fbpx
Таг: порака

таг: порака

Германското МНР го повика на разговор македонскиот амбасадор во Берлин

Министерството за надворешни работи на Германија денеска претпладне го повикало на разговор македонскиот амбасадор во Берлин и му упатило остра порака дека одговорните во Скопје мора да ги прифатат резултатите од изборите, пишува „Дојче Веле на македонски јазик“. Како што информира официјален Берлин, во просториите на министерството за надворешни бил повикан амбасадорот Сашо Марковски, коmu му било порачано дека „одговорните...

СДСМ: Европа гледа дека Иванов не се однесува демократски, пристојно и со здрав разум

Европа и светот гледаат дека однесувањето на Ѓорге Иванов не се заснова на демократски начела, пристојност и на здрав разум и затоа таква е последната порака од лидерите и од институциите на Европската Унија, што во Македонија ја пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, се вели во реакцијата на СДСМ по заедничката прес-конференција на Иванов и на Туск. „Ѓорѓе...

Туск во Скопје доаѓа со порака за европската перспектива, ќе се сретне и со Иванов

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, следната недела ќе ја посети Македонија во рамки на својата балканска турнеја, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Туск. - Претседателот Туск ќе биде на регионална турнеја, на која, меѓу другото, ќе се разговара за имплементирањето на навремениот одговор на ЕУ на мигрантската криза во Источниот Медитеран и ќе ја разгледа ситуацијата на теренот...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот на тој начин што ќе се играат претстави и ќе се чита пораката посветена на сценската уметност. Автор на светската порака е француската актерка, Изабел Ипер, а македонската порака ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер, уметнички директор на Народниот театар од Битола. -Не постои театарот поради нас, туку ние постоиме благодарејќи му нему. Театарот е...

Охрид ноќеска преплавен со летоци против „сеалбанската платформа“

Охрид ноќеска беше преплавен со пропагадни летоци од четири странички, со пораката „Не се согласуваш? Активирај се!“. Летокот е вметнуван во поштенските сандачиња во станбените згради, по домови, возила... На првата, насловна страница од летокот, стои текстот „Сеалбанска платформа, Тирана, 07.01.2017“. На внатрешните две страници, испишани се осум точки од платформата, со голема фотографија на албанскиот премиер Еди Рама, зад кого има...

Арифи: Повикувањето на нетолеранција не е добро за иднината на земјата

„Повиците за поделба и за нетрпеливост не треба да бидат дел од агендите на политичките партии. Иднината на сите граѓани, без разлика на вера и на нација, е ЕУ и заради тоа е важно да се најде решение за сите прашања, а повикувањето на нетолеранција не е добро за иднината на земјата“, одговори потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, на новинарско...

Трамп: Израел не смее да биде третиран со презир и со непочитување

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска, во пресрет на говорот на државниот секретар Џон Кери за израелско-палестинскиот судир, порача дека не смее да се дозволи Израел да биде „третиран со таков презир и непочитување“. „Имаа (Израел, н.з) голем пријател во САД, но не повеќе. Почетокот на крајот беше ужасниот договор со Иран и сега ова (Обединетите нации)! Остани силен Израел,...

Ванхауте за изборите: Партијата ви дава трошки, а бега со тортата

Изборот на искрени политичари кои не биле поврзани со корупција е првиот чекор во градење на вашата демократија, порача белгискиот експерт и поранешен посредник во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте. Ванхауте вели дека изборите сепак не се крајната цел, туку почетокот на потребните промени. Тој предупреди дека овие избори не смеат да бидат референдум за,...

Видеопорака на Кундерс: Македонија е на крстопат, излезете и гласајте за својата иднина

За да се доближат до Европа, македонските гласачи треба да се заложат за владеење на правото, за слободни медиуми и против корупцијата, вели во видеопорака министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс. Тој ги повика македонските гласачи на 11 декември да излезат на гласачките места и да донесат одлука за иднината на земјата. „Холандија е долгорочен пријател на македонската демократија....

Трамп бара одземање на државјанството или затворска казна за палење на знамето на САД

Секој што ќе го запали американското државно знаме треба да се соочи со последици, како одземање на државјанството или затворска казна, смета новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ваквиот став, Трамп денеска го соопшти преку порака на својот официјален твитер-профил. „Никому не смее да му биле дозволено да го пали американското знаме. Доколку некој го запали, мора да има последици -...

Павлопулос продолжува со радикалните пораки за Македонија, овојпат од Солун

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, вторпат неделава, овојпат од Солун, испрати порака дека Македонија е една и грчка и дека тој ќе направи сè што е во негова надлежност да го заштити грчкиот карактер на Македонија и нејзиниот територијален интегритет. Павлопулос рече дека Грција сака да има добри и пријателски односи со Македонија, но никој нема право да бара и да...

Папата испрати порака за солидарност со бегалците

Силна порака за солидарност со бегалците и за ставање крај на војните испрати папата Франциск денеска од грчкиот остров Лезбос. Папата во придружба на вселенскиот патријарх Вартоломеј и на грчкиот архиепископ Иеронимос, ги посети мигрантскиот центар Морија, во кој се наоѓаат повеќе од 4.000 бегалци, и пристаништето Митилена. Посетата на кампот беше полна со емоции. Илјадници бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак,...

Павлопулос со остри критики до македонската влада за обид за фалсификување на историјата

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос повторно упати остра порака до македонската влада дека со обидите за фалсификување на историјата и дека со односот кон бегалската криза, нашата држава нема да има европска иднина. Во пораката за утрешниот национален празник, грчкиот ден на независноста, Павлопулос се фокусираше на бегалската криза, говореше за грчката солидарност, апелираше до Европа да се сети на нејзините...

Хамза бин Ладен: Нападнете ги САД и сојузниците

Терористичката организација Ал Каеда објави аудио снимка со закана која на САД и сојузниците им ја упатува синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен. Како што пренесуваат светските медиуми, се верува дека тоа е прв доказ дека наследникот на убиениот терористички лидер, станал член на организацијатата која ја командувал неговиот татко. Во пораката која е споделена на социјалните мрежи, Хамза...

ОМД: Лидерите да работат Македонија да биде модел за демократија

Сите политички лидери во Македонија да ги тргнат на страна нивните разлики и да ги стават во преден план иднината на државата и на македонските државјани, се вели во писмената изјава на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), по поводот националниот празник 2 Август - Денот на Републиката. - ОМД верува дека Илинденското востание служи како постојан потсетник за секој Македонец, независно...

ОБСЕ: И Груевски и Заев да ги удвојат напорите за траен компромис

Сите изгубија вчера: партиите, народот во Македонија како и меѓународната заедница која се грижи за идината на вашата земја, се вели во одговорот на амбасадорот на САД во ОБСЕ, Даниел Баер, во обраќањето до министерот за надворешни работи, Никола Попоски. „Длабоко жалиме што и покрај напорите на комсарот Хан, клучните актери не дојдоа до заедничка позиција за деталите како да продолжат...

Симоне Филипини: Време е за промени во Македонија

Симоне Филипини, поранешната амбасадорка на Холандија во Македонија, на својата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ излезе со порака дека е време за промени во Македонија. „Време е за промени во Македонија. Со позитивно управување и со одговорно раководство, земјата може да се развива. Колку што можам да видам и да слушнам за тоа, на македонските граѓани им е доста од...

Заев: Доведено е во прашање елементарното право на работниците, на штрајк

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати порака по повод Први мај, Меѓународниот ден на трудот. - Први мај 2015 година во Македонија ќе биде запаметен како ден што почна да ја враќа одлучноста на граѓаните да ги бранат човековите работнички права и достоинство, што девет години по ред, мала група на власт недозволиво ги гази и ги повредува. Први мај некогаш...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...