fbpx
Таг: политичка криза

таг: политичка криза

Адеми – Бејли: Комплексноста на ситуацијата бара брзо решение за излез од кризата

Комплексноста на ситуацијата во Македонија, во регионот и пошироко, во Европската Унија, налага земјава што побргу да најде излез од политичката криза, „користејќи ги расположливите политички и институционални капацитети, за враќање кон реформскиот курс“. Ова го истакнал вицепремиерот за европски прашања, Арбер Адеми, на денешната средба со амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли. Околу актуелната политичка состојба во земјава, Адеми...

Алтхаузер: Парламентот треба самиот да се организира и да избере влада

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер денеска оцени дека постои решение за политичката криза во Македонија, но оти е потребно тоа да се имплементира. - Решението за политичката криза во Македонија е на маса. Потребна е политичка волја за тоа да биде спроведено, Собранието да биде оперативно, самото да се организира, да избере претседател, а потоа да се избере и влада која ќе...

Арифи: Нови избори не се решение за кризата, туку избор на нов спикер и на влада

Градоначалничката на општина Тетово и потпретседателка на ДУИ, Теута Арифи, и денеска го повтори ставот на нејзината партија дека е потребно што поскоро парламентарното мнозинство да формира влада. Нови избори, според неа, не се решение на кризата, туку треба да се изберe претседател на Собрание и државата да почне да функционира нормално. Таа додаде дека секој има право да протестира...

Брисел очекува без одложување да се избере собраниски претседател и нова влада

Европската комисија очекува да продолжат демократските процеси во Македонија, да се избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова влада, соопшти денеска на прес-конференција портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање како ги коментираат случувањата во македонскиот парламент. - Го следиме развојот на настаните и постојано говориме, повеќепати нагласивме дека мора да се почитуваат резултатите од последните парламентарни...

Илир Мета: Нема криза меѓу Албанците и Македонците, туку меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Македонија е земја на Балканот во која се судираат многу странски интереси, изјави синоќа претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, во интервју за телевизијата „Ора њуз“. - Тоа е земја која, покрај со Албанија, има специфични проблеми и со некои од соседните земји, а демографскиот, односно етничкиот состав ја прави државата многу кревка во смисла на функционална стабилна земја – рече...

Иванов за ХРТ: Целта е да бидеме преодна фаза во создавање на трета албанска држава

Целта на платформата на албанските партии не е да се обедини Македонија, туку Македонија да биде преодна фаза во создавањето на трета албанска држава, изјави претседателот на државата во синоќешното интервју во емисијата „Еден на еден“, на Хрватската радиотелевизија (ХРТ). За платформата Иванов вели дека нејзината намера е албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот и да се промени уставниот...

ЕП: Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, кризата ја оддалечува од ЕУ

На пленарната седница на која се разгледуваше извештајот што известувачот Иво Вајгл го подготви за напредокот на Македонија во 2016 година, Европскиот парламент синоќа изрази загриженост поради политичката состојба во Македонија. Европарламентарците оценија дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и оти со продлабочувањето на политичката криза се загрозува европската перспектива на земјата. Тие побараа да се деблокираат процесите за конституирање...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има план како на сила да ја реализира тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение наведува дека главно прашање на јавноста е колку лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и неговите најблиски соработници имаат, како што велат, украдено, рекетирано, затаено бидејќи по ниедна цена не помислуваат да ги отфрлат уцените и да се откажат од распродажбата на националните и државни интереси. „Станува сè поочигледно дека со предавници, лажговци и со...

Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Нема оправдување за тактиките на одолговлекување

Не гледаме никакво оправдување за одолговлекувачките тактики што се користат во Собранието за одложување на изборот на нов спикер и за формирање влада, стои во заедничкото изјава на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, по средбата со шефот на македонската дипломатија во заминување, Никола Попоски, во Стразбур. Попладнево Европскиот парламент на пленарна седница треба да расправа за...

Бејли: Иванов и Собранието да го придвижат процесот на формирање влада

„Го повикуваме претседателот да го придвижи процесот. Исто така, важно е Собранието да дозволи процесот да се придвижи напред, а јасно е дека тука прв чекор треба да биде избор на спикер на Собранието од новиот состав“. Ова денеска го изјави амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Денот на НАТО во...

СДСМ: Европа гледа дека Иванов не се однесува демократски, пристојно и со здрав разум

Европа и светот гледаат дека однесувањето на Ѓорге Иванов не се заснова на демократски начела, пристојност и на здрав разум и затоа таква е последната порака од лидерите и од институциите на Европската Унија, што во Македонија ја пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, се вели во реакцијата на СДСМ по заедничката прес-конференција на Иванов и на Туск. „Ѓорѓе...

Туск до Иванов: Најдете решение засновано на демократски принципи и на здрав разум

„Кризата ја носи земјата наназад и ваша задача е да најдете решение што ќе биде засновано на демократски принципи, пристојност и на здрав разум. Само такво решение ќе биде одржливо. Кога ќе го најдете, можете да сметате на нашата поддршка“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на заедничката прес-конфренција со својот домаќин, претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Како што рече...

Почна средбата Иванов – Туск

Точно во 14 часот почна средбата меѓу претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој денеска е во посета на земјава. Главна тема на средбата ќе биде мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, но и политичката состојба во земјава. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов ќе го запознае Туск со...

ДС: Туск дојде во земјата на апсурдите

Претседателот на Европскиот Совет, господинот Доналд Туск, пристигна во Македонија, земја на апсурдите, каде владејачката партија и по парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година, со 51 пратеник и натаму владее и организира блокада на Собранието, како и протести, со единствена цел, да спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта, оцени денеска Демократскиот сојуз. ДС оценува...

Политичката и мигрантската криза во фокусот на утрешната средба меѓу Иванов и Туск

„Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов и на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе бидaт заканата од илегална миграција со која се соочува Европа и политичката криза во Македонија по изборите во декември 2016 година“, информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, кој утре ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во...

Левица ги повика пратениците да се вразумат и да работат во интерес на граѓаните

Партијата Левица денеска изрази згрозеност од однесувањето на пратениците во Собранието и ги повика да почнат да работат во интерес на граѓаните. „Згрозени сме од несериозното однесување на народните избраници во Собранието. Левица бара од пратениците да се вразумат и конечно да почнат да работат во интерес на огромното мнозинство осиромашени и обесправени граѓани! Граѓаните очекуваат час поскоро да почувствуваат...

Политичката состојба во Македонија е како изгребана плоча, оцени Тимоние

Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една гребнатина на тоа што веќе е, изјави денеска во Битола францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, каде учествуваше на форумот „Европските перспективи за локалната самоуправа“. - Посакувам што побргу да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа...

Пломп: Ако СЈО не го спроведе тоа за што е формирано, нема да има крај на кризата

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп синоќа во емисијата „Фактор 24“ на ТВ24 изјави дека целиот процес од Пржино ќе биде залуден ако Специјалното јавно обвинителство не ги истражи сериозните наводи за корупција и за криминал што произлегоа од прислушуваните разговори. - Специјалното обвинителство е основано токму за темелно да ги истражи тие наводи и да ги изведе пред правдата. Ова што го...

Туск следната недела во Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, следната недела ќе ја посети Македонија, но засега нема официјална потврда за посетата. Како што дознава „Мета“, сè уште не е прецизирано кој ден точно ќе допатува Туск. Деталите за датумот и точната агенда ќе бидат познати најдоцна в петок. Повод за посетата на Македонија, како што соопштуваат дипломатските извори, се почестите предупредувања за можен...

Туристичката понуда на Македонија треба да се прилагоди на барањата на помладите

„Она што е тренд во светот и на кое Македонија треба позначајно да работи е дигитализацијата на туризмот“, изјави претседателот на Туристичко-угостителската комора (ТУК) при ССК, Аркан Керим. Тој додаде дека помладата генерација има специфични потреби за комуникација, потрошувачка и за туристичко доживување. „Влијанието на технологиите е огромно, од виртуелната до фактичка реалност. Туристите дизајнираат свој патувачки пакет, ги користат услугите и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...