fbpx
Таг: полициски час

таг: полициски час

Денеска почнува да важи полицискиот час од 16 часот попладне до 5 часот наутро

Согласно одлуката на Владата, одржана на 25 март, денес во 16 часот почнува да важи забраната за движење за време на викендите. Забраната за движење се однесува на целата територија на државата и е со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Поради оваа мерка, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе...

Нема докази дека милениците го пренесуваат Ковид-19

Здружението за заштита на животните Анима Мунди поднесе барање до Владата за измени во полицискиот час. Воедно, тие бараат од министерот за здравство, Венко Филипче, јавно да соопшти дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат корона вирусот. „Бараме јавно да биде соопштено од министерот за здравство дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат вирусот...

Патничките возови во земјава викендов нема воопшто да сообраќаат

Патничкиот железнички сообраќај во нашата земја викендов целосно ќе замре. Од Железници на РСМ - Транспорт информираат дека поради воведувањето на полицискиот час од 16 до 5 часот во сабота и недела, се врши и времена измена на возниот ред со која патничките возови во деновите од викендот нема воопшто да сообраќаат. Единствен исклучок ќе биде сообраќањето на патничките...

МВР: Се намалува бројот на лица што го прекршуваат полицискиот час

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на изминатата ноќ се намалил бројот на лица што го прекршиле полицискиот час. По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот, утврдено е дека 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат...

МВР: 103 лица не го почитувале полицискиот час во текот на вчерашната ноќ

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека 103 лица не го почитувале полицискиот час во текот на вчерашна ноќ. Поради непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот, ноќта меѓу 24 и 25 март биле приведени 63 лица во полициска станица, 31 лице биле опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на...

Полицискиот час минатата ноќ не го почитувале 133 лица, МВР им изрекла казни на сите

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие евидентирало дека 133 лица не го почитувале полицискиот час, од кои најмногу во Скопје (44). Поради непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот, биле приведени 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71...

Полицискиот час го измени возниот ред на патничките возови

Железници на РСМ - Транспорт го измени возниот ред на патничките возови во услови на ограничено движење на граѓаните во периодот од 21 до 6 часот. Меѓу Скопје и Табановце, ќе сообраќаат единствено возовите кои главниот град поаѓаат во 6:45 и 16:30 часот, додека од Табановце ќе поаѓаат од 8:05 и 17:45 часот. Другите возови на оваа релација нема...

Хелсиншки: Нејасна е целта на полицискиот час, ако парковите и игралиштата се преполни преку ден

За Хелсиншкиот комитет за човекови права е нејасна целта на радикалната забрана за движење на населението во периодот од 21 до 6 часот секој ден и насловувањето на оваа мерка како „полициски час“, доколку во текот на денот парковите, игралиштата и другите јавни површини остануваат главни собиралишта на големи групи луѓе. „Можноста за ширење на вирусот е еднакво голема во...

Регистарот на СЕММ и ЗНМ постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потенцира дека Регистарот на професионални онлајн медиуми на Советот за етика во медиумите (СЕММ) и ЗНМ е изработен на волонтерска основа и единствено служи за да се промовираат и афирмираат медиумите кои ги почитуваат професионалните стандарди и критериумите за членство во овој регистар. Од ЗНМ во нивното соопштение нагласуваат дека владиното ограничување, според кое,...

За непочитување на полицискиот час парични казни или затвор до една година

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека непочитувањето на полицискиот час којшто почнува вечерва ќе значи извршување на кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од членот 206 од Кривичниот законик. „Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува забрана за движење на населението...

Армијата ќе помага во чувањето на виталните објекти и во спроведување на полицискиот час

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната прес-конференција соопшти дека владата донела Уредба со законска сила со која на армијата ѝ дава обврска во услови на вонредна состојба да биде целосно во функција на поддршка на државните органи. Веќе е формиран оперативен штаб помеѓу армијата и полицијата и прецизно се дефинирани начините на кои армиските припадници ќе и асистираат...

Владата од утре воведува полициски час, од 21 часот навечер до 6 наутро

Вечерва на седница на Владата донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот, информираше премиерот Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил. „Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните...

Филипче предлага радикални мерки: Затворање на театри, кина, теретани и скратено работно време на кафулињата (инфографик)

На тројца од вкупно деветтемина пациенти со корона вирус на Клиниката за инфективни болести од синоќа лесно им се влошила состојбата и дишат поотежнато. Тројцата имаат над 65 години, но, како што информира министерот за здравство Венко Филипче, „засега не им е потребна респираторна поддршка“. Во меѓувреме, министерот посочи дека за корона вирусот се тестира уште еден пациент кој утрово...

Повеќе од 20 загинати во Хјустон, воведен полициски час поради кражби

Во Хјустон е прогласен полициски час додека градот се бори со последиците од ураганот Харви, кој кон крајот на минатата недела ја погоди американската сојузна држава Тексас. Невремето донесе рекордни количества дожд, големи делови од градот се поплавени, многу домови се уништени, а повеќе од 20 лица ги загубиле животите, пренесува „Би-би-си“. Градоначалникот на Хјустон, Силвестер Тарнер, изјавил дека полицискиот час...

Укинат полицискиот час во Шарлот

Градските власти го укинаа полицискиот час во Шарлот, во сојузната американска држава Северна Каролина, воведен по немирите што избија откако полицијата минатиот вторник го уби 43-годишниот Афроамериканец Кит Ламонт Скот. Во првите две ноќи од протестите, беа повредени повеќе од 10 полицајци. Полицискиот час траеше до синоќа, кога градот беше домаќин на натпревар од лигата на американски фудбал. Шарлот им се придружи на...

САД: Во Шарлот воведен полициски час

Полициски час синоќа е воведен во американскиот град Шарлот, во Северна Каролина, по три дена протести кои почнаа откако полицаец уби маж од афроамериканско потекло. Градоначалникот на Шарлот потпиша документ со кој полициски час е воведен од полноќ до шест часот наутро. Протестите, сепак, продолжија и по полноќ, но полицајците не апсеа луѓе на улиците во првите минути по полицискиот час. https://twitter.com/benlwilliamson/status/779116453769469960 Демонстрантите...

Седум експлозии за 10 минути го потресоа Дијарбекир

Најмалку седум експлозии во рок од 10 минути одекнале вчера во предградие во Дијарбекир, еден најголемите градови во југоисточниот дел на Турција, населен претежно со курдско население, јавуваат светските агенции. Експлозиите го потресле предградието Сур, а засега нема информации за загинати и за повредени лица, како и за тоа кој стои зад нападите. Дијарбекир, инаку, важи за неофицијален главен град на...

Петмина загинати во налетот на ураганот Винстон на Фиџи

Пет лица ги загубиле животите на Фиџи во најсилниот ураган што некогаш поминал низ овој архипелаг во Тихиот Океан, на кој живеат околу 900.000 жители, јавуваат светските медиуми. Ураганот Винстон бил проследен од ветер кој дувал со брзина од 320 километри на час и од бранови со висина до 12 метри. Во налетот на ураганот неколку села на Фиџи биле целосно уништени, а поради...

Ураганот Винстон се заканува да ги погоди Фиџи

Островската држава во Тихиот Океан, Фиџи, воведе полициски час поради силниот ураган кој се заканува да ја погоди земјата. Како што јавуваат агенциите, откажани се сите летови, а премиерот на земјата ги предупредил граѓаните да се засолнат. Според „Би-Би-Си“, ураганот Винстон веќе го погодил главниот остров на Фиџи, Вити Леву, и се движи кон главниот град на земјата Сувa, со...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...