fbpx
Таг: политичари

таг: политичари

Груевски, Заев, Ахмети и Иванов во делегацијата за прогласување на Мајка Тереза за светица

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на 4 септември во Рим ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација, на свечениот чин на прогласувањето на Мајка Тереза за светица. На свеченоста, покрај македонскиот претседател, ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, делегации на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска...

Граѓаните и политичарите на одмор, „борбата“ продолжува по 15 август

Гласањето за ребалансот на буџетот во петокот (29 јули 2016 г.) беше последниот парламентарен настан пред почетокот на летните одмори за политичарите, кој вообичаено трае две недели. Еден ден порано беа изгласани и и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, Изборниот законик и на Законот за Влада, договорени меѓу претставниците...

Оланд е против организирање референдум за членството на Франција во ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека е против организирање референдум околу членството во Европската Унија, по примерот на Велика Британија, пренесува хрватскиот национален сервис ХРТ. Оланд, во врска со ова прашање, додал дека претседателските избори, закажани за следната година, ќе бидат можност гласачите да одлучат каква европска политика сакаат. Во Франција, како што пренесува ХРТ, сè погласни се повиците за референдум за...

ЕЦРИ за Македонија: Политичарите јавно да го осудат говорот на омраза

Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕЦРИ) при Советот на Европа во својот најнов извештај за Македонија, објавен на 7 јуни, оценува дека во земјава постојат прашања што предизвикуваат загриженост и ги повикува политичките лидери јавно да го осудат говорот на омраза. Во извештајот се истакнува дека и покрај напредокот на одредени полиња изминатите неколку години, сепак Кривичниот законик на земјава сè...

Македонско-чешки бизнис-форум ќе се одржува во Охрид

Македонско-чешки бизнис-форум на кој е најавено учеството на познати чешки бизнисмени и на претседателите на Чешка, Милош Земан, и на Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се одржува во Охрид. Пред собирот и во функција на негова подготовка, во Охрид имаа средба градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, директорот на одделот на канцеларијата на чешкиот претседател, Јиндриц Форејт, амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш,...

СЈО денеска со нова прес-конференција

Специјалното јавно обвинителство денеска, со почеток во 10 часот, ќе одржи прес-конференција. Во дописот од кабинетот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конференцијата. На последната прес-конференција, одржана на 21 април, СЈО го отвори случајот „ТНТ“, кој се однесуваше на уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Во овој случај првоосомничена е...

Иванов: Уште ги чекам барањата од не-политичарите за поништување на аболицијата

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Софија ги повика останатите помилувани лица од неговата листа, кои не спаѓаат во категоријата политичари, а сакаат да им биде поништена аболицијата, да достават барање до него. Иванов, во изјава за „Телма“ вели дека досега до неговиот кабинет не стигнало барање за повлекување на аболицијата. - Законот овозможува за сите други лица да си поднесат барања,...

СЈО за одлуката на Иванов: Поништувањето на аболицијата треба да важи за сите

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска нема да излезе со коментар за одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за поништување на помилувањата за 22 политичари, бидејќи сè уште не знаат за кои лица се однесува одлуката на претседателот, изјави за „Мета“, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. - Наш став е дека не постои оправдување за селективен пристап кога станува збор за...

Иванов ја поништи аболицијата на 22 политичари, другите треба сами да побараат

Претседателот, Ѓорге Иванов ги поништи помилувањата за политичарите, односно за 22 лица од вкупно 56, колку што беа аболирани на 12 април. Другите, кои не се опфатени со денешната одлука, рече Иванов, имаат можност да поднесат лични барања за повлекување на помилувањето. - Денес донесов одлука за поништување на одлуките за помилување за сите политички експонирани лица или вкупно 22....

„Протестирам“ најавува блокади, окупации и пеколно лето

„Шарената револуција“ и „Протестирам“ денеска во 18 часот од СЈО ќе им порачаат на политичарите „блокирам“, „окупирам“ и „го менувам системот“. Од движењата велат дека по повеќе од една година протести, преговори меѓу партиските лидери и меѓународната заедница, државата стигнала до работ. Според граѓанските активисти, оваа криза не се решава со преговори, затоа што, како што велат со криминалци не се...

Денеска во 18 часот повторно ќе се протестира пред СЈО

Денеска, во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство, граѓаните обединети во „Шарената револуција“ ќе протестираат против, како што велат, самоволието и авторитарното и корумпирано владеење. „Ние, македонските граѓани веќе не чувствуваме страв, туку само огорченост, гнев и бес од авторитарното и корумпирано владеење! Како и минатата година, и сега режимот покажува дека не знае како да се справи со протестите! Се...

Адеми: Политичката криза влијае на евроатланскиот процес на Македонија

Вицепремиерот за европски прашања, Арбер Адеми, се надева дека политичарите ќе најдат решение за излез од политичката криза, која го кочи евроинтеграцискиот процес на Македонија. - Ние, како политичари, треба да најдеме решение, треба да најдеме волја да излеземе од овој политички лавиринт, тоа им го должиме на нашите граѓани. Затоа мислам дека ќе се најде решение, ќе се најде...

Денеска протест на затворениците и на нивни роднини

Затвореници и нивни роднини денеска ќе протестираат во и пред сите затвори во Македонија поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов сè уште нема одговорено на нивното барање да бидат помилувани. Според најавите, протестот ќе биде поддржан и од невладините организации, кои веќе протестираат поради одлуката на Иванов да ги сопре сите судски процеси против политичари и нивни соработници. Затворениците бараат казните да...

Протести во македонските затвори на 5 мај

Затворениците и нивни роднини на 5 мај ќе протестираат во и пред сите затвори во Македонија поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов сè уште нема одговорено на нивното барање да бидат помилувани, јавува „Алсат-М“. Според најавите, протестот ќе биде поддржан и од невладините организации, кои веќе протестираат поради одлуката на Иванов да ги сопре сите судски процеси против политичари и...

Здружението „Има иднина“ бара формирање на граѓански самит за решавање на кризата

Здружението „Има иднина“ смета дека последните настани покажуваат дека политичката криза во Македонија не може да ја решат единствено политичките партии, без активно учество на граѓанскиот сектор. Во своето соопштение, од здружението велат дека жалат што политичарите ја пропуштиле шансата да преговараат во Виена со посредство на еврпските дипломати. „Излезот од оваа криза може и мора да се постигне само преку дијалог и разговор...

ЕУ размислува да го замрзне имотот и да им забрани патување на македонски политичари

Европската Унија би можела да воведе санкции, како што е забрана за патување и замрзнување на имотот на одделни македонски политичари што го опструираат решавањето на политичката криза, соопшти за „Ројтерс“ анонимен европски претставник. Според истиот извор, претседателот Ѓорге Иванов мора да ја поништи одлуката за аболиција на 56 политичари вмешани во аферата со прислушување, за да продолжат разговорите со ЕУ. -...

Иванов: Досега не најдовме правна основа за повлекување на аболицијата

Како што најавив во моето последно обраќање, а во врска со пристигнатите лични барања за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од гонење без спроведување постапка, во тек се консултации со правни експерти за наоѓање можно правно решение, пишува претседателот Ѓорге Иванов во писмена изјава. Во изјавата стои дека од досега извршените консултации со врвните правни експерти во државата, не...

„Цивил“: Преговори може, но со повеќе партии и граѓански организации

Центарот за слобода „Цивил“ ја поздравува иницијативата да се продолжат преговорите за надминување на политичката криза, овојпат во Виена. Во соопштението што го испратија до медиумите, од невладината организација велат дека со оглед на неуспехот на преговорите што се водеа и досега, неисполнувањето и опструкцијата на спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, продолжувањето на преговорите мора да добие поинаков...

Што ќе донесе Виена: Бетонирање на 5 јуни или ново одложување?

По одлуката за општа аболиција на политичарите што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, што предизвика масовни протести, меѓународната заедница презема решителен чекор за смирување на состојбата. Последните информации се дека в петок во Виена е планирана средба на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија. Најавата за средба доаѓа по речиси забетонираните ставови на двете најголеми македонски политички партии. СДСМ тврди...

Јанева најави прес-конференција за утре во 13.30 часот

Специјалното јавно обвинителство утре, во 13.30 часот, ќе одржи прес-конференција, соопштија денеска од СЈО. Во дописот од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конфренецијата, но извесно е дека ќе стане збор за актуелните случувања во земјава, во кои една од најзасегнатите страни е СЈО. Специјалното јавно обвинителство  прес-конференцијата на својот твитер-профил ја...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...