fbpx
Таг: поезија

таг: поезија

Плаќање со поезија по повод Светскиот ден на поезијата

Македонија, по повод Светскиот ден на поезијата, в понеделник вторпат ќе приклучи на глобалната кампања на Јулиус Мајнл, „Плати со поезија“. „Нурнете длабоко во себеси и споделете ги вашите чувства. Испијте го вашето кафе на Денот на поезијата и учествувајте во големата глобална кампања што се одржува насекаде низ светот, а платете со валута која е многу повредна и подобра од...

„Птици“, нова книга поезија од Ристо Лазаров

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат новата, триесетта по ред, поетска книга на Ристо Лазаров, со наслов „Птици“. На 142 страници се поместени шест циклуси, секој од седум песни на тема птици: „Орли“, „Езерки“, „Гулаби“, „Црвен кардинал“, „Рајска птица“. На крајот, издвоено, поместена е песната „Хичкок“. Поговорот за книгата го напиша Оливера Ќорвезироска. - Најновиот поетски ракопис на Ристо Лазаров,...

„Јазичен триптихон“, нова книга од Славе Ѓорѓо Димоски

Современиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски објави нова поетска книга, „Јазичен триптихон“, чиј издавач е „ПМВ Публикации“ од Скопје. Во книгата се поместени и три искажувања од Венко Андоновски, Санде Стојчевски и од Наташа Аврамовска. Книгата содржи пет подолги лирско-епски песни, од кои три го сочинуват „Јазичниот триптихон“ и две делот „Додаток“. Предмет на пеење е јазикот како прапочеток на сè,...

Поезија од Стрезовски и од Китаноски објавена во романското списание „Хелис“

Во најновиот број на романското списание „Хелис“ (септември-октомври), печатено и електронско издание, објавен е избор од поетското творештво на македонските поети Јован Стрезовски и Мишо Китаноски. Изборот и препевот го направи македонскиот писател Димо Димчев, а стилизацијата на стиховите е на угледниот романски писател Георге Добре, кој е главен и одговорен уредник на „Хелис“.

Деветнаесетто издание на Меѓународниот фестивал „Денови на Наим“

В четврток, 15 октомври, во 19.30 часот пред Центарот за култура „Ило Антески - Смок“ во Тетово, ќе почне 19. издание на Меѓународниот поетски фестивал „Денови на Наим“. На фестивалот ќе се претстават 36 учесници од 18 земји. На првиот ден ќе се положи цвеќе пред споменикот на познатиот албански поет Наим Фрашери, потоа во фоајето на Центарот за култура ќе...

Нова книга поезија на Марина Мијаковска

Во издание на Културниот центар „Бран“ од Струга, излезе од печат најновата книга „Тиркиз во лето“, дело со хаику поезија на Марина Мијаковска. Поделена во четири циклуси: „Бел цвет во пролет“, „Тиркиз во лето“, „Злато во есен“ и „Сребро во зима“, книгата изобилува со естетски стегнати лирски минијатури – хаику песни. Поетските книги на Мијаковска се верификувани со повеќе награди како...

Поетски читања за време на „Неделата на промоција на хумани вредности”

Црвениот крст Охрид, утре од 18 часот, во рамките на „Неделата на промоција на хумани вредности“, ќе организира поетски читања, при што за ваков вид активности ќе го промовира новоизградениот мал плоштад, кај музичкото училиште „Методи Патче“. Преку поезијата, младинците на Црвен крст од Охрид ќе испратат порака за разновидноста на културите и за толеранцијата, дијалогот и соработката, заемната доверба...

Промоцијата на книгата „Дека да“ со голем број пријатели на Игор Исаковски

Постхумната промоција на книгатата поезија  „Дека да“, на Игор Исаковски, помина според очекуваното, во присуство на голем број пријатели, колеги и почитувачи на неговото дело. Промоцијата се случи на денот на неговиот роденден (19 септември), во клубот МКЦ. Песни од последната збирка читаа неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Владимир Мартиновски и други...

Завршија 54. СВП, врачен „Златниот венец“

Со врачувањето на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“, што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата, синоќа во Струга заврши 54. издание на „Струшки вечери на поезијата“. На Мостот на поезијата признанието „Златен венец“ на годинашниот лауреат, кинескиот поет Беи Дао, кој е 50. јубилеен добитник, му го додели претедателот...

Лауреатот Беи Дао се претстави во „Света Софија“ – вечерва завршуваат СВП

Со Меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално, секоја година, се одржува на „Мостот на поезијата” на извориштето на реката Црн Дрим од Охридското Езеро, вечерва завршуваат 54-те Стршки вечери на поезијата. На годинашниот лауреат, кинескиот поет Беи Дао ќе му биде врачен „Златниот венец“, највисокото признание на струшкиот поетски фестивал. Исто така, ќе биде доделена наградите „Браќа Миладиновци“, на макеедонската...

СВП: Поетски портрет на најголемиот современ арапски поет – Адонис

Дел од синоќешните активности на 54. издание на Струшките вечери на поезијата, беа поетскиот портрет на сиријско – либанскиот и поет со светска слава, Адонис - лауреат на СВП од 1997 година, поетската вечер посветена на мексиканската поезија, како и нововостановената манифестација „Поезија на пат“. Творештвото на најголемиот современ арапски поет во поетска Струга се слави повторно после 18 години,...

„Книжевна средба” за творештвото на Влатко Галевски и на Димитрие Дурацовски

Богатото „Струшко културно лето“ продолжува вечерва со книжевна средба во 20 часот во „Синема кафе“, посветена на Димитрие Дурацовски и на Влатко Гелевски. Ќе бидат претставени „Бледи сенки - Далечни гласови“ од Дурацовски и „Исповедани финеси“ од Влатко Гелевски. На средбата за авторите ќе говорат професор д-р Ферид Мухиќ и отец Стефан Санџакоски. Ден порано, во Струга заврши третото по ред издание на...

Утре ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски

На четвртата Научна и уметничка визита во организација на МАНУ, утре, од 19 часот, во Куќата „Уранија“ во Охрид, ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски, собрано во книгата „Поезија – Ткаења“. Промотовен збор за творештвото на Димоски ќе одржат академик Катица Ќулавкова и Мите Стефоски, директор на „Струшки вечери на поезијата“, а избрана поезија на авторот ќе...

Нов роман и поетска збирка од Петко Шипинкаровски

Културниот центар „Бран“ од Струга ја објави најновата поетска книга, петта по ред, „Доаѓаат дoждовите“, од авторот Петко Шипинкаровски. Во најновата поетска книга „Доаѓаат дождовите“, Шипинкаровски, во препознатлив стил, ја продолжува сопствената поетска патека што ја зацртал во предходните „Седело на орлица“, Злоуми“, „Бели ветрови“ и „Бели утра“. Шипинкаровски претходно гo објави и најновиот роман „Утринска молитва“, кој следува по „Откорнати...

Поезија на македонски автори објавена во Полска

Најновиот број на полското списание за уметност „Нестор“, кое излегува во Краснистав (војводство Лублин) во печатена и во електронска верзија, во првиот број за 2015 година, покрај прилозите од културната историја на Полска, донесува и поезија на 12 автори од шест балкански земји. Македонската поезија е претставена преку одбрани песни од Петко Шипинкаровски и од Тоде Илиевски. Списанието „Нестор“ го уредува...

Наградата „Мостови на Струга“ за поетесата Паула Бозалонго од Шпанија

„Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга, награда што ја доделуваат „Струшки вечери на поезијата“ и УНЕСКО, годинава ѝ припадна на поетесата од Шпанија, Паула Бозалонго. – Од пристигнатите книги, особено се издвои книгата „Декември и се бакнавме“ од Паула Бозалонго, поетеса од Шпанија. Песните на Паула Бозалонго изненадуваат со својата конкретност и посредност, таа користи еден свеж, комуникативен поетски јазик, кој...

Поезија од Шипинкаровски и од Пејковски во софиското списание „Литературен свет“

Во најновиот број на електронското списание „Литературен свет“, кое се објавува во Софија, Република Бугарија, објавени се песни на македонските поети Петко Шипинкаровски и Зоран Пејковски. Исто така, дадени се биографски белешки за македонските писатели и за нивните професионални ангажмани на полето на афирмацијата на македонската литература. Петко Шипинкаровски (1946), поет, писател, есеист, литературен критичар, е роден во битолското село Будимирци. Дипломирал...

Арјан Калчо, албански поет инспириран од Охрид

Писателот, поет и професор од Корча, Република Албанија, Арјан Калчо, деновиве учествуваше на Меѓународна поетска средба во Охрид, организирана од КИЦ „Култура 365“. На средбата прочита три свои песни од објавена збирка на албански јазик и речиси низ трите се препознаваше Охрид, со неговите сокаци, старините, пристаништето... Во еден стих од негова песна, директно пее дека „пријателствата се мостови, кои...

Книга со песни „Меѓу две неба“ за поетско Велестово

Во издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ и на „ПНВ - публикации“, од печат излезе книгата „Меѓу две неба“, со содржини инспирирани од настаните во изминатите 26 години. Илустрирана е со фотографии од архивата на манифестацијата. Делото го подготви и предговорот го напиша Славе Ѓорѓо Димоски, жител на селото и основач на познатата поетско-ликовна манифестација. Во книгата содржани се стихови...

Лидија Димковска е номинирана за „Европски поет на слободата 2016“

Македонската поетеса Лидија Димковска е номинирана за полската награда за поезија „Европски поет на слободата 2016“, за поетската збирка „пХ неутрална за животот и смртта“. Наградата, која ја градот Гдањск и Градскиот институт за култура од Полска, е една од најпрестижните во Полска и се доделува биенално. Димковска влезе во најтесниот избор за наградата, а освен неа номинирани се и Јахја...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...