fbpx
Таг: политичка криза

таг: политичка криза

Габриел: Будењето на старите емоции е голема опасност за Македонија

Степенот на неизвесност, кој моментално го имаме и при кој повторно се будат старите емоции, е голема опасност. Затоа сакаме да се ангажираме за тоа, на целиот Западен Балкан, а особено во однос на актуелната ситуација во (ПЈР)Македонија, да се води грижа за да дојде до воспоставување на мирен и демократски соживот, порача министерот за надворешни работи на Германија,...

Кукан: Бојкотот на парламентот стана омилен спорт на Балканот

Бојкотот на парламентот се претвори во спорт во Балканскиот регион, но политичката дебата во земјите треба да се води во парламентот, изјави европратеникот Едвард Кукан, за време на вчерашната дебата во Европскиот парламент, насловена „Криза на демократијата на Западен Балкан“. Кукан, говорејќи за политичката ситуација во Македонија, Албанија, Црна Гора и во Косово, рече дека никој во ЕУ не го...

Груевски го информирал Тобијас Зек за политичката ситуација во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски денеска на Малта имал средба со германскиот пратеник од редовите на ЦСУ, Тобијас Зек, кој е потпретседател на ЕПП во Советот на Европа, и со него разговарал за политичката криза во Македонија. „Груевски го запознал соговорникот за најновите политички случувања во Македонија, за изборната измама што поразениот СДСМ ја направил со прифаќањето на тиранската платформа...

СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде дел од решението

Ниту Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ не се повеќе фактор на одлучување во Македонија, реагираат од СДСМ на патоказот за излез од политичката криза, кој денеска го објави ВМРО-ДПМНЕ. - Граѓаните одлучија. Политичарите како Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои ги создадоа проблемите, не можат да бидат дел од решението. Затоа, порачуваме, ВМРО-ДПМНЕ да се помири дека е опозиција, да престане да...

ЕПП е длабоко загрижена за ситуацијата во Македонија

Европската народна партија (ЕПП) денеска изрази длабока загриженост за ситуацијата во Македонија и ги осуди провокациите кои ги нарушуваат меѓуетничките односи, јавува телевизијата „Алсат М“. Во резолуција за Западен Балкан, која треба да биде усвоена на дводневниот конгрес на ЕПП на Малта, на кој присуствува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се повикуваат политичките лидери да ги избегнуваат радикалната реторика...

Флекенштајн: ВМРО не сака да се тргне, а ЕУ и ЕПП не ја поддржуваат таквата политика

Европратеникот и известувач за Македонија на Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн, изјави дека е разочаран од случувањата во македонската држава и порача дека Европската Унија треба демократски да помогне во решавање на македонската политичката криза, јавува државната агенција МИА. – Да, разочаран сум многу во однос на тоа како да се излезе од оваа состојба. Одговорот е да пробаме со демократијата....

Бундестагот утре ќе расправа за ситуацијата во Македонија

Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг утре ќе расправа за актуелната ситуација во Македонија, јавува „Дојче веле“, додавајќи дека седницата ќе биде затворена за јавноста. Главна тема на седницата ќе биде актуелната ситуација на Западен Балкан, а посебен акцент ќе биде ставен на состојбата во Македонија и во Босна и Херцеговина. Германскиот социјалдемократ и член на парламентарната Комисија за надворешна...

ВМРО-ДПМНЕ предложи „патоказ“ за надпартиски договор за решавање на кризата

Да се постигне надпартиски договор за секое идно решавање на внатрешните разлики само во рамките на институциите, без мешање на странски фактори, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ. Образложувајќи го предлогот, Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на партијата и пратеник, побара внатрешно обединување и одлучно отфрлање на сите обиди за ревизија на Охридскиот рамковен договор. Прес-конференцијата на Милошоски доаѓа десетина дена откако...

СДСМ: Пратениците на Груевски си газат по достоинството додека тој се крие на Малта

Неопходно е сите политички субјекти и поединци во државата да ја сфатат својата обврска да овозможат да се реализира мнозинската волја на граѓаните, кои избраа промени, заедништво и очекуваат нова реформска влада, велат од СДСМ. Од партијата велат дека граѓаните на Република Македонија имаат итна потреба од деблокирање на демократските процеси и нагласуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, нема...

Груевски замина на конгрес на сестринските партии на Малта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од денеска па во наредните неколку дена, заедно со партиска делегација ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува на Малта, потврди за „Мета“, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. Посетата на Груевски на Малта и учеството на конгресот на ЕПП, доаѓа во време кога Собранието треба да...

Што негира Вајгл: Дека Груевски спомнал „затвор“ или дека нему му се испуштило?

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, во изјава за државната новинска агенција МИА демантира дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје. Сепак, во демантот никаде не се споменува зборот „затвор“. Односно никој, ниту...

Бошкоски ги повика „браќата и сестри вмровци“ да му дадат поддршка на Заев

Излез од политичката криза преку прифаќање на волјата на најголемиот број граѓани на Македонија и формирање на реформска влада од страна на мандатарот, кој обезбеди 67 мандати. Ова се заклучоците од редовната седница на претседателството на партијата на Љубе Бошкоски - Обединети за Македонија, одржана вчера во Велес, соопштуваат од партијата. На редовната седница на претседателството на Обединети за Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот се чувствува навреден и изигран од СДСМ

Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ, кој пред изборите најавуваше план за живот, а по изборите започна да реализира план за разнебитување на Македонија, базиран на неуставната тиранска платформа, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата уште еднаш го повторуваат ставот дека единствено решение за излез од политичката криза, за која го обвинуваат...

СДСМ: Изјавата на Вајгл е потврда дека Груевски од личен интерес ја продлабочува кризата

Домашната и меѓународната јавност очекуваат државничко однесување од Собранието на Република Македонија и од институцијата претседател на државата, кои мора да овозможат составување нова влада, велат од СДСМ. „Слушна јавноста во Македонија од пратеник од Европскиот парламент, кој беше дојден во Македонија заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, дека Никола Груевски бил решен да оди „до крај“ затоа што не сакал...

Заев – Бабиќ: Очекуваме в понеделник да се избере новиот претседател на Собранието

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ, со која разговарал за потребата од што побрза разврска на политичката криза во Македонија. - Очекуваме в понеделник да се избере новиот претседател на Собранието, кој ќе го извести Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да ми го даде мандатот за составување на новата реформска...

Собранието бргу ќе ја избере новата реформска влада, порачуваат од СДСМ

Собранието бргу ќе ја избере новата реформска влада на Македонија бидејќи граѓаните избраа промени и избраа да ги водат сериозни политичари, кои се грижат за нивните и за интересите на државата, наспроти политиките на криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои се обидуваат да ја втурнат земјата во длабока политичка криза и во изолација, стои во денешното соопштение на СДСМ. Од...

Вајгл: Ако кризата продолжи, можни се санкции за политички партии и за поединци

Демонстрациите во Македонија се организирани и како такви не се добродојдено оружје во рацете на демократијата, оцени европратеникот Иво Вајгл во интервју за „Нова ТВ“ по неговата посета на Скопје. - Тежиштето на полемичкиот одзив на ситуацијата сè повеќе се движи кон меѓуетнички конфликт – вели Вајгл. Во однос на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не се сретне со еврокомесарот...

Ерлер: Однесувањето на Иванов се регистрира во Германија, но и во другите европски земји

Германскиот социјалдемократот и член на парламентарната Комисија за надворешна политика на Бундестагот, Гернот Ерлер, во интервју за „Дојче веле“ ја оценува ситуацијата во Македонија како „државна и уставна криза од највисок ранг“. - Се надевавме дека по изборите ќе дојде до стабилизирање на ситуацијата, а сега сме сведоци на тоа претседателот Ѓорге Иванов да не го дава мандатот за влада,...

Хан до Иванов: Во демократски земји, претседателот во вакви моменти си седи дома

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Канал 5“, рече дека не сака да ја коментира одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не се сретне со него, но, сепак, порача дека во вакви важни моменти, би било подобро да е во земјата наместо да патува во странство. - Ја почитувам институцијата шеф на држава. Во...

НСДП: Груевски нема легитимитет да кажува како треба да изгледа новата влада

Наместо да овозможи мирен трансфер на власта по институционален пат, Никола Груевски грчевито се обидува да наметнува концепти за излез од кризата, да дава предлози за тоа како би требало да изгледа новата влада на Република Македонија, иако за тоа по 11 декември нема никаков политички легитимитет и кредибилитет, велат од НСДП. „Очигледно дека на Груевски не му е лесно...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...