вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: поплави | 410 резултати

Бугарија, Грција и Турција бројат жртви од невремето, македонското МНР апелира на претпазливост

6 септември 2023

Силното невреме проследено со обилни врнежи во Грција, Бугарија и Турција предизвика човечки жртви, а македонското Министерство за надворешни работи попладнево упати апел до граѓаните да ги избегнуваат загрозените подрачја. Според информациите на Катимерини, најмалку две лица загинале, а тројца се исчезнати во невремето што ја зафати Грција. Најпогоден бил централниот дел на земјата, првенствено […]

НАТО директно не испраќа оружје во Украина, а во Словенија веќе испрати помош поради поплавите

18 август 2023

Наспроти тврдењето во објавата, НАТО директно не испраќа оружје во Украина. Оружје и помош праќаат земјите-членки индивидуално, како и други земји кои не се членки на НАТО и тоа е јасно нагласено на веб-страницата на НАТО, а го има посочено и генералниот секретар Столтенберг. Не е вистина ниту тврдењето дека НАТО не испратил помош во […]

Црвениот крст со донациски броеви за помош на Словенија

8 август 2023

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува жалење и сочувство до Словенија и до сите нејзини граѓани за загубите и штетите претрпени во поплавите. Од Црвениот крст велат дека се во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, веднаш им е понудена првична помош. „Од своите резерви, Црвениот крст на РСМ издвои […]

За Словенија на помош заминуваат 100 македонски војници

8 август 2023

Денеска на седница на Влада ќе ја донесеме формалната одлуката за испраќање на 100 војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката армија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска Таа, исто така, рече дека војниците ќе бидат ставени на располагање на словенечката армија за расчистување на теренот во Словенија по катастрофалните поплави […]

Словенија се бори со штетите од најтешката природна катастрофа во земјата, се бара помош од ЕУ и од НАТО

8 август 2023

Словенија продолжува да се бори со последиците од една од најтешките природни непогоди што ја зафатија земјата. Во поплавите загинаа најмалку шест лица а материјалната штета засега се проценува на околу 500 милиони долари, изјави владиниот портпарол за Си-Ен-Ен. Словенечкиот премиер Роберт Голоб во саботата рече дека поплавите што почнаа во петокот се „најлошата природна […]

Хрватска воведе вонредна состојба, цивилната заштита е на готовс

6 август 2023

Водниот бран од реките Сава и Мура, кој започна во Словенија, се прошири и во Хрватска. Цивилната заштита на Хрватска прати упатства до граѓаните за постапување. Денеска во 12 часот вонредна состојба беше објавена поради покачување на водот на 923 сантиметри кај водомерот во Ругвица, со најава за уште поголемо зголемување, информира Управата за цивилна […]

Голоб: Словенија се соочи со „најголемата природна катастрофа“ во својата историја

6 август 2023

Словенија се соочи со „најголемата природна катастрофа“ во својата историја, рече во саботата премиерот Роберт Голоб, откако разорните поплави предизвикаа штета проценета на 500 милиони евра (550 милиони долари), загинаа три лица и уништија патишта, мостови и куќи, пренесе Ал Џазира на англиски јазик.  Зборувајќи по состанокот на Советот за национална безбедност на земјата во […]

Пожарникарите во Словенија спасија 22 дечиња од поплавена градинка [галерија]

4 август 2023

Пожарникарите на доброволното противпожарно друштво „Менгеш“ соопштија дека успешно ги евакуирале сите 22 деца од градинката Гобице во општината Менгеш во Словенија. На Фејсбук страницата на доброволното противпожарно друштво можат да се видат драматични фотографии од спасувачите кои ги извлекуваат децата од поплавата. „Ги известуваме родителите од градинката Гобица дека успешно ги евакуиравме сите 22 […]

МНР: Македонските граѓани да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија

4 август 2023

Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите граѓани на Северна Македонија да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија, особено подрачјата покрај реките. Апелот на МНР следува откако оваа држава ја зафати големо невреме, поради што се затворени голем број на патишта и автопатишта низ целата земја. Министерството ги повикува граѓаните кои планираат да патуваат во […]

Големо невреме ја погоди Словенија, поплавите предизвикаа материјална штета

4 август 2023

Стотина противпожарни интервенции имало во Словенија од синоќа поради големите поплави предизвикани од обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата, пренесува Н1. Три кампови се евакуирани, а неколку села се отсечени. Поплавите ги зафатија Горењска, Корушка и Згорњесавинската котлина. Државниот хидрометеоролошки завод за денеска го вклучи портокаловиот аларм и за пет хрватски региони. Можен […]

Суровоста на климатските промени: oд невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]

24 јули 2023

Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни […]

Реките со висок водостој, дождовите продолжуваат и денеска

18 јуни 2023

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Прилеп и Пожар, по 21 литар на квадратен метар, потоа 15 литри во Демир Капија, седум во Берово, пет во Претор, по четири во Тополчани и Струмица, по три литри во Битола, Охрид и Пожаране, два во Крива Паланка, Виница […]

Делчево прогласи природна непогода од град и од поплави

9 јуни 2023

Природна непогода од поплави и град прогласи Советот на Општина Делчево на денешната вонредна седница, по невремето проследено со силни врнежи од дожд и град што вчера попладне го зафати овој источномакедонски град. Поројниот дожд поплави голем дел од подрумските простории на куќи и други објекти во градот и предизвика тешкотии во сообраќајот, уништувајќи и […]

СЗО предупреди на епидемија на колера во поплавените делови од Украина

9 јуни 2023

Најмалку едно лице загинало, а неколку се ранети во руските воздушни напади врз Украина што се случиле во текот на изминатава ноќ, информираа украинските власти, а пренесува Укринформ. Еден цивил е убиен, а тројца се ранети во градот Звјахел во регионот Житомир. Според првичните информации, уништени се шест згради, а уште десетици се оштетени. Украинската […]

Украинското МНР: Нападот на ХЕЦ Каховка е терористички акт, да се воведат нови санкции

6 јуни 2023

Украина повика на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, вклучување на Механизмот за цивилна одбрана на Европската унија, а во обраќањето до земјите од Групата седум и ЕУ побара и итно да размислат за воведување на нови санкции против Русија, вклучително против руската ракетна индустрија и нуклеарната индустрија. Единиците на Националната полиција […]

Разнесена брана кај Херсон, постои опасност од катастрофални поплави

6 јуни 2023

Во ноќниот напад во областа Херсон уништена е хидроелектраната лоцирана на реката Днипро, а оштетена е и браната во Нова Каховка. Водата веќе почнала да ги поплавува населените места. Во моментов се одвиваат евакуации низ целиот регион, а извештаите покажуваат дека над 16.000 луѓе се загрозени од поплавите. Како што пренесе Би-Би-Си, градот кој е под […]

Невреме предизвика поплави на северот на Србија, „реки“ по улиците и во Нови Сад

18 мај 2023

Големо невреме со обилни дождови и грмотевици, град и силен ветер го зафати вчера приквечер северот на Србија, при што во Војводина и во Срем погодени беа и поголемите градови Нови Сад, Зрењанин, Рума, Шабац и Валево, јави српскиот весник „Данас“. Силен дожд имало и во Крагуевац, во централна Србија. Метеоролозите невремето со обилни врнежи […]

Поплави во делови од Србија, Косово и Албанија, вонредна состојба во повеќе места, се трага по две лица

20 јануари 2023

Обилните врнежи од дожд неделава низ Балканот предизвикаа опасно издигнување на нивото на водата во реките. Вонредна состојба е прогласена во српските градови Пријепоље, Сјеница и Нови Пазар поради обилни дождови и излевање на реки. Во Нови Пазар се трага по две лица кои ги однесоа поројните дождови, a вонредна состојба е прогласена во седум […]

Со 50 милиони евра, ќе се подобрува водоснабдувањето во сите општини низ земјава

23 ноември 2022

Високиот процент на загуби на вода за пиење, изведбата на водоснабдителни системи за одредени населени места, реконструкцијата на постојните водоводи и други проблеми со водоводната инфраструктура во земјава ќе можат да се решат со најновиот заем во висина од 50 милиони евра, за којшто земјава денеска го потпиша договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ). Средствата […]

Климатски промени: Бројот на врнежливи денови намален, количеството на врнежи лани зголемено [инфографик]

13 ноември 2022

Долготрајни периоди без врнежи кои доведуваат до сушни периоди, по кои следуваат врнежливи денови со големо количество на воден талог што би можело да предизвика поплави или други штети. Вака накратко и поедноставено би можеле да се објаснат климатските промени во делот на врнежите со коишто се соочила земјава во минатата година. Најголем дел од […]

Страна 3 од 21