среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: пораст | 84 резултати

Претпладне сончево, попладне со краткотраен пороен дожд

мај 29, 2018

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне локално нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 26 до 32 Целзусови […]

„Фајненс тинк“: Просечната нето-плата годинава ќе се движи околу 24.000 денари

април 24, 2018

Просечната нето плата за 2018 година ќе се движи околу 24.000 денари, предвидува Институтот за економски и политички истражувања „Фајненс тинк“. Порастот на просечната плата во јануари, според нив, не може да се толкува дека е резултат на порастот на минималната плата. „Уште при објавувањето на јануарскиот податок за нето платата, „Фајненс тинк“ укажа дека […]

Облачно време со повремени врнежи и температура до 16 степени

март 27, 2018

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната температура од три до 16 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до четири, […]

Светска банка предвидува пораст на економијата од 3,2 проценти

јануари 10, 2018

Светска банка предвидува пораст на економијата во Македонија од 3,2 проценти, во најновиот извештај Глобални економски перспективи за земјите од Европа и Централна Азија. „По надминувањето на политичката криза, која имаше влијание врз економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит, поради најавените трошоци за инфрструктурни проекти“, се вели […]

Индустриското производство во ноември е зголемено за 4,1 отсто во однос на лани

декември 27, 2017

Индустриското производство во ноември, е зголемено за 4,1 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Од јануари до ноември пак, индустриското производство е зголемено минимално, од 0,5 проценти во однос на истиот период лани. Зголемување на производството има кај преработувачката индустрија каде што се бележи пораст од 5,7 проценти. Во овој сектор, најголемо […]

Анѓушев: За повисок економски пораст, извозот треба да биде 70 отсто од БДП

декември 13, 2017

За повисок економски пораст на Македонија, потребно е, во креирањето на домашниот бруто-производ (БДП), извозот, од сегашните 53 проценти да изнесува од 60 до 70 проценти, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на форумот „Преку интернационализација на стопанството до повисок економски раст“, кој беше во организација на стопанските комори. Тој додаде дека, за таа […]

Стапката на пораст на БДП во третото тримесечје изнесува само 0,2 проценти

декември 7, 2017

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за третото тримесечје од годината изнесува 0,2 проценти. Во овој период, најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и друго. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото […]

Цените и трошоците за живот се зголемиле во октомври

ноември 7, 2017

Трошоците за живот и цените во малопродажбата во октомври годинава се зголемиле за 0,3 отсто во однос на претходниот месец, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика (ДЗС). Голем пораст на цените има во категоријата прехранбени производи, односно забележано е поскапување на оризот за 3,6 отсто, на компирот за 3,2 отсто, на млекото и […]

Богов: Зголемувањето на акцизата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата

ноември 2, 2017

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, смета дека зголемувањето на акцизата на нафтата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата следната година. Прашан за денешната одлука на Министерство за финансии за зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати за 3,54 денари, Богов рече дека направиле некои брзи проценки кои покажуваат дека директниот ефект […]

Кочовски: Состојбата во металната индустрија се подобрува, тоа ќе влијае и на економијата

октомври 24, 2017

Во металната индустрија се чувствува заживување на пазарот, се зголемува обемот на нарачки и со тоа поголема е искористеноста на производствените капацитети, поголеми се производство, извозот и приходите, рече денеска на прес-конференција, претседателот на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, Митко Кочовски. Политичката криза, но и случувањата на светскиот пазар од кои најмногу зависи оваа […]

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на БДП од 2,8 на 1,5 проценти

октомври 20, 2017

Најновата октомвриска проекција на Светска банка за порастот на македонската економија во 2017 година е 1,5 проценти, што значи намалување од априлската прогноза која изнесуваше 2,8 проценти на пораст на домашниот-бруто производ (БДП). Најголемо влијание на оваа прогноза имала имала политичката нестабилност во првата половина од годината, пиишува во извештајот на Светска банка. Главен двигател […]

Порастот на економијата во Кина ќе изнесува повеќе од 6,5 проценти

октомври 10, 2017

Порастот на економијата во Кина за оваа година ќе изнесува повеќе од 6,5 проценти, а владините мерки за сопирање на пазарот со недвижнини и понатаму ќе останат на сила. Аналитичарите исто така проценуваат дека економскиот пораст на Кина за цела 2017 година може да ја надмине целта на владата, откако втората најголема светска економија во […]

Домашниот бруто-производ лани се зголемил за 2,9 проценти во однос на 2015 година

септември 29, 2017

Домашниот бруто-производ (БДП) во 2016 година изнесувал 598.881.000 денари и стапката на пораст изнесувала 2,9 проценти во однос на 2015 година, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка во 2016 година во структурата на БДП учествува со 82,1 отсто. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50 […]

Богов: Би бил среќен ако годината ја завршиме со позитивен економски пораст

септември 24, 2017

Продолжената политичка криза ѝ нанесе сериозни штети на економијата и по падот во првата половина од годината, тешко дека ќе постигнеме никаков пораст оваа година, изјавил гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, во интервју за „Ројтерс“ на маргините на Конференцијата на гувернерите на централните банки одржана во Сараево. Тој додаде дека предвидувањата на НБРМ […]

Анѓушев го презентираше планот за економски пораст пред амбасадите

септември 20, 2017

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на јавна трибина во Владата го презентираше планот за економски пораст односно мерките, пред претставниците од странските амбасади и меѓународните финансиски институции. „Планот за економски пораст е резултат на сеопфатни анализи. Во него се имплементирани препораки од документите на Светската Банка, Виенскиот институт за меѓународни односи, Македонската академија на […]

СДСМ: Зголемувањето на минималната плата е прв чекор во спиралата за пораст на платите

септември 19, 2017

Со усвојувањето на законот за минимална плата веќе од следниот месец на работниците ќе им се исплаќа повисока плата од 12.000 денари, а фирмите ќе бидат финансиски поддржани од државата во реализацијата на оваа мерка, се вели во утринското соопштение на СДСМ. Во него се додава дека ова е првиот значаен чекор со кој се […]

Економијата во Турција ќе ги надмине предвидувањата од 4,4 проценти пораст на БДП

септември 12, 2017

Домашниот бруто-производ (БДП) во Турција во периодот април-јуни се зголемил за 5,1 отсто во однос на претходните месеци, покажуваат податоците на турскиот Институт за статистика. Пораст на економијата е евидентиран во сите клучни области, при што земјоделското производство се зголемило за 4,7 отсто, индустриското за 6,3 отсто, градежништвото за 6,8 отсто,  а трговските дејности за […]

Домашниот бруто-производ со пад од 1,8 отсто во второто тримесечје

септември 7, 2017

Домашниот бруто-производ (БДП) има пад од 1,8 отсто во второто тримесечје во однос на првото, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје има номинален пораст за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 70,7 отсто. Во истиот период, извозот на […]

Утре е последен ден за пленарна седница и за изгласување на ребалансот на буџетот

август 5, 2017

Пратениците ја завршија денешната расправа за ребалансот на буџетот, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, продолжението на седницата го закажа за утре, со почеток во 11 часот. Утре е последен ден за пленарна расправа и се очекува пратениците да го изгласаат ребалансот на буџетот за 2017 година. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вака како што […]

Сончево време со температура до 38 степени

јули 31, 2017

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. УВ-индексот ќе биде 8. Максималната температура ќе се движи од 28 Целзиусови степени на […]

Страна 3 од 4