fbpx
Таг: Попова Шапка

таг: Попова Шапка

„Елем турс“ ја избра компанијата која ќе ја подготви анализата за Попова Шапка

„Прајс Вотерхаус Куперс“ (Pricewaterhouse Coopers) е компанијата која „Елем турс“ ја избра да изработи длабинска финансиска анализа и физибилити студијата со модел на приватно-јавно партнерство, како и предлог модел за продажба за Попова Шапка, пишува „Порталб.мк“. Директорот на „Елем турс“, Џемаил Јусуфи, објави дека компанијата „Прајс Вотерхаус Куперс“ е избрана да ја подготви финансиската анализа и физибилити студијата. "По потпишување на...

Пет компании се во трка за изработка на студија за иднината на Попова Шапка

Постапката за избор на компанијата која ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка заврши, информираат од „ЕЛЕМ турс“. За овој тендер се информирани пет компании и се очекува истите да влезат во трка за подготовка на анализа „Делојт“ (Deloitte), „Ерст & Јанг“ (Ernst & Young), „КПМГ“ (KPMG), „Гранд Торнтон“ (Grand Thornton) и „ПвЦ“ (PwC), пишува „Порталб.мк“. Во текот...

Анѓушев: До крајот на мандатот на оваа влада, ќе се инвестира во Попова Шапка

На денешната прес-конференција, заменик-премиерот Анѓушев вети дека до крајот на мандатот на оваа влада ќе се знае судбината на Попова Шапка и ќе се најде инвеститор за реализација на истата, извести „Порталб“. -За време на мандатот на оваа влада, ако ништо друго, јас сум оптимист дека барем ќе најдеме инвеститор за тоа да се случи. Иако центар, како овој, не...

Сè уште не е распишан тендерот за анализата на Попова Шапка

Веќе речиси пет месеци, сите прашања поврзани со проблемите на Попова Шапка го добиваат истиот одговор: „Се очекува анализата на ЕЛЕМ за Попова Шапка", но тендерот за неа сè уште не е распишан. Од друга страна, ЕЛЕМ Турс вели дека постапката за распишување на тендерот е пред крајот, пишува „Порталб“. „Постапката за очекуваниот оглас за финансиската анализа и физибилити студијата...

„ЕЛЕМ турс“ се надева дека до крајот на месецот ќе се отвори тендерот за анализата за Попова Шапка

„ЕЛЕМ турс“ најави дека отворањето на тендерот за компанијата што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка е во тек и се очекува да заврши до крајот на април, пренесува „Порталб.мк“. "Во моментов се подготвува целокупната постапка за отворање на тендерот за избор на компанија која ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка. Постапката ќе се објави што е можно...

На Универзитетот во Тетово се дебатираше за економскиот развој на Попова Шапка

Економскиот факултет на Универзитетот во Тетово организираше дебата на тема „Предизвиците на економскиот развој на туристичка дестинација Попова Шапка", каде се дебатираше за проблемите и можните решенија за проблемите на Попова Шапка, пренесува „Порталб.мк“. Во дебатата беше истакнато дека иако голем број стратегии за развој на туризмот на национално ниво идентификувале проблеми, доста сложени потешкотии, сепак се добива впечаток дека...

Заврши уште една неуспешна сезона на Попова Шапка

На 31 март заврши скијачката сезона во ски-центарот „Попова Шапка“ - Тетово, а граѓаните се револтирани затоа што и оваа сезона се затвори без да се решат проблемите, пренесува „Порталб.мк.“ Иако оваа година се организираа и неколку протести и се побара компанијата која во моментов управува со Попова Шапка, „ЕЛЕМ ТУРС“, да се повлече од управувањето, ова не се случи....

„ЕЛЕМ турс“ сè уште не го објавил тендерот за Попова Шапка кој го вети за март

Иако беше кажано дека ќе се објави во текот на март, тендерот за компанијата што ќе ја направи анализата за Попова Шапка, „ЕЛЕМ турс“ сè уште не го објавил. Од компанијата ветуваат дека тендерот ќе се објави во април, известува „Порталб“. Речиси четири месеци, на сите прашања за проблемите на овој скијачки центар следи истиот одговор: „Се чека анализата на...

Нема кој да ги поправи ски-лифтовите на Попова Шапка, кои се од минатиот век

Ски-лифтовите на Попова Шапка се стари и датираат уште од 80-те години, и во случај на дефект, проблем е да се најдат нови делови. Ски-лифтовите обично се оштетуваат во текот на зимската сезона поради лошото време и силните ветрови, известува „Порталб.мк“. Се уште нема конкретен план за нивно целосно репарирање. Нефункционалните ски-лифтови директно влијаат на (не)развојот на ски-центарот Попова Шапка. Проблемите...

Онлајн платформа “iTop” за лесен пристап до туристички пакети во мрежата на СТЕП

Проектот за зајакнување на иновативен туризам во регионот Полог и Елбасан СТЕП , промоција на туризмот ќе креира платформа наречена „iTop“, која ќе им овозможи на туристите лесен пристап до туристичките пакети кои се нудат од мрежата на СТЕП во двата региона во Македонија и Албанија. Флорент Бајрами, координатор на СТЕП за „Порталб“ вели дека онлајн-платформата ќе се реализира по...

До крајот на месецов тендер за компанијата што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка

Тендерот за компанија што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка, треба да се отвори во текот на месецот, изјавија од  „ЕЛЕМ турс“. По завршувањето на анализата, се очекува да се донесе одлука за тоа, што ќе се случи понатаму со управувањето со овој скијачки центар, известува „Порталб.мк“. „Анализата е во почетна фаза и дека подготовката трае до три месеци. Откако...

ЕЛЕМ: Жичарата со шест седишта на Попова Шапка ќе биде готова идната сезона

Годинава навршија  пет години од ветувањето за изградба на новата жичара со шест седишта во Попова Шапка. Иако првиот договор за изградба на жичарата бил потпишан на 10 март 2014 година,  таа се уште не е целосно изградена и не е ставена во функција. Повторно како што се ветуваше пет години по ред, се ветува дека жичарата ќе биде...

Зимскиот центар „Попова Шапка“ за речиси еден век сменил шест сопственици

Зимскиот центар „Попова Шапка", уште во 1924 година е дестинација за планинарите на тогашна Југославија, со што уште на почетоците станува познат центар, а славата набргу се шири низ светот. Но, иако некогаш тука се инвестирало многу, центарот денес е претворен во јалова долина, пишува „Порталб“. Недостиг на инвестиции, нема жичница со шест седишта, има недостиг на места за паркирање,...

Попова Шапка можеше да биде тоа што се денес Банско и Боровец

Двата скијачки центри во Бугарија, Банско и Боровец, иако помалку популарни во времето кога Попова Шапка имаше светска слава, последните години имаа силен развој, и го доживуваат најголемиот „сјај“ што го имале досега, пишува „Порталб.мк“. Покрај тоа, благодарение на компаративните предности што ги имаат, ниските трошоци, овие центри се натпреваруваат со ски-центри во Франција и Швајцарија. Повеќегодишните проблеми во скијачкиот...

Заев: Физибилити студија треба да даде одговор како правилно да се развива Попова Шапка

Премиерот Зоран Заев на средбата со претставници на граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“, разговарале за правилно искористување на природниот ресурс Попова Шапка и биле изнесени конкретни предлози за надминување на досегашни недоследности и иницирање на активности за  негово одржливо и хумано управување, соопштуваат од Влада. На средбата, покрај претставниците на Иницијативата, спортски работници, поранешни и активни скијачи и...

Претставници на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, денеска на средба со Заев

Претставници на граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“, денеска ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев, информираат од таму. Тие ќе одржат тркалезна маса за иднината на овој туристички центар, а средбата која е предвидена да трае еден час, ќе започне во 17 часот. Потоа, граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ ќе одржи прес-конференција пред зградата на Владата. Едно од нивните...

Сјајот и бедата на Попова Шапка: Од центар со светска слава во јалова долина (галерија)

Попова Шапка некогаш беше познат скијачки центар во регионот и пошироко. Се инвестирало во инфраструктурата, се одржувале скијачки натпревари на кои учествувале натпреварувачи од целиот свет, и била омилена дестинација за многу планинари и скијачи. Денес, останата е само големата желба на туристите скијачи да го видат овој центар развиен како некогаш, пренесува „Порталб.мк“. Овој планински терен уште од 1924...

Заев ги повика на средба активистите на „Да ја спасиме Попова Шапка“

Владата, односно премиерот Зоран Заев, ја повика Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ да се сретнат и да разговараат за барањата на граѓанските активисти, јави „Порталб.мк“. Од владата потврдиле дека Заев побарал средба со претставници на иницијативата, а за времето кога таа ќе се одржи, ќе се знае наскоро. И „Да ја спасиме Попова Шапка“  потврди дека ќе има средба,...

Во Тетово презентиран ДУП-от за Попова Шапка, екологистите разочарани

Здружението за планирање, градежништво, трговија и услуги „Про-Инженеринг“ вчера го претстави Деталниот урбанистички план (ДУП) за Попова Шапка, а од Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ обвинија дека Општина Тетово одлучила да усвои план што никогаш не може да се реализира, известува „Порталб“. ДУП-от за Попова Шапка предвидува неколку проширувања на патиштата и зголемување на капацитетите за паркирање. Во...

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ повикува на протест в сабота

Граѓанската иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ повикува на протест, за како што велат, да се стопира уништувањето на овој туристички центар. „Во сабота, 12 јануари со почеток во 11 часот, ве покануваме да протестираме сите заедно кај Жичарата Тетово – Попова Шапка против уништувањето на овој туристички центар.Туризмот што го имаат Струга и Охрид за три месеци, Тетово требаше...

Голем пожар во зградата на старата Берза во Копенхаген

Голем пожар избувна утрово во зградата на поранешната Берза во Копенхаген од 17 век – една од најпознатите знаменитости на данската престолнина. Пожарот го проголта кровот на историскиот објект...