fbpx
Таг: Попова Шапка

таг: Попова Шапка

ЕСМ бара, а владата ќе одлучи дали Попова Шапка ќе се продаде или ќе се даде на јавно приватно партнерство

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) бара дозвола од македонската влада за за да се воспостави јавно - приватно партнерство за развој на зимско - рекреативниот центар „Попова Шапка“, меѓутоа оваа информација беше првично обелоденета од еден вработен на оваа компанија и член на опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ, пренесува „Порталб.мк“. Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, вчера конечно го објави барањето...

Попова Шапка, постапката за лиценцирање на жичарата со шест седишта е вратена од почеток

Постапката за лиценцирање на жичарата со шест седишта во Попова Шапка е покрената од почеток заради неколку грешки во претходното барање испратено од „ЕЛЕМ Турс“. Од „ЕЛЕМ Турс“ велат дека најбрзиот начин за исправање на грешките во барањето било да се изготви ново барање. А од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека сега веќе оформиле комисии и го...

Попова Шапка: Потребни беа четири месеци готовите анализи од ЕЛЕМ да стигнат до Владата

Четири месеци, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и владата играа „пинг - понг“ со „Порталб.мк“ за длабинската анализа (Due Diligence) и физибилити студијата за Попова Шапка, при што едните изјавуваа дека ги доставиле анализите, а другите постојано го негираа тоа. Вчера, конечно, од владата ни потврдија дека анализите стигнале до нив на крајот од декември и дека се очекува...

Истече уште еден рок за лиценцирање на жичарница со шест седишта во Попова Шапка

Комисијата за техничка инспекција за добивање лиценца за употреба нема дадено зелено светло за теренска проверка на жичарницата со шест седишта во Попова Шапка. Поради тоа, истече уште еден законски рок за пуштање на жичарницата во употреба, пишува „Порталб.мк“. Сега е веќе прашање на недели кога се очекува да започне сезоната во Попова Шапка, дозволата за пуштање во употреба на...

Пристигна и 2020 година, жичарата со шест седишта на Попова Шапка не е пуштена

Во пресрет на почетокот на скијачката сезона на Попова Шапка, жичарата со шест седишта сѐ уште не е подготвена да се пушти во употреба, и покрај ветувањата на министерот за економија Крешник Бектеши. Министерството за транспорт и врски, односно Комисијата за техничка контрола за употребна лиценца, има уште осум работни дена (до 22 јануари) да одговори на барањето на...

„ЕЛЕМ“ и Владата се мајтапат со јавноста: Каде се анализите за Попова Шапка?

Во период од четири месеци, колку што ЕЛЕМ ја поседува анализата „Due Diligence”  за физибилити студијата за Попова Шапка, трипати изјавија за „Порталб.мк“ дека истите се „доставени во Влада“. Од друга страна, Владата повеќе пати демантираше дека такви студии им биле доставени. Денес пак, од „ЕЛЕМ“ истакнаа дека немаат информација дали овие анализи се доставени или не. Од септември годинава, „ЕЛЕМ“...

Анализата за Попова Шапка денеска ќе биде доставена во Владата

Анализата „Due Diligence” и физибилити-студијата за Попова Шапка денеска официјално ќе биде доставена во Владата, објаснија од ЕЛЕМ за Порталб.мк. На состанокот што ќе се одржи денеска, управниот одбор на државниот производител на струја ќе донесе одлука за нивниот предлог за најдоброто решение во врска со зимско-рекреативниот центар „Попова Шапка“ и ќе го достави до Владата. Анализата „Due Diligence” опфаќа детална...

Екс-директорот на „Попова Шапка“: Физибилити-студијата е плагијат и е несериозна

Разработен плагијат и несериозен труд е физибилити-студијата за концесија или јавно-приватно партнерство за зимскиот центар Попова Шапка, изјави за „Порталб.мк“, Менан Мемеди, поранешниот директор на подружницата „Попова Шапка“ на ЕЛЕМ. На вчерашната презентација на студијата платена 200.000 евра не беа пуштени новинарите, а според Мемеди причината за тоа е што физибилити-студијата е плагијат и некој сакал да го скрие тој...

Новинарите не ги пуштија на презентацијата на студијата за Попова Шапка

Во отсуство на новинари и со само двајца претставници на граѓанското општество се одржа првата презентација на Физибилити студијата за ски-центарот Попова Шапка. На новинарите не им беше дозволено да влезат на презентацијата во хотелот „Славија“ на Попова Шапка оти „тоа било против правилата на компанијата PWC“, како што кажал министерот за економија, Крешник Бектеши, јави „Порталб.мк“. Претставниците на граѓанските здруженија...

Физибилити студијата за Попова Шапка ќе се презентира во понеделник

Физибилити студијата за Попова Шапка ќе биде претставена в понеделник во хотел „Славија“ на Попова Шапка во 13.15 часот. Таа е изработена од компанијата „PWC“, а нарачана од „ЕЛЕМ Турс“. Барањето за реализација на ваква студија дојде од Владата, со цел да се донесе одлука и за судбината на Попова Шапка, пишува „Порталб.мк“. Физибилити студијата е студија за остварливост на...

Анализите за Попова Шапка заглавиле во преносот од една до друга институција

Од ЕЛЕМ известуваат дека тие, во четвртокот ја доставиле длабинската (due diligence) анализа и физибилити студијата за Попова Шапка во Влада. Владата од друга страна потврди дека анализите сè уште не стигнале во архива. Тие известуваат дека првично според нормалната постапка, анализите треба да бидат примени во архива, потоа одат во соодветната комисија, за конечно да пристигнат на седница,...

Анализите за Попова Шапка се готови, се чека да се достават во Влада

„Елем турс“ ја примиле физибилити студијата за зимско - рекреативниот центар Попова Шапка. Тие потврдуваат дека двете анализи, “due diligence“ и физибилити студијата се испратени до Управниот Одбор на АД ЕСМ, кои пак треба да ги достават до влада. Од АД ЕСМ велат дека анализите ќе се испратат на разгледување во влада што е можно поскоро, без да определат...

Двете анализи за Попова Шапка ќе бидат доставени до Владата

Длабинската економска анализа за Попова Шапка, е доставена до „Елем турс“, а ќе биде предадена и на Влада заедно со физибилити студијата кога и таа ќе пристигне - според „Елем турс“ тоа ќе биде најдоцна до 20 октомври. Од „Елем Турс“ велат дека двете анализи се нарачани во еден пакет па затоа така и ќе бидат предадени на Владата,...

Започна асфалтирањето на последниот километар од патот Тетово – Попова Шапка

По серијата написи на „Порталб.мк“, започна асфалтирањето и на последниот километар од патот Тетово - Попова Шапка, но иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ има и други барања за, како што велат, патот да се заврши според сите стандарди. „Едно од многуте ветувања се реализира, но на овој пат му недостасува вертикалната сигнализација, страничните браници на патиштата и многу други...

Пречекорен рокот за асфалтирање на последниот километар Тетово – Попова Шапка

Иако на 5 септември годинава, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека во рок од две недели последниот километар од патниот правец Тетово-Попова Шапка ќе се асфалтира, ова ветување не е одржано и патот до денес остана неасфалтиран. Од министерството известуваат дека министерот Бектеши во текот на неделата ќе ја посети Попова Шапка за да ги следи работните активности на...

Еден километар пат до Попова Шапка остана неасфалтиран – никој не ја презема одговорноста

Последниот километар од патот Тетово-Попова Шапка остана неасфалтиран и најверојатно нема да биде асфалтиран во скоро време бидејќи никој не признава дека е сопственик на тој дел. Од општина Тетово велат дека овој пат не е во нејзина надлежност, а истото го тврдат и од Агенција за државни патишта. Ако се пребара во интернет-страницата на катастарот, таму нема податоци...

Патот од Тетово – Попова Шапка се реконструира, а за иднината на ски-центарот ќе се знае до 20 октомври

Интензивно се работи на реконструкција на патот од Тетово - Попова Шапка, а се очекува до крајот на септември оваа делница долга 18,2 километри да биде целосно реконструирана. Ова беше истакнато од министерот за економија Крешник Бектеши кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалничката на Општина...

Физибилити студијата за Попова Шапка сè уште не е доставена до „ЕЛЕМ турс“, роковите течат

Длабинската финансиска анализа и физибилити студијата со модел на приватно-јавно партнерство, како и предлог модел за продажба за Попова Шапка, сè уште не се доставени од страна на компанијата „Прајсвотерхаус Куперс“ (Pricewaterhouse Coopers) до „ЕЛЕМ турс“. „Анализите не се доставени бидејќи се уште течат законските рокови за подготовка на Анализата, согласно потпишаниот договор меѓу „ЕЛЕМ турс“ и „PWC“. Длабинската анализа...

„ЕЛЕМ Турс“: Жичарницата со шест седишта на Попова Шапка ќе биде готова на почетокот на јули

Жичарницата со шест седишта на Попова Шапка се очекува да се пушти во функција во првата недела од јули, откако ќе ја помине на фазата на тестирање што ја спроведува градежната компанија „Леитнер“, пишува „Порталб.мк“. Оваа година навршуваат пет години, од кога почна ветувањето за изградба на новата жичарница со шест седишта на Попова Шапка, и по се изгледа по...

Опаѓа бројот на туристи во хотелите на Попова Шапка со кои управува „ЕЛЕМ турс“

Од податоците за бројот на туристи кои престојувале во двата хотели со кои управува „ЕЛЕМ турс“, хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“, се гледа дека бројот на туристите во текот на годините е намален. Веќе е познато за јавноста, а е потврдено и од „ЕЛЕМ“, дека овие хотели со години работат со загуба, пишува „Порталб.мк“. Овие бројки не можат да се...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...