fbpx
Таг: помош

таг: помош

Државата со 10 милиони евра гаранција, на фирмите ќе им го олесни подигнувањето кредити

Воведување на државна гарантна шема, даночен календар и електронска фактура се некои од барањата кои министерот за финансии Фатмир Бесими за време на средбата во Стопанската комора на Македонија, им вети на стопанствениците дека ќе ги реализира во наредниот период. Стопанствениците побараа полесен пристап до капитал, особено сега во услови на светска економска криза, кога тој е лимитиран. Бесими посочи...

Со помош од ЕУ во вредност од 4 милиони евра ќе се јакне здравствениот систем за брз одговор на заразни болести

Со помош на ЕУ, во Македонија се реализира проект за јакнење на здравствениот систем и брз одговор на заразни болести ковид-19 преку кој ќе се обезбеди опрема во вредност од околу 4 милиони евра. „Го финализираме стратешкиот документ - 10 годишната стратегија за развој на здравството, со поддршка на Европската унија. Со ова, ќе овозможиме унапредување на здравствената заштита, поголемо...

Медицински техничар од Шведска ќе го пренесе искуството во лекување на пациенти со ковид-19 на Инфективна клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку Европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од ковид-19, информираат од Министерство за здравство. Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопил...

Црвен крст на Македонија отвори сметки за донации за настраданото население во Бејрут

Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучи кон светската хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население поради експлозијата во пристаништето во Бејрут. „Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број:...

МНР: Ниту еден македонски граѓанин во Либан не се обратил за помош

Во врска со вчерашната експлозија во Бејрут, која што однесе повеќе од 100 животи и разори делови од градот, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент не се пристигнати информации за евентуално засегнати граѓани на Република Северна Македонија. Од таму додаваат дека, МНР преку дипломатски канали ги презема сите неопходни мерки и активности за добивање на соодветни...

Отворена е телефонска линија за советување и поддршка на ЛГБТИ лица

Од денеска почнува со работа Националната линија за советување на ЛГБТИ лица од целата територија на државата. На телефонскиот број 075/241-124 анонимно без споделување на нивниот идентитет може да се јават ЛБГТИ лица од сите возрасти, нивните семејства, пријатели, но и стручни тимови од училиштата и центрите кои имаат конктакт со ЛГБТИ лица или млади кои се чувствуваат збунето...

Владата обезбеди половина милион евра за радиодифузерите за справување со последиците од корона вирусот

Владата усвои изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Оваа измена ги опфаќа сите радиодифузери во земјата, на кои ќе им се покријат трошоците за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување, информираат од Министерство за информатичко општество и...

Апликацијата „Мој воздух“ отвора можност корисниците да станат амбасадори за чист воздух

Апликацијата AirCare („Мој воздух“) отвара нова можност за корисниците - тие да станат амбасадори за чист воздух. Преку симболична месечна донација од 5,99 долари, секој граѓанин може да стане амбасадор на „AirCare“ и со тоа да добие пристап до ексклузивна група на амбасадори каде што се објавуваат настани, работилници и вебинари како и да помага во одлучувањето за развојот на...

Тања Мишчевиќ: ЕУ покажа дека е одличен сојузник на Западен Балкан

Европската Унија е силен поддржувач и сојузник на регионот Западен Балкан, работи на зајакнување на единствениот пазар како најдобриот начин за излегување од непредвидената криза предизвикана од корона вирусот. Нашиот регион треба да го следи тој пример и да продолжи да работи на засилување и интензивирање на заедничките економски синергии коишто треба да бидат интегрален дел од стратегијата за...

НАТО и ЕУ се согласиле „робустно да одговорат“ на кампањите за дезинформирање

„Министерката Радмила Шекеринска денеска изложи листа на сојузници кои помогнале и помошта која и ја пружиле на Северна Македонија во борба со пандемијата. Мислам дека тоа е најдобриот начин за спротивставување на секој обид за спроведување на кампања за дезинформирање, затоа што со дејствување праќаме јасна порака“, рече вечерва генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по вонредниот состанок на...

Борбата против Ковид-19, преглед на меѓународните донации и косовскиот дискурс

Помина речиси еден месец откако во Косово се појавија првите случаи на вирусот Ковид-19, а покрај внатрешната мобилизација за да се спречи ширењето, започна и меѓународната поддршка во медицински средства и пари. Немајќи големи буџетски и здравствени капацитети за справување со инвазијата на смртоносниот вирус, косовските официјални претставници ја поздравија помошта од Европската Унија, САД, разните меѓународни организации и други...

Турција испрати 50.000 маски и 1.000 тестови за Ковид-19

Донација од 50.000 заштитни маски, 1.000 заштитни одела и 1.000 тестови за КОВИД-19 пристигна денеска од Турција како помош во справувањето со пандемијата. Доставувањето на помошта, според министерот за надвоерешни работи Никола Димитров, го координира НАТО. „НАТО преку својот механизам за помош на некој начин има улога на координативен центар меѓу барањата и потребите на земјите членки и тие што...

„Убиен“ научник кој развивал вакцина за короната и свртени руски знамиња во лажните вести на Балканот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Италијанците не ги симнуваат масовно знамињата на ЕУ, помошта од ЕУ не изостана

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

ЕУ дозволи пристап на Македонија до Европскиот солидарен фонд за справување со Ковид-19

Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денес одржа видео-конференциски состанок со Оливер Вархеји, eврокомесар за соседска политика и преговори за проширување, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Еврокомесарот Вархеји го известил вицепремиерот Османи дека Македонија како земја - преговарач добила пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите - членки на ЕУ ќе...

Минимална плата за функционерите, но не и за јавната администрација

Во вториот сет економски мерки кои Владата ги усвои на денешната седница, донесенa е одлука минимална плата од 14.500 денари за април и мај да примаат спортистите, самостојните уметници како и избраните и именувани функционери на државно и локално ниво, од претседател до директор, информираше на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски. Платата на вработените во јавната администрација нема да се...

Министерството за здравство отвора сметки за донации, донацијата во опрема ќе се договара посебно

Министерството за здравство соопшти дека за сите поединци и фирми што сакаат да донираат пари како помош за справувањето со состојбата со Ковид-19 во земјата, тоа ќе може да го направат преку банкарски сметки. Во денари: Сметка бр. 1900100434 785 K2; Депонент на: НБРМ; Приходна шифра бр. 744311; Програма бр. 10; Цел на дознака: „финасиска помош – КОВИД19“. Во американски долари: Correspondent bank details: CITIBANK NA NEW YORK Address:...

Кампања во Гостивар: Да им помогнеме на келнерите да ги добијат своите плати

Корона вирусот во нашата земја не го погоди само здравјето на луѓето, туку и нивните џебови, односно семејните буџети. Професорот Хасим Деари од Гостивар се одлучил да почне акција, со која средствата за двете кафиња дневно кои вообичаено ги пие во локалните угостителски објекти да ги подари на келнерите во неговиот град, пишува „Порталб.мк“.  Како што вели професорот Деари, најпогодени...

Димитров на видео-конференцијата со Рот побара ЕУ-помош

Првично планирана како реална посета на германскиот Државен министер за Европа, Михаел Рот на земјава на 17 март, денеска се одржа видео-конференција на Рот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на која покрај евроинтеграциите, се дискутираше и за состојбата со ширењето на КОВИД-19. Шефот на македонската дипломатија упати повик до ЕУ да даде поддршка за ублажување на...

ДУИ ги активира волонтерите на терен во време на изолација, колку можат тие да бидат заштитени?

Во време кога владата постојано апелира како мерка на претпазливост да не се излегува од дома, една од владејачките партии ДУИ повика да се оди по домови на стари лица за да се дава помош. Редакцијата на „Порталб.мк“ постави неколку прашања до оваа партија за тоа како смета дека нема да ги загрозува во поголема мерка граѓаните и нема...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...