сабота, 18 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Полиеко | 9 резултати

Поради бел прав во почвата доцни чистењето на линданот во ОХИС

декември 6, 2021

Бел прав во почвата е причината за доцнење на чистењето на малата депонија на линдан во ОХИС. Грчката компанија „Полиеко“ веќе ги започна подготвителните работи за поставување на шаторот над малата депонија, под кој треба да започне ископувањето на канцерогениот пестицид. Шаторот е со големина од 3.000 квадратни метри, а во моментов се копаат темелите […]

За една година ќе се исчисти малата депонија со линдан во ОХИС, другите ќе почекаат

јули 13, 2021

За една година треба да биде исчистена малата депонија со линдан во ОХИС. Денеска и официјално започнаа активностите во кои ќе се дислоцираат околу 7.000 тони од опасната хемикалија и контаминирана земја, што повеќе децении стојат во дворот на некогашниот хемиски капацитет. Тие ќе бидат спакувани во специјализирани буриња и веднаш ќе се транспортираат на […]

Малата депонија со линдан во ОХИС, додека се чисти, ќе се покрие со шатор со филтри за прочистување на воздухот

април 19, 2021

Малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде покриена со шатор во кој ќе се инсталираат и филтри за прочистување на воздухот, за да се озбезбеди заштита на околината при чистењето на опасната хемикалија, предвидува Планот за ремедијација, доставен од страна на компанијата „Полиеко“ од Грција. Владата и Министерството за животна средина, заедно со Организацијата […]

До крајот на месецов треба да започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС

март 2, 2021

Најдоцна до крајот на месецов ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во дворот на ОХИС, најавуваат од Министерството за животна средина. Во меѓувреме ќе бидат обезбедени сите одобренија и дозволи за работа на терен и ќе треба да се одобри Планот за ремедијација. Во првите шест до девет месеци, според проценките на Министерствто […]

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

декември 10, 2020

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, склучила договор со компанијата како најдобар понудувач, избран на меѓународен тендер. Во моментов во тек се подготовките на теренските активности, а санацијата на малата депонија […]

Страна 1 од 1