вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: поплави | 410 резултати

Насипите во Штипско издржаа

февруари 2, 2015

Црните сценарија го одминаа Штип и покрај прелевањето на акумулацијата Калиманци, поплави немаше. Реката Брегалница го достигна своето максимално ниво синоќа, по 20 часот, меѓутоа насипите кај критичните точки издржаа. Екипи на кризниот штаб до доцна во ноќта останаа кај Ново Село, каде пролетта во 2013 година надојдените води ги пополави ниските катови на новоселци. […]

Снегот донесе убавина и нови штети во Охрид

февруари 1, 2015

Поплавени сообраќајници и паркови и урнати дрвја им донесе невремето на охриѓани. Најновите врнежи од снег, а пред тоа дождот и ветерот, не им создадоа некои посебни проблеми на охриѓани, освен на пешаците кои тешко се движат по коловозирте и по тротоарите. Пред да се интензивираат снежните врнежи, во Охрид врнеше дожд, проследен со силен […]

Се очекуваат нови поплави во Штип

февруари 1, 2015

Се очекува големо надоаѓање на реката Брегалница во Штип и да бидат поплавени три населби – 8 Ноември, Чардаклија и Ново Село. Загрижувачка е и состојбата со браната Калиманци, каде во моментов се излеваат 50 кубни метри вода во секунда. Во моментов во Штип заседава државниот кризен штаб. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, […]

Коритото на Лакавичка Река со години не било чистено

јануари 30, 2015

По последните поплави во лакавичкиот регион, исплива на површина фактот дека коритото на Лакавичка Река не било прочистено со години. Всушност, коритото е „жртва“ на законот, според кој, Министерството за заштита на животната средина издало наредба за стопирање на чистење на коритото. Директорот на Инспекторатот за животна средина, Фирус Мемед, во изјава за „ТВ Ирис“, […]

Град Скопје е подготвен да се справи со невремето

јануари 30, 2015

Штабот за заштита и за спасување на Град Скопје денеска изведе техничко-показна вежба, на кејот на реката Вардар, кај паркот во Аеродром, на која беа демонстрирани техники за справување со последиците од влошени временски услови во градска средина. Градот Скопје денеска соопшти дека заедно со штабот за заштита и спасување се подготвени да се справат […]

Пелагонија со насипи и со тампонажа ќе се штити од евентуални поплави

јануари 30, 2015

Се редат вреќи со песок, со багери се прават насипи, се штитат куќите и шталите од евентуални поплави. Ваква е сликата денеска во плодната Пелагонија, по најавите за нови врнежи од дожд во регионот и за излевање на реките. Општина Новаци, која е најзасегната од ваквата ситуација и каде се поплавени неколку стотини хектари плодни ниви, […]

Во Пелагонија поплавени 400 хектари

јануари 26, 2015

Поплавите земаат замав во Пелагонија. Пелагониските власти го свикаа кризниот штаб откако Црна Река денеска поплави повеќе од 400 хектари во делот на Општина Новаци, кај село Гнеотино. Поплавите ги кренаа на нозе општинарите, Земојделски комбинат „Пелагонија“, Водостопанско претпријатие „Битолско Поле“, како и Регионалната дирекција за заштита и спасување. По проверките на терен, утврдено е дека […]

Водата во Штип и во Пробиштип забранета за пиење

јануари 25, 2015

Водата од водоводот во Штип поради поплавување на бунарите, сè уште не е за пиење. И во Пробиштип и во околните села забрането е да се пие водата од водовод поради заматување на бунарите. Анализите направени во Јавното претпријатие „Исар“ од Штип покажуваат дека водата за пиење е исправна и бактериолошки и хемиски, но додека […]

Опаѓа нивото на реките, водата се повлекува

јануари 25, 2015

Водата од поплавените места се повлекува, а нивото на реките се намалува. Штетите предизвикани од поплавите допрва ќе се проценуваат. Метереолозите за наредните денови најавуваат нови врнежи од дожд. Нивото на Вардар во Велес денеска опаѓа, со што е надмината опасноста од поплави по вчерашните врнежи од дожд, информираат од Регионалниот центар за справување со кризи […]

Црна Река се прелеа кај селото Вашарејца

јануари 24, 2015

Црна Река се излеа кај пелагониското село Вашарејца и поплави земјоделски површини, потврдуваат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола. Стравувањата на надлежните во Пелагонија за излевање на Црна Река се остварија по синоќешниот силен дожд во овој регион. Нивото на Црна достигна 3,98 метри и се излеа на неколку места во атарот на […]

Водостојот на реките намален, се санираат штетите

јануари 24, 2015

По обилните врнежи од дожд, водостојот на реките низ Македонија се намалува, а екипи расчистуваат на местата каде што имаше излевања, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Големи штети се предизвикани во Лакавичко, каде без струја се селата Лакавица и Лесковица, a водата во Штип е забранета за пиење. Од Општина Штип велат дека ја […]

Водата во Штип, забранета за пиење

јануари 24, 2015

Водата од градскиот водовод во Штип е забранета за пиење и може да се користи само како техничка поради поплавување на бунарите од кои градот се снабдува со вода, велат од Општина Штип. „Обилните врнежи предизвикаа заматување на водата во бунарите и како мерка на безбедност, апелираме истата да се користи само како техничка вода“, […]

МЗШВ: Браната Мантово не е пред излевање, состојбата е стабилна

јануари 23, 2015

Нема опасност од оштетување на браната Мантово зошто преку неа во моментов се прелеваат 60 кубни метри вода во секунда, а има специјален преливник со капацитет од 200 кубни метри во секунда, информираат од  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оттаму велат дека ја следат состојбата со водостојот на акумулациите и на реките, особено по обилните […]

Големо невреме во Гевгелија

јануари 23, 2015

Силно невреме, проследено со силен дoжд, град и со ветер ги зафати денеска Гевгелија и околината, предизвикувајќи големи штети, прекин во сообраќајот и оштетени мостови. Поради обилните врнежи, но и топењето на снегот на Кожув Планина, надојдените води во Конска Река го поплавија мостот на влезот во гевгелиското населено место Моин и предизвикаа прекин во сообраќајот. […]

Итно се евакуираат жителите од Лакавичко

јануари 23, 2015

Итна евакуација е побарана од жителите на лакавичкиот регион. Прели акумалацијата Мантово, поради што Кризниот штаб апелира до жителите да ги напуштат домовите и со себе да ја земат стоката и да се упатат на повисоките места. Итниот апел се однесува особено за жителите на селото Лакавица да се повлекуваат во градот, а стоката и добитокот […]

Стотина загинати во невреме во Мозамбик и на Мадагаскар

јануари 22, 2015

Повеќе од 130 лица загинаа за време на бурата што ги зафати Мозамбик и Мадагаскар. Како што јавуваат светските медиуми, поплавите кои настанаа како последица на поројните дождови, усмртија 84 лица, од кои 64 се од централната провинција Замбези. Надојдената вода уништила 13.000 домови, а 36.000 лица се отсечени од светот и се соочуваат со недостиг од храна […]

Таксистот од Кочани пуштен од полициската станица во Поликастро

декември 11, 2014

Таксистот од Кочани кој беше зафатен од поплавите кај Кукуш е ослободен од грчките полициски органи и ќе се врати во Македонија. Кочанeцот вчера беше дел од човечка трагедија во Грција кога, поради лошите времески услови, возилото со кое управуваше и пренесуваше грчки државјанин од Македонија кон Грција, падна во канал за наводнување меѓу Поликастро […]

Таксист од Кочани се спасил од поплавите во Северна Грција

декември 11, 2014

Две лица загинаа во поплавите и во невремето што ја зафатија Северна Грција. Како што соопшти грчката полиција, едниот од загинатите е грчки државјанин кој патувал од Македонија кон Грција, а втората жртва на невремето е 50-годишен маж, чие тело било најдено во надојдена река во населбата Неа Филаделфија во Солун. Телото на загинатиот кој […]

Две жртви во невремето во Северна Грција, еден Македонец се спасил

декември 11, 2014

Две лица загинаа во поплавите и во невремето што ја зафатија Северна Грција. Како што соопшти грчката полиција, едниот од загинатите е грчки државјанин кој патувал од Македонија кон Грција, а втората жртва на невремето е 50-годишен маж чие тело било најдено во надојдена река во населбата Неа Филаделфија во Солун. Телото на загинатиот кој патувал од […]

Новите вржени сериозна закана за Пелагониското поле

ноември 30, 2014

Новите врнежи од дожд го вклучија црвеното светло во Пелагонија. Почвата е презаситена со влага, па најавите дека врнежите од дожд ќе продолжат во текот на наредните денови ги вознемирија надлежните. – Ја следиме состојбата, но земјата веќе е презаситена со влага и ако продолжат вржените, ќе имаме проблеми – вели Димче Јошевски од Дирекцијата […]

Страна 20 од 21