fbpx
Таг: полицаец

таг: полицаец

Одбил да застане и удрил полицаец на раскрсница

Полициски службеник вчера, околу пладне, бил удрен од автомобил додека го регулирал сообраќајот на раскрсницата од улиците Маршал Тито и Видое Смилевски-Бато, во Тетово. Според полицијата, сообраќајниот полицаец бил удрен од автомобил, што го управувал А.Б. (31) од селото Нераште, кој одбил да застане на неговата наредба. Полицаецот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, за укажување лекарска помош, а...

Му ја искинал кошулата на полицаецот што го застанал

Вчера, во 9.15 часот, на автопатот Велес - Тетово, обиколница Скопје, кај клучката Мирковци, полицајци од сообраќајна патрола, при преземање службени дејства над возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ф.Р. (28) од село Љуботен, биле омаловажувани. Возачот се обидел да им ги одземе службените акти, при што во еден момент ја турнал вратата на службеното возило...

Заев: Полицаецу со тебе се гордее цела Македонија

„Драг полицаецу, во оваа наша земја, огромен е бројот на луѓето во кои живее по еден човек. Само малкумина од врхушката на власта го имаат убиено човекот во себе. Ти си тој од кој денеска излезе на виделина најголемиот човек со големо „Ч“, човек со големо срце и душа, чесен човек со сите човечки особености и доблести. Ти што...

Застрелан полицаец во Њујорк

Дваесет и петгодишен службеник на њујоршката полиција вчера бил застрелан во глава од вооружено лице во околината на Квинс, јавува „Би-Би-Си“. Полицаецот Брајан Мур, кој се наоѓа во критична состојба, бил застрелан кога со својот колега, со необележан полициски автомобил, пресретнале лице за кое претходно се посомневале дека е вооружено со пиштол. Според информациите на полицијата во Њујорк, осомничениот за пукањето...

Истепал полицаец во кафеана

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.И. (28) од струмичко Ново Село, за напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста. Според полицијата, на 18 јануари 2015 година, во угостителски објект во Ново Село, пријавениот без повод и причина физички нападнал полицаец кој вршел службени работи.

Полицаец осомничен за шверц на илегални мигранти

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднел кривична пријава против полицаецот А.Х. (29) од Скопје, осомничен дека при крајот на октомври минатата година шверцувал илегални мигранти, соопшти МВР. Како што информираат од МВР, осомничениот полициски службеник и скопјанецот Р.С. (33), кон крајот на октомври за одреден паричен надомест прифатиле да пренесат илегални мигранти од Гевгелија до Скопје. Откако ги...

Кавадарчанец со нож нападнал полицаец

Дваесет и осумгодишен кавадарчанец минатата недела со нож нападнал полицаец пред полициската станица во градот, информираат од полицијата. Како што соопштуваат оттаму, осомничениот О.К., на 23 јануари, околу 16 часот, без повод и причина му се доближил на полицискиот службеник и почнал да му се заканува, а потоа го нападнал со нож. Тој веднаш бил совладан и уапсен. Од полицијата додаваат...

Франција: Идентификуван убиецот на полицајката од Монруж

Полицијата го идентификуваше лицето што во вчерашната престрелка ја уби полицајката во Монруж, на југот на Франција. Приведени се две лица блиски до осомничениот. Француските власти повеќепати истакнаа дека убиството на полицајката во Монруж не е поврзано со терористичкиот напад на „Шарли ебдо“. Сепак, весникот „Фигаро“ истакнува дека иако нападите не се поврзани, лицето што ја уби полицајката и браќата Куаши ѝ припаѓаат...

Кривична пријава за полицаец кој стрелал во тркало од автомобил

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против полицаец од Прилеп, осомничен за предизвикување општа опасност, кога при извршување службена должност стрелал во тркало од автомобил, поради што возилото завршило во ендек. Како што информираат од МВР, инцидентот за кој се товари полицаецот се случил на 6 октомври годинава, на патот меѓу селата Црнилишта и Ропотово. Вечерта,...

Доделени наградите за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им ги додели наградите на најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2014 година, а наградата е по 10.000 денари. Годинава, наградата за најдобар полицаец ја доби Љупчо Стојановски, вработен во полициска станица од општа надлежност во Гази Баба. Најдобар пожарникар е Зоран Ј. Трајаноски, пожарникар-спасител во бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и...

Полицаец уби афроамерикански тинејџер во Сент Луис

Полицаец уби 18-годишен Афроамериканец на бензинска пумпа во Сент Луис, јавуваат американските медиуми. Жртвата е идентификувана како Антонио Мартин. Корисниците на социјалните мрежи се преплавени со фотографии и со видеозаписи од местото на инцидентот, а на некои од нив се гледа и расплаканата мајка на убиениот тинејџер. Scene where #antoniomartin's 18 year old body has been laying for 2 hours. pic.twitter.com/dUm7nwSXPQ —...

Полицаец од преминот Ќафасан осомничен за примање поткуп

Раководител на смена во полициската станица на граничниот премин Ќафасан е осомничен дека од двајца странски државјани побарал и примил поткуп од 50 евра, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за полицискиот службеник Љ.П. (43) од Тетово, против кого е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Според полицијата, осомничениот полицаец на 6 декември од двајца албански државјани, кои патувале...

(ВИДЕО) Црнец убиен во синагога во Бруклин

Полицаец уби Афроамериканец во синагога во Бруклин, откако со нож се заканувал и барал да му донесат Библија. Како што јавуваат американските медиуми, 50-годишниот Калвин Питерс ја прекинал молитвата на верниците и побарал копија од Библијата, а набргу потоа извадил нож и нападнал Евреин. Полицијата веднаш пристигнала на местото на инцидентот, а Питерс, заканувајќи се со ножот, ги предизвикал полицајците...

Полицаец повреден при тепчка меѓу навивачите на „Вардар“ и на „Шкендија“

Полицаец доби повреди во пределот на главата откако полицијата интервенираше на вчерашната тепачка меѓу навивачките групи на фудбалските клубови „Вардар“ и „Шкендија“ кај градскиот стадион во Тетово. Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, инцидентот настанал откако група од 30-40 навивачи на „Вардар“, околу 13.30 часот, пристигнале и сакале да влезат на стадионот каде се играл куп-натпреварот помеѓу...

Полицаецот што го застрела момчето црнец поднесе оставка

Дарен Вилсон, полицаецот од Мисури, што уби црн тинејџер, поднесе оставка, а неговиот адокат изјави дека одлуката за заминување од полицијата стапува на сила веднаш. На 9 август Вилсон го застрела невооруженото 18-годишно момче Мајкл Браун, по што настанаа серија протести во Фергусон. Протестите минатата недела се проширија и низ 180 градови во САД.  

Полицијата во Фергусон уапси 15 демонстранти

Уште 15 демонстранти уапси полицијата во Фергусон за време на новите протести против одлуката да не му биде судено на полицаецот кој во август застрела младо афрамериканско невооружено момче. Откако насобраната група луѓе не ја послушала наредбата да се разотидат, полицијата привела дел од насилните демонтранти.  

(ВИДЕО) Кливленд: Полицијата објави снимка од убиството на момчето

Полицијата во Кливленд објави снимка од убиството на 12-годишникот, кој полицаец го застрела мислејќи дека в рака држи вистински пиштол. Полицајците, наводно, трипати го предупредиле Тамир Рајс да ги крене рацете. На снимката се гледа како црномурното момче си игра со реплика пиштол, разговара на мобилен телефон, а во поголем дел од видеоматеријалот изгледа дека му е здодевно и се...

Застреланиот полицаец пуштен на домашно лекување

Полицаецот што синоќа беше застрелан во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје и притоа доби повреда на левото рамо, е пуштен на домашно лекување. Според неофицијални информации, настанот се случил кога полицаецот, кој бил без униформа и не бил на работно место, тргнал кон Старата скопска чаршија. На улицата Стив Наумов, тој бил нападнат од две непознати лица, при што едното...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...