Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа
7 ноември 2024
Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во мај годинава, дури 40 немаат импресум, што значи дека имаат нејасно и нетранспарентно сопствеништво, покажува најновото истражување што го спроведе Мета.мк. Импресумот најчесто содржи податоци за името на фирмата на која е регистриран порталот, седиштето, контактот, името […]