fbpx
Таг: помош

таг: помош

„Номад“ со бесплатни свежи сокови и кафе за здравствените работници на скопските клиники

Кафе бар „Номад“ извести дека од утре (17 март) па до крајот на неделава, нивните вработени ќе се стават во служба на докторите, медицинските сестри и сите вработени во администрацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. „Ќе бидеме на нашата локација кај Универзитетската клиника за хематологија и ќе можете да дојдете да се освежите со нашите сокови или да земете кафе...

Екипата на „Медена земја“ ќе добие и 10.000 евра од Град Скопје

По Владата која ќе ја награди филмската екипа на „Медена земја“ со околу 50.000 евра, и Градот Скопје ќе додели парична награда во вредност од 10.000 евра за авторската и актерската екипа на документарниот филм „Медена земја“. Ваква одлука се очекува да донесе Советот на Град Скопје, на денешната седница. Оваа награда се доделува за придонесот на ова филмско ремек-дело...

Со помош на Светска банка ќе се модернизира земјоделството

Проект за модернизација на земјоделството во вредност од 50 милиони евра, како и проект за администрирање на социјалното осигурување во вредност од 13,8 милиони евра ќе се реализираат во рамки на четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка. Заменик-министерката за финансии Ширет Елези пред Собранието ги образложи законите со чие усвојување се овозможува финансирање на овие проекти. -Проектот за модернизација на...

Владата одобри 97,5 илјади евра за настраданите од пожарите во Австралија

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување на средства од резервите на буџетот за 2020 година, во висина од 6.000.000 денари (97,5 илјади евра) денари за доделување на помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија. Билансот од австралиската огнена тргедија досега се 23 мртви лица, изгорени шест милиони хектари шума, изгорени 1.500 домови, 500 милиони диви животни...

Град Скопје со 3 милиони денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија

Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари (48.700 евра), информираат градските власти. - Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град...

Бројката на загинати од земјотресот во Албанија достигна 27, повредени над 650 лица

Најмалку 27 загинати и над 650 повредени лица е билансот од катастрофалниот земјотрес што вчера ја погоди Албанија, јавува Радио-телевизија Албанија. Во земјата денеска е прогласен Ден на жалост за жртвите во серијата земјотреси. Албанските медиуми во извештаите нагласуваат дека од урнатините се спасени 46 лица во спасувачката акција, за чие непречено одвивање неколку европски земји испратија свои екипи за...

Владата одобри првични 97.560 евра финансиска помош за Албанија

Владата на својата денешна седница донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари (97.560 евра) како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија. „Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за...

Крива Паланка утре ќе прими 800 Французи од авантуристичкото патување „Еуроп – Раид“

Околу 800 Французи од авантуристичкото патување „Еуроп - Раид“ утре ќе ја посетат Крива Паланка за да донираат училишна и спортска опрема на деца кои немаат пристап до училиште или живеат во неповолни услови. „260 екипажи, секој патник во возило „Пежо 205“, тргнаа од Париз на 27 јули, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе 17 тони училишна опрема...

За две недели, три случаи на залутување на Галичица

Викендов од страна на СВР Охрид, беше алармиран оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС), со информација дека на територија од НП „Галичица“, изгубено е повозрасно женско лице, жител на општина Струга, кое заедно со свој близок роднина, во околината на врвот Лако Сигној, собирале шумски плодови. Двете лица се разделиле и подолго од пет часа, не можеле да воспостават...

АРМ со хеликоптер носи помош во завеаните Танушевци, Брест и Малина Маала

АРМ со хеликоптер во два налета вчера и во саботата доставила повеќе од еден тон храна и неопходни продукти во завеаните села Танушевци, Брест и Малина Маала на северната страна на Скопска Црна Гора. Доставата била организирана на барање на жителите на отсечените села, не на општината на чија територија се наоѓаат. Акцијата ја координирал Центарот за управување со кризи...

Tелефонската линија 0800-11-011 за помош при напад на новинари ќе биде отворена 24/7

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска во Скопје на прес-конференција ја промовираше бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари во случај на закани, напади и насилство кон новинарите. Бесплатната телефонска линија ќе функционира 24/7 и ќе овозможи помош и поддршка на новинарите и медиумските работници во случај на...

Парите од Владата нема да ги деблокираат сите општини?

Донесувањето на законот со кој се обезбедуваат околу 50 милиони евра владини пари за општините, во блокираните општини донесе надеж дека конечно ќе успеат да се ослободат долговите таложени со години, но и прашања дали ќе успеат во тоа. Четири од 11 општини во Источна Македонија – Делчево, Берово, Зрновци и Пехчево се уште работат со блокирани сметки и...

Орбан: Унгарија не му помогна на Груевски да излезе од Македонија

Спротивно на претпоставките и на лажните вести кои беа објавени во медиумите, ниту унгарската држава, ниту унгарските власти му помогнале на Никола Груевски да ја напушти Македонија, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. „Никола Груевски ја посочи својата намера да поднесе барање за азил во едно од унгарските претставништва во странство. Од безбедносни причини,...

Лукаревска: Со проектите за рурален развој парите на граѓаните ќе се вратат кај нив

Претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развоj одржаа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и нејзнините соработници. На состанокот се разговарало за подобрување на соработката на овие две финансиски институции на различни проекти како и успешна имплементација на Програмата за Рурален развој. „Со помош на ваквите проекти, средствата што преку даноци граѓаните ги...

Белград најави помош за обнова на болниците, патиштата и школите за Србите на Косово

Владата на Србија утре ќе одржи заедничка седница со претставниците на српските институции од Косово на која, како што е најавено, ќе биде одобрен пакет помош за српскиот народ на Косово. Директорот на владината Канцеларија за Косово, Марко Џуриќ, најави дека тоа ќе биде сеопфатен пакет помош и поддршка на српскиот народ на Косово наменет за обнова на клинички центар,...

Национална донаторска акција утре по повод Денот за борба против гладта

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на асоцијацијата „Ајде Македонија“ е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши...

Тевдовски: Помошта од ЕУ годишно изнесува 90 милиони евра

Вкупната помош од Европската Унија за Македонија изнесува 90 милиони евра годишно односно 260.000 евра дневно, со почнување на претпристапните преговори овие средства само ќе растат, порача денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски од Штип, кој градоначалникот на оваа општина го оцени како еден од највредните. Тевдовски истакна дека речиси секоја недела учествува на настани за изградба на патишта, пречистителни станици,...

Грција официјално излегува од европската програма за помош

Грција денеска официјално ќе го одбележи завршувањето на програмата за европска помош, со што излезе од една од најголемите кризи во својата историја, која исто така силно се закануваше на еврозоната. Сепак, земјата ја очекуваат уште многу потешкотии за одржување на нејзината економска одржливост. Првиот пакет за помош Грција, како членка на еврозоната, го доби во мај 2010 година, а...

Пломп најави експертска помош од Холандија за Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп на која била изразена поддршка на политиките што водат кон евро-атлантски интеграции на Република Македонија. – Очекувам мнозинството граѓани да гласаат за евро-атлантска иднина на Република Македонија на претстојниот референдум - рекол премиерот Заев, соопшти владината прес-служба. На средбата, како што се наведува во соопштението, е констатирано дека...

Град Скопје ќе додели 2 милиони денари помош за настраданите во пожарот во Грција

Советот на Град Скопје, на втората вонредна седница, едногласно ја донесе Одлуката за давање на парична помош на настраданите во катастрофалните пожари во Грција. Со оваа одлука, како израз на солидарност спрема настраданите во катастрофалните пожари во Грција, Градот Скопје додели помош во износ од два милиони денари, поточно парична помош во износ од милион денари и непарична помош, исто...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...