Арифи за велосипедската патека

Тужбата што градоначалникот на Тетово Билал Касами ја најави против поранешната градоначалничка Теута Арифи за велосипедската патека е поднесена во Обвинителство. Ова го потврдија од општинската канцеларија за односи со јавност и од Основното обвинителство, пишува Порталб.мк. „За овој случај овластивме адвокат, и тој ги води постапките. Предметот е во обвинителството, адвокатот продолжува да ги следи процедурите. Побаравме расчистување на...

Порталб.мк: Пирамидалната шема Биг Комерц „ги изгоре“ граѓаните

Социјалните мрежи вријат откако беше затворена илегалната апликација „Биг Комерц“, која го украла оригиналното име на една компанија од Австралија за е-трговија, и преку која се измамени засега неутврден број граѓани кои вложиле пари во оваа, очигледно пирамидална шема, со надеж дека ќе ги вратат многукратно за краток период, пишува Порталб.мк. Илузијата „Биг Комерц“ се урна како кула од карти,...

Анализа на Порталб: Од 2014 регистриран највисок ценовен раст – 2021 беше година на скапотија

Раст на цените на мало за цели 6 отсто во декември 2021 година во однос на истиот месец од 2020 година. Трошоците на живот зголемени за 4,9 отсто. Овие вредности се највисоки што се регистрирани во месец декември од 2014 година до сега. Светските анализи покажуваат дека и годинава се очекува раст на цените на металите и на храната,...

Навршуваат два месеци од прекинот на јавниот превоз во Тетово, граѓаните бараат да се врати

Поминаа околу два месеца откако јавниот превоз во Тетово се прекина, што според општинските власти, беше направено поради неправилности во претпријатието. Денеска, по толку време, граѓаните бараат враќање на истиот, а тетовскиот градоначалник вели дека претпријатието има акциски план кој наскоро ќе биде споделен со јавноста, додека в.д. директорот на јавното сообраќајно претпријатие не одговара на телефонските повици и...

Порталб: Искористувањето на отпадот не е „утопија“, само треба да се препознае неговата вредност

Чистите градови во Северна Македонија едноставно изгледа дека се „утопија“, а искористувањето на придобивките од отпадот, научна фантастика. Сепак, експертите од оваа област сметаат дека тоа е можно, пишува Порталб.мк. Правилното управување со отпадот е дел од обврските што нашата земја мора да ги исполни во рамки на Поглавјето 27 за животната средина, како предуслов да стане полноправна членка на...

Порталб: Попова Шапка, туристичка атракција која не е доволно промовирана

„Попова Шапка“ продолжува да биде туристичкиот центар околу кој во јавноста се дебатира за големиот потенцијалот што го поседува, а од друга страна и за незалагањето на властите да инвестираат во него. Од агенцијата која е одговорна за промоција на туристичките капацитети на земјава, велат дека ја промовирале Попова Шапка, но ако ја прелистаме нивната веб-страница или фејсбук профил,...

Нов почеток или нова епизода – Првата средба на новите бугарски и македонски премиери

Посетата на новиот премиер на Бугарија на уште поновиот премиер на Северна Македонија донесе нов ветар, кој сепак засега не успеа да го расчисти загадениот воздух, пишува Малинка Ристевска - Јорданова, во новата колумна за „Порталб“. Неспорно е дека двајцата премиери имаа намера и успеаја да прикажат волја за создавање нова клима во односите меѓу двете земји. Целта на овој...

Порталб: Метеж на Попова Шапка, дали жичарницата од Тетово е решение за проблемот?

Бројни автомобили и граѓани од земјава и регионот изминатиот викенд го блокираа патот Тетово - Попова Шапка. Се створи колона возила од околу седум километри, од селото Лисец до туристичката атракција, која за жал е запоставена и од централните и од локалните власти. Решението за сообраќајниот хаос граѓаните го гледаат во враќање на жичарницата Тетово-Попова Шапка, која работеше од...

Порталб: Жителите на Липково сите услуги ги вршат во Куманово, но немаат јавен превоз

Општина Липково со над 30.000 жители нема општински јавен превоз ниту во нејзини рамки, ниту пак меѓуопштинска линија со градот Куманово. Тоа е неопходно, бидејќи жителите на Липково најголем број услуги вршат во Куманово. Градоначалниците на двете општини велат дека се заинтересирани за отворање линии меѓу овие две општини, но не прецизираат кога тоа може да се случи, пишува...

Порталб: Дезинформација е дека Босна и Херцеговина прогласи „победа“ над пандемијата

Написот во “Пулс7Њуз” ја дезинформира јавноста дека Босна и Херцеговина е првата земја што прогласи победа над пандемијата со Ковид-19, што е невистинa. Напротив, во последните денови во Босна и Херцеговина состојбата со пандемијата е доста влошена. Доктор Марио Јованоски вели дека сепак постои оптимизам дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот во тек на оваа година, но...

Порталб: Недостасува сигнализација на патот Тетово-Јажинце, за една година 110 сообраќајни несреќи

Сто и десет сообраќајни несреќи се регистрирани за една година на патниот правец Тетово-Јажинце, кој нема соодветна сообраќајна сигнализација. Експертите бараат поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација за да се минимизираат сообраќајните несреќи на истиот, а кој е воедно и еден од најфреквентните во регионот. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека годинава на овој пат ќе бидат...

Илир Мета во Скопје: Блокадата на Бугарија кон Северена Македонија е неправедна

Блокадата на Бугарија кон Северна Македонија во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија, претседателот на Албанија Илир Мета ја смета за неправедна. Во изјава за Порталб.мк тој рече дека сепак е оптимист дека овој спор наскоро ќе биде затворен. Претседателот на Албанија Илир Мета вчера во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје (ИДКНАМ) одржа...

Порталб: Реката Пена во Тетово со години чека решение за уредување на коритото

Потесно корито, мноштво отпадоци и негрижа на надлежните власти се само три од многуте проблеми со кои се среќава реката Пена со години во делот на населбата „Дарданија“ во Тетово. Жителите стравуваат да не се повторат поплавите од 2015 година. За проблемот беше разговарано и за време на јавната расправа за буџетот на општината за 2022 година, додека градоначалникот...

Порталб: Реформи на јавната администрација во текот на 2021 година, многу ветувања и малку работа

Не е направено доволно во текот на 2021 година на областа на реформите во јавната администрација. Ова е оценката на експертите, кои препорачуваат департизиција на администрацијата за да се обезбедат квалитетни, ефикасни и брзи услуги. Во 2022 година, по реконструкцијата на Владата, со Министерството за информатичко општество и администрација се очекува да раководи нов министер, пишува Порталб.мк. Универзитетскиот професор Борче...

Неизвесноста на политичката сцена ќе продолжи и оваа 2022 година

Со спроведувањето на локалните избори, оставката на премиерот Зоран Заев, бугарската блокада на евроинтегративните процеси и низа други политички случувања од 2021 година, С Македонија одбележа една година полна со политички превирања, кризи и неизвесност. Земјата не ја очекуваат подобри денови и во текот на 2022 година, а неизвесноста ќе продолжи со оглед на последните случувања и актуелната политичка...

Порталб: Кучиња скитници постојано напаѓаат жители во Тетово, општината ветува решение

Само во текот на 2021 година во Секторот за внатрешни работи Тетово имало 112 пријави за каснувања од кучиња скитници, пишува Порталб.мк. Сепак, оваа бројка е поголема бидејќи не се сите случаи пријавени во полиција. Во текот на јавната расправа за буџетот на општина Тетово за 2022 година граѓаните побара да се реши проблемот за Тетово да биде побезбедно, пред...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...