Таг: Пониква
таг: Пониква
Со недели доцни скијачката сезона поради топлото време, туристичките центри низ земјава во була
„Многу топол ноември“ и „екстремно топол декември“ е главната констатација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во изработените месечни извештаи за временската состојба во Македонија за последните два месеци од 2022 година. На скијачките центри во земјава снег немаше паднато до 9 јануари, додека почетокот на скијањето доцни со недели и се очекува да започне дури претстојниве денови, односно...
Се формира ренџерска служба во заштитеното подрачје на Осоговските Планини
Законските обврски и задачи што произлегуваат од одлуката за определување на заштитено подрачје на Осоговските Планини, денеска на Пониква ги собра на заеднички состанок сопствениците на хотели и викендици со претставниците на ЈП Национални шуми и Општина Кочани. Пред сите е прилагодување кон законската регулатива за зачувување на природните реткости и шумата. Фактот дека е подигнат степенот на заштита,...
По неколкугодишен прекин, „Осоговски велеслалом“ се врати на Пониква
Осумдесетмина натпреварувачи од повеќе градови во државата учествуваа на настанот „Осоговски велеслалом 2021“, кој после неколкугодишна пауза, вчера повторно се одржа на спортско-рекреативниот центар „Пониква“.
Учесниците на натпреварот, кој е во организација на општина Кочани и Скијачката федерација на Македонија, се натпреваруваа во пет категории во машка и женска конкуренција – цицибани, деца, млади, сениори и ветерани.
И покрај топењето на...
Џипови ја демолираа ски-патеката на Пониква
Несовесни граѓани со автомобили ноќеска додека паѓаше снег, целосно ја „преорале“ најпопуларната ски-патека во зимскиот центар Пониква кај Кочани. Направена е голема штета, особено што патеката беше подготвена за првиот снег годинава и првите скијачи. И покрај тоа што ски-патеката е оградена, возачите успеале да ја поместат оградата, да се искачат и да остават длабоки траги по делот што...
Почна реконструкцијата на ски-лифтовите на Пониква
Со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка, денеска започна реконструкцијата на ски-лифтовите во зимско-рекреативниот центар Пониква кај Кочани.
Со зафатот ќе се опфатат два ски-лифта, на кои ќе им бидат реконструирани машинските и електричните делови, при што ќе бидат променети влечните јажиња, котвите, а ќе се и изврши ремонт на моторите. Во текот на работите комплетно ќе се...
Ставен е под контрола пожарот на Осоговските Планини
Во текот на вечерта и ноќта се гаснеше пожарот на Осоговските Планини, што се закануваше да ги зафати околните села и туристичкиот центар Пониква кај Кочани. Непрекинато во текот на ноќта интервенираа Противпожарните единици на Кочани, Виница, Македонска Каменица и Штип, механизација на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, служби од Полицијата и Македонски шуми од Скопје.
„Пожарот што избувна вчера попладне...
Спасовски во посета на децата на загинатите бранители во Пониква
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ќе ги посети децата на загинатите бранители во одмаралиштето на МВР во Пониква.
Предвидено е да ги поздрави децата, по што ќе следува вежба од припадниците на Единицата за брзо распоредување и изјава за медиуми.
Источниот и Североисточниот плански регион сакаат зимски центар на Пониква
Пониква останува единственото место каде жителите со Североисточна Македонија можат да скијаат. На Пониква има патеки за скијање, меѓутоа, треба да се изградат уште неколку нови, според интересот на граѓаните од овој регион.
Ова е ставот на градоначалниците од Источниот и од Североисточниот плански регион, кои ангажираа бугарски консултанти за изработка на планскиот развој на Пониква и на Осоговски Планини.
Консултантите во...