недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: помилување | 47 резултати

Камбовски: Европската конвенција за човекови права дава можност да се укине аболицијата

април 18, 2016

Академик Владо Камбовски го повикува претседателот Ѓорге Иванов да ја прочита Европската конвенција за човекови права и слободи и да престане да тврди дека нема начин да ги поништи решенијата за аболиција за тие што го бараат тоа од него, пренесе „Сакам да кажам“. „Го повикувам претседателот Ѓорге Иванов, кој тврди дека немало правно решение […]

Мијалков бара Иванов да ја повлече одлуката за негова аболиција

април 16, 2016

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, бил убеден дека претседателот Ѓорге Иванов имал доба намера, но го повикува да ги повлече одлуките за прекин на постапките што се однесуваат на него, пишува „Прес 24“. Тој смета дека не сторил ништо незаконско и затоа, како што вели, со одлуката на претседателот, граѓаните нема да имаат […]

Ахмети и Заев разговараа за политичката криза и за оставка на Иванов

април 15, 2016

Претседателите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, денеска имале средба од половина час на која разговарале за актуелната ситуација, за општата амнестија на политичарите што ја потпиша претседателот Ѓорге Иванов и за негова оставка. Ставот на двете партии е дека одлуката за аболиција од претседателот Иванов треба да биде отповикана. Лидерот на ДУИ денеска […]

ОБСЕ: Истрагите на СЈО и судските процеси мора да продолжат

април 14, 2016

Претседателот соопшти дека неговите намери се да придонесе за решавање на тековната криза, но, сепак, граѓаните имаат право да видат дека политичка и правна одговорност е понесена, вели шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, по повод одлуките на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 лица за кои се водат кривични постапки. Според […]

Помилувањата на Иванов стигнаа во Кривичниот суд во Скопје

април 14, 2016

Попладнево во Основниот суд Скопје 1 биле доставени сите одлуки на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција на политичари и на нивни соработници против кои се водат предистражни, истражни и судски постапки. Како што информираат од судот, сите одлуки сосе решенијата за конкретните предмети биле дадени на судиите што ги водат предметите за постапување. „Во […]

Јанева: За украдените пари нема помилување

април 14, 2016

Никој не може да го задржи незаконски стекнатиот имот, тој подлежи на конфискација и за него не важи никаква аболиција или помилување, посочи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната прес-конференција во обвинителството. – Би сакала да го цитирам член 97, став 3 од Кривичниот законик кој вели: „Одлука за конфискација судот ќе донесе во […]

Бедредин Ибраими од ДИК го одби помилувањето на Иванов

април 13, 2016

Бедредин Ибраими, член на Државната изборна комисија од ДПА, денеска на прес-конференција рече дека нема никаква причина претседателот Ѓорге Иванов да го помилува за дело за кое никој не го гони. – Против мене СДСМ како партија поднесе кривична пријава за мојата одлука да гласам за поништување на гласањето на три избирачки места во општина […]

(Визуелизација) Кои се, што се и колкумина се помилуваните од Иванов?

април 13, 2016

Одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари е објавена во „Службен весник“, каде се наведени имињата на 54 лица помилувани од претседателот. Меѓу нив се и имињата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешните министри за внатрешни работи и […]

СДСМ до Собранието поднесе иницијатива за одговорност на Иванов

април 13, 2016

Пратеничката група на СДСМ денеска поднесе иницијатива за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за помилување на сите политичари за кои има предистражни, истражни постапки или правосилна судска одлука. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, ги повика пратенички групи да се приклучат на иницијативата и да ја поддржат затоа што сите […]

Помилувањата за Груевски, Мијалков, Црвенковски, Јанкулоска и за други, објавени во „Службен весник“

април 13, 2016

Одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари експресно е објавена во „Службен весник“, каде се наведени имињата на лицата помилувани од претседателот. Меѓу нив се и имињата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешните министри за внатрешни работи и […]

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

април 13, 2016

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата, покојниот Киро Глигоров. Сите негови наследници во своите мандати аболираа […]

СДСМ: Иванов на функција дојде преку криминални избори

март 18, 2016

Ѓорге Иванов го призна изборниот криминал на Никола Груевски и се вклучи во негова директна заштита, реагираат од СДСМ на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов. „Денеска Иванов намерно не ги спомена организаторите на изборните измами во својата скандалозна изјава. Јасно е зошто Иванов целосно се стави во одбрана на изборниот криминал на Никола Груевски и на […]

Уставниот суд донесе срамна одлука, реагираат опозицијата и граѓанските задруженија

март 16, 2016

Опозициските политички партии денеска ја осудија одлуката на Уставниот суд со која на претедателот на државата му се овозможува да помилува и да аболира лица гонети за изборен криминал, педофили и нароко-дилери. Од опозицискиот СДСМ велат дека срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството, со […]

Уставниот суд даде виза за помилување на изборниот криминал

март 16, 2016

Уставните судии на денешната седница ги укинаа измените на Законот за помилување од 2009 година, со што му се даде можност на претседателот на државата да помилува педофили, нарко-дилери и лица осудени за изборен криминал, се дознава неофицијално. Новинарите се веќе собрани пред судот, каде наскоро ќе почне брифинг, на кој се очекува и официјално […]

Фродем: Враќање на помилувањето значи суспендирање на уставниот поредок

март 13, 2016

Враќањето на можноста за помилување на учесници во злосторнички здружен потфат за фалсификување на граѓанската изборичка волја во суштина значи судспендирање на уставниот поредок, велат од Граѓанското здружение Фродем. „Тоа значи суспендирање на волјата на граѓаните и нивното право на глас и истото тоа право во иднина слободно и неказниво да го користат организираните криминални […]

Уставниот суд повторно побара мислење од Собранието за Законот за помилување

март 9, 2016

Уставниот суд повторно побара мислење од Собранието на Република Македонија за законот со кој на претседателот на државата му се ускратени уставните права, сo што тој не може да помилува лица осудени за изборни неправилности и педофили. Собранието има рок од седум до 30 дена да се изјасни и да даде свое мислење. Собранието и Владата се изјаснија и […]

Протест пред Уставниот суд: „Мафија на робија“, „Оставка“, „Има Грујо – нема мир“.

февруари 25, 2016

Удирајќи во тенџериња и лонци, група граѓани вчера повторно  се собраа пред Уставниот суд да го искажат незадоволството од одлуката на судот да ја разгледа иницијативата за промена на Законот за помилување, која предвидува да може да се помилуваат и лица што се гонат или се осудени за изборен криминал. Насобраните граѓани извикуваа „Мафија на робија“, […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека нашата партија стои зад одлуките на Уставен суд

февруари 25, 2016

ВМРО-ДПМНЕ стои зад измените во Законот за помилување што беа усвоени во 2009 година, а со кои е предвидено да не може да има помилување за одредени категории осуденици, како тие на кои им е одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично, но не стои  зад одлуките на Уставниот суд, се вели во соопштението […]

ЛП: Со можноста за помилување, Уставниот суд ги компромитира и следните избори

февруари 25, 2016

Отворањето постапка во Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот за помилување во делот на помилување лица што сториле кривични дела поврзани со изборниот процес, за Либералната партија веќе значи навестување на уште поголеми слободи на насилниците во изборниот процес. „Ваквата постапка значи можност за помилување на лица што го криминализирале изборниот процес и […]

Шилегов: Со одлуката на Уставниот суд Груевски ја призна вината на своите соработници

февруари 24, 2016

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска на прес-конференција рече дека со одлуката на петте партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд, Никола Груевски ја призна вината на своите најблиски соработници за изборните измами. – Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза. Дали ваквата одлука на Уставен суд се носи со намера […]

Страна 2 од 3