fbpx
Таг: помош

таг: помош

Стотици миграни на границата молат за помош и за влез во Македонија

На самата граница помеѓу Грција и Македонија, на грчка територија, стотици мигранти со денови безуспешно се обидуваат да влезат на македонска територија, пишува „А1 он“. Под ведро небо, без храна и здравствена заштита, апелираат за помош. Грција бара да заминат од нејзина територија, а Македонија ги спречува да преминат илегално. - Нè третираат како животни. За какви човекови права зборуваат?...

ЕУ и ММФ бараат од Грција да ги намали трошоците и да ги зголеми даноците

На преговорите во Брисел, министрите за финансии на Еврозоната, Европската централна банка и ММФ бараат од Атина да ги намали државните трошоци и давачки за пензија за 11 милијарди евра, како и да ги намали трошоците за одбрана за 400 милиони евра. Тие го отфрлија предлогот на грчкиот премиер Алексис Ципрас да се воведе данок на компаниите кои имаат профит...

Охриѓани собираат хуманитарна помош на мигрантите

Охриѓани денеска, исто како и жителите на Велес, Битола и на Скопје, организирано собираа хуманитарна помош за мигрантите што транзитираат низ Македонија. Помошта се собира во продавниците на „Биокосмос“, на булеварот Туристичка, наспроти Охридска банка, во периодот од 9 до 17 часот. - Со оваа акција сакаме да придонесеме за намалување на страдањата низ кои минуваат бездомните луѓе и деца додека транзитираат...

Осум милиони евра од ЕУ за менаџирање со мигрантите на Западниот Балкан

Во врска со напливот на илегални мигранти во Македонија од Блискиот Исток и од Африка, Европската комисија реагираше преку писмена реакција. Европската комисија потсетува дека може финансиски да ѝ се помогне на Македонија во овој поглед. - Европската комисија ја финализира својата програма за менаџирање на мигрантската криза за Западниот Балкан и за Турција, која изнесува 8 милиони евра, а ќе...

На Ирак му се потребни 500 милиони долари за хуманитарни акции

Хуманитарните организации побараа да се соберат 500 милиони долари за Ирак, соопшти денеска УНИЦЕФ, во пресрет на меѓународниот состанок во Париз посветен на ситуацијата во Ирак и во Сирија. - Хуманитарната ситуација во Ирак се приближува до катастрофа! Итно ни се потребни дополнителни средства за да продолжиме да работиме во земјата – рече претставникот на УНИЦЕФ во Ирак, Филип Хефлинк. Според податоците...

Хуманитарен концерт за помош на семејствата на загинатите полицајци

Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип организира хуманитарен концерт за помош на семејствата на полицајците што загинаа во неодамнешната акција во Куманово. На концертот, што ќе се одржи в четврток, на 21 мај, ќе настапат ученици и нивните професори, кои ќе се претстават со изведба на композиции од класичната и од популарната музика, како и со сопствени рецитали посветени на...

Ахмети се сретна со претставници на ОБСЕ

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, денеска во Скопје се сретна со специјалниот претставник на ОБСЕ за Западен Балкан, амбасадорот Герард Стоудман, како и со високиот комесар за правата на заедниците, Астрид Tорс. Ахмети изразил благодарност за конструктивниот придонес на ОБСЕ и на меѓународната заедница за надминување на тензичната ситуација во Куманово. Тој побарал поголема соработка и регионална комуникација за сите прашања...

ЕУ одобрила помош од 20 милиони евра за Непал

Европската унија одобрила финансиска и хуманитарна помош во вредност од 20 милиони евра за Непал, која на 25 април ја погоди силен земјотрес. ЕУ оваа одлука денеска ја донела на барање на непалската влада, која ќе се соочи со огромен недостиг од пари доколку не добие поголема меѓународна помош. Непал ќе добие 16,6 милиони евра во вид на финансиска помош и три милиони...

Бројот на загинати во земјотресот во Непал надмина 7.000 лица

Непалската полиција денеска потврди дека бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата достигнал 7.074 лица, а 14.000 биле повредени, пренесуваат медиумите. Според официјалните податоци, во земјотресот биле уништени 141.000 куќи, а оштетени биле 150.158 домови. Како што пренесуваат медиумите, полицијата барала повеќе хеликоптери за транспорт на хуманитарна помош на стотиците илјади луѓе, кои се наоѓаат во оддалечените подрачја,...

Се договара помошта на Скопје за Непал

Во тек е состанок на службите на Град Скопје, на кој се договара околу евентуалната помош што градот на солидарноста ќе ја испрати за Непал, кој во саботата беше погоден од катастрофален земјотрес во кој животот го загубија повеќе од 3.000 луѓе, потврди за „Мета“ портпаролот на Град Скопје, Неделчо Крстевски. Тој не можеше да соопшти повеќе информации за тоа како,...

ЕБРД нуди помош до 10.000 евра за малите претпријатија

Европската банка за обнова и развој во Македонија (ЕБРД) обезбедува финансии и бизнис-советување во различни области за пораст и за развој на мали и на средни препријатија. Преку консултантите кои ЕБРД ги ангажира, македонските компании може да користат бизнис-советување, од стратегија и маркетинг, до финансиски менаџмент. - Најголем проблем на компаниите се недоволна продажба, неискористеност на капацитетите, нема систематски напори...

До 20 април Грција мора да подготви список на прифатливи реформи

До 20 април, Грција има рок од европските партнери да подготви список на прифатливи реформи во замена за последната транша што ќе биде испратена преку програмата за меѓународна помош, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Според весникот, овој датум е единствената можност за кредиторите на Грција да имаат време да ги разгледаат предлозите за реформи на Атина пред средбата на Еврогрупата...

СДСМ обвинува дека состојбите со сточарите се излезени од контрола

Сега, кога на Никола Груевски и на групата околу него им гори под нозете, одеднаш излезе дека многу работи можеле и поинаку, па им затребаа и сточарите, рече Татјана Прентовиќ од СДСМ на прес-конференција. Таа рече дека луѓето кои се оставени без субвенции за млеко и за откупено јагне, додека мака мачат со планирањето на производството, министерот Михаил Цветков пред...

Училиштето „11 Октомври“ со хуманитарна помош за поплавените

Во скопското основно училиште „11 Октомври“ во тек е хуманитарна акција за собирање помош за настраданите од поплавените подрачја од неодамнешните поплави во Македонија. Учениците од прво до деветто одделение собираат конзервирана храна, средства за лична хигиена и други продукти потребни за настраданите во поплавите. Хуманитарната акција завршува утре, во 13 часот, кога собраните работи ќе бидат предадени на...

Град Скопје ќе даде три милиони денари помош за поплавените

Советот на Град Скопје денеска одржа вонредна седница на која донесе одлука за давање помош на настраданите од поплавите во Република Македонија. Со оваа одлука, Градот Скопје, како израз на солидарноста спрема настраданите од поплавите во Република Македонија, ќе даде парична помош во износ од три милиони денари. Во согласност со оваа одлука, која Советот ја донесе едногласно, средствата ќе бидат префрлени...

Основци собраа хуманитарна помош за свои врсници од поплавените подрачја

Во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во тек е хуманитарна акција за собирање помош за настраданите во поплавените подрачја во земјава. - Одзивот беше навистина голем. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и слично се презема од општинскиот Црвен крст. Со нашиот скромен придонес, барем малку да им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им...

Преку телефон досега собрани повеќе од 700.000 денари помош за поплавените

Хуманитарна помош во поплавените подрачја во Битола, Прилеп, Штип, Кочани, Струмица, а вчера попладне и во Кичевско и во Гостиварско, дистрибуираше Црвениот крст на Република Македонија. Преку мобилните телефони од „Т-Мобиле“, „Оне“ и од „Вип“, 070/075/077 143 400, до денеска се собрани вкупно 4.683.500 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 741.987 денари. Во битолскиот регион се дистрибуирани...

СВР Охрид се вклучи во акцијата за помош на поплавените подрачја

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи од Охрид и Граничната полиција - Регионален центар Запад, се вклучија во акцијата за собирање помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија. Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја...

Собрани повеќе од три милиони денари за поплавените региони

Преку мобилните телефонски броеви за донирање 070/075/077 143 400 се обезбедени вкупно 2.950.000 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 150.000 денари, соопштија од Црвениот крст на Република Македонија. „Дистрибуирана е хуманитарна помош во 255 пакети храна, 1.229 пакети за хигиена, 1.000 ќебиња, 145 тони вода, 80 душеци и 156 литри средства за дезинфекција. Со помошта се...

За поплавените, помош собираат и Македонците во Албанија

Под мотото: „Биди хуман, секому може да му се случи“, во хуманитарната акција за собирање помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија, се вклучени и етничките Македонци од Република Албанија. Повик за собирање хуманитарна помош упати Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...