fbpx
Таг: полициски час

таг: полициски час

Владата ја дополни одлуката за движење за компаниите што вршат извоз, увоз или транзит на стока за време на полицискиот час

Владата денеска одржа кратка седница на која е донесен заклучок во однос на исклучоците кои се однесуваат на дозволите за време на забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока, за кои ќе биде дозволено нивното движење доколку за стоката е издаден транспортен документ Т1 или ТИР карнет, или пак,...

МВР: Полицискиот час го прекршиле 12 лица, 408 санкции за неносење на маска

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека од вчера, од 22 часот до 5 часот денеска, 12 лица не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, полицискиот час. „Синоќа, дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски, направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни...

Стартуваше полицискиот час, улиците беа речиси празни а граѓаните ја почитуваа забраната за движење

Синоќа од 22 часот стартуваше полицискиот час, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски направи увид на неколку полициски пунктови. „Полициските службеници од сите организациони единици на Министерството за внатрешни работи се на првата линија во битката за заштитата на здравјето и животот на сите наши граѓани. Согласно мерките донесени од Владата подготвено, плански и темелно постапуваме со една цел,...

Обезбедена бесплатна мобилна апликација BE SAFE за жртвите на семејно насилство за време на полицискиот час

СОС линија семејно насилство фото: МТСП
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) известува дека жртвите на семејно насилство кои ќе имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство за време на полицискиот час, во периодот од 22 до 5 часот наредниот ден, треба најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141-700. Линијата обезбедува...

Патничките возови од денеска со изменет возен ред поради полицискиот час

Поради воведувањето на полициски час во земјава во периодот од 10 до 22 март, Железници на РСМ-Транспорт ги известува патниците дека ќе има изменет возен ред на патничките возови. На релацијата Скопје-Битола-Скопје, патничките возови во наредните 12 дена ќе поаѓаат од Скопје во: 6:57, 13:49 и 17:25 часот. Возовите од Битола за Скопје ќе поаѓаат во: 5:30, 12:51 и 17:45...

Поради полицискиот час, ЈСП ги објави последните термини на поаѓања на линиите од јавниот превоз

ЈСП-Скопје информира дека од денеска, среда (10.03.2021 година) јавниот превоз ќе сообраќа до 22 часот. Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Владата на РСМ за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22 март. Од Јавното сообраќајно претпријатие ги потсетуваат корисниците на јавниот превоз, дека и натаму не важи...

Издадените дозволи за движење од МИОА ќе важат и за полицискиот час што ќе почне од среда

Душко Арсовски Муамет Хоџа фото : Влада на РСМ
Портпаролот на Влада, Душко Арсовски информираше дека дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март 2021 година. „Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и...

Заев: Од утре вечер полициски час од 22 до 5 часот, ќе трае наредните 12 дена

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција информираше дека владата донела одлука за воведување на полициски час, којшто ќе почне утре вечер (10 март 2021 г.) и ќе трае до 22 март. Полицискиот час во овој период ќе трае секој ден од 22 часот навечер до 5 часот наутро, со што практично се прифати вчерашниот предлог на Комисијата за заразни...

Филипче: Полицискиот час ќе почне од среда и ќе трае секој ден во период од две недели

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека полицискиот час во целата земја би започнал од среда навечер (10 март) и засега е одлучено оти ќе трае во период од две недели, вклучувајќи го и викендот во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро. „Евидентно беше дека во текот на изминатата недела до 10 дена се...

Комисијата за заразни болести предлага полициски час од 22 до 5 часот

Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска предложи воведување на полициски час во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот. „Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради...

Есенва воздухот во Скопје е драстично позагаден отколку изминатата пролет, за време на полицискиот час [инфографик]

Аерозагадувањето во Скопје било далеку пониско изминатата пролет, кога на сила беше полицискиот час, во споредба со есенва. Рестрикциите на движењето, коишто го ограничија сообраќајот во Скопје, индустриското производство, па дури и палењето на огнови на отворено, доведоа до почист воздух во текот на март и април, наспроти месеците октомври и ноември 2020 година, покажуваат податоците за мерењето на...

Пламна ковид-19 на Балканот, државите од регионот повторно воведуваат рестрикции [инфографик]

Европа е повторно жариште на нов бран на заразени со ковид-19, болеста што ја предизвикува новиот корона-вирус. Балканскиот полуостров е особено зафатен со новиот наплив на заразени. Кривите на графиконите на сите земји во регионот се движат во нагорна линија, нешто што здравствените експерти и епидемиолози го најавуваа уште пред неколку месеци. Ниските температури, а со тоа и почестите...

Филипче: Ситуацијата е сериозна, новите мерки се последен чекор пред воведување на полициски час

Работното време на сите економски оператори, пред сѐ на угостителските објекти, да биде до 23 часот, јавниот превоз да работи до 50 отсто од капацитетот на автобусите, вработените во администрацијата, како и секаде каде дозволува работниот процес, или да работат во смени или од дома, зависно од профилот на работното место. Ова се предлозите на Комисијата за заразни болести,...

Вистиномер: Заев со различни аршини за вонредната состојба

На 18 март годинава, кога беше прогласена првата вонредна состојба за справување со пандемијата, премиерот Зоран Заев изјави дека ја поздравува и дека таа ќе придонесе за брзо и ефикасно спроведување на мерките. Тогаш имаше вкупно 48 заболени. На 15 октомври, пак, Заев изјавува „бројките се до плафон“, „сите можеме да бидеме заразени“, „верувам дека не треба да размислуваме за...

Граѓаните на Мелбурн напаѓаат полицајци гневни поради вонредните мерки

Во јужниот австралиски град Мелбурн, еден од двата најголемите градови во Австралија, има значителен пораст на луѓе што даваат отпор на мерките за изолација и затворање во домовите поради пандемијата со ковид-19, јави Би-Би-Си. Полициски час од 22 до 5 часот беше воведен ноќта меѓу неделата и понеделникот во петмилионскиот Мелбурн, а од неделата властите започнаа воведување на низа мерки...

Протестот пред српскиот парламент заврши со десетици повредени и уапсени демонстранти

Десетици повредени лица, уапсени демонстранти и запалени полициски возила е билансот од синоќешниот протест што се одржа пред Парламентот на Србија во Белград. Протестот во главниот град започна откако српскиот претседател Александар Вучиќ објави враќање на полицискиот час и други рестриктивни мерки за спречување на натамошното ширење на корона вирусот во земјата. Улицата пред српскиот парламент беше блокирана од...

Ширењето на ковид-19 ќе се спречува со засилени контроли на полицијата и инспекцијата

Наместо секојдневен полициски час во периодот од 22 до 5 часот, владата на денешната седница одлучи да се воведат засилени контроли од полицијата и инспекциските служби во општините каде што има поголем број на новозаболени лица со ковид-19, се вели во соопштението на владината прес-служба. Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни...

За еден месец 5.783 лица во изолација и 2.216 во самоизолација (инфографик)

Во тек е вториот бран на корона вирусот, расте бројот на новозаразени, а со нив и бројот на лицата што одат во изолација и самоизолација. За еден месец, од 8 мај до 9 јуни, Министерството за внатрешни работи евидентирало 5.783 лица на кои им биле издадени решенија за изолација, а 2.216 потпишале изјави за самоизолација. Нивниот број почнува да расте...

МВР викендов фатило 609 прекршители на полицискиот час, дел од граѓаните ја игнорираа забраната за движење

Полицискиот час на сила, дел од граѓаните на улица. Ваква беше ситуацијата во Скопје во текот на изминатиов продолжен викенд во услови на рапиден раст на бројот на новозаболени лица од ковид-19. Се чини дека дисциплината беше најлоша во неделата, кога цели семејства со мали деца излегоа да се прошетаат надвор од своите домови низ сите скопски населби. Притоа,...

203 граѓани вчера не го почитувале полицискиот час, казни и за 481 лице без маски

И покрај тоа што земјава е присутен вториот бран со забрзано ширење на корона вирусот, Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрира непочитувања на владините мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 од страна на граѓаните. Само во текот на вчерашниот ден, евидентирани се 203 лица низ целата земја кои не го почитувале полицискиот час, при што приведени биле 155...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...