недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: податоци | 107 резултати

ДЗС: Невработени се 198.569 лица од активното население

март 22, 2019

Стапката на невработеност во 2018 година изнесувала 20,7 проценти и е намалена во однос на 2017 година кога изнесувала 22,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Активното население во 2018 година изнесувало 957.623 лица, од кои вработени се 759. 054, а 198.569 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,9, […]

Просечната нето-плата во декември изнесувала 25.784 денари

февруари 20, 2019

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018 изнесувала 25.784 денари, а бруто-платата 37.704 денари, објави Државниот завод за статистика. Зголемување на нето-платата во декември во однос на 2017 година е 8,1 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (28 проценти), уметност, […]

Еден уапсен признал вина за кражбата на податоци на германски политичари

јануари 8, 2019

Уапсениот 20-годишник, кој се сомничи за кражбата на податоци и разговори на стотици политичари во Германија, која беше откриена, ја признал вината, пишува германски „Шпигл“ на својата веб-страница. Истражител од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која се занимава со овој, еден од најголемите досега, хакерски напади во историјата на Германија, рекол дека уапсениот рекол […]

Хакери објавија разговори и лични податоци на Меркел и стотици германски политичари

јануари 4, 2019

Германија врие од вчера, кога беше откриено протекувањето во јавноста на лични податоци и различни комуникации на германската канцеларка Ангела Меркел и на стотици политичари. Материјалите, објавени на интернет, биле поставувани во изминативе две седмици од Твитер-корисникот ‘G0d’, кој вели дека се наоѓа во Хамбург, а според неговиот блог, станува збор за истражувач на ИКТ-безбедност. […]

ДИК: Излезноста на референдумот е 36,87 проценти, „за“ гласале 91,48 отсто

октомври 1, 2018

Последните неофицијални податоци од веб-страницата на Државната изборна комисија покажуваат дека излезноста на референдумот е 36,87 проценти, односно гласале 661.393 граѓани запишани во Избирачкиот список, од 98,61 проценти обработени податоци. „За“ гласале 91,48 отсто односно 605.016 гласачи, „против“ се изјасниле 37.312 односно 5,64 проценти од гласачите. Официјалните податоци од ДИК ќе бидат соопштени околу пладне.

ДИК: Излезноста на референдумот до 18.30 часот е 34,09 проценти

септември 30, 2018

Излезноста на граѓаните на референдумот до 18.30 часот е 34,09 проценти од обработени околу 85 проценти од податоците, информираше ДИК. „Бројката на граѓани кои гласале до 18.30 часот е 519.435, меѓутоа од 84,83 проценти обработени податоци“, појасни претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Генералната оценка на ДИК е дека денот поминал добро и мирно, гласањето се […]

Тевдовски: Буџетот и трезорот ќе бидат поставени на интернет платформи

септември 12, 2018

До крајот на годината само неколку клика ќе ги делат граѓаните до клучните информации во буџетот и исплатите од трезорот. Напоредно во Министерството за финансии се подготвуваат платформата „Отворени финансии„ (Open Finance) и веб-апликацијата за граѓански буџет. Ова денеска го најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата „Водење бизнис во општеството управувано од […]

НБРМ ја задржува каматната стапка на благајничките записи од 2,75 проценти

септември 12, 2018

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75 проценти, информираат од Народна банка. „Споредбата на последните макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика од априлскиот циклус […]

МОСТ: Граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список

август 16, 2018

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет-страницата http://izbirackispisok.gov.mk. Увидот во Избирачкиот список за претстојниот референдум трае до 23 август. Од МОСТ информираат дека како и на сите изборни процеси, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 […]

Над половина од корисниците, со пониски или еднакви порамнителни сметки за парно

јуни 4, 2018

Најголем дел од потрошувачите (62 отсто) оваа година ќе добијат пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, покажуваат податоците на БЕГ – Снабдување со топлина. Но, од компанијата информираат дека висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот како и од измерената количина на испорачана […]

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година

јуни 1, 2018

Пописот на населението ќе се спроведе од 1 до 21 април во 2020 година. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај користење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра. Ова го наведе директорот […]

Закерберг се извини во Европскиот парламент за злоупотребата на податоците од „Фејсбук“

мај 23, 2018

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг се извини пред пратениците во Европскиот парламент, порачувајќи дека компанијата не направила доволно за да ги спречи злоупотребите од оваа социјална мрежа и дека регулацијата е важна и неминовна. „Не ја разгледавме во потполност нашата одговорност. Тоа беше грешка и жалам поради тоа“, изјави Закерберг. Тој одбил да одговори на […]

Експерти од Светска банка прават анализи ќе понудат различни модели на оданочување

април 11, 2018

Светска банка смета дека Владата оди во добра насока со заложбите за воведување на прогресивен данок, имајќи ги предвид податоците за приходната страна на буџетот. При презентацијата на редовниот економски извештај за Западен Балкан, на новинарско прашање, дали Светска банка смета дека прагот од 1.000 евра за воведување на прогресивен данок е добар,  директорот на […]

„Метаморфозис“ го започна проектот „ДАТА“ за анализа на податоци за транспарентност и отчетност

април 3, 2018

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ го започна проектот D.A.T.A. – Data Analytics for Transparency and Accountability (Анализа на податоци за транспарентност и отчетност) во кој посебен тим за визуелизации на податоци работи директно со новинари и активисти од граѓанскиот сектор. Целта на проектот е да се влијае врз начинот на кој новинарите и граѓанските […]

Обвинителството бара документи од институции за кривичната против Вангеловски

октомври 10, 2017

Основното јавно обвинителство Скопје побарало „податоци и документација“ од институции во врска со кривичната пријава што неодамна против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ја поднесе Советот за утврдување на факти, и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство. „Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, тргнувајќи од наводите […]

Јанева не може да потврди дали материјалите земени од Панчевски водат до Иванов

октомври 6, 2017

Специјалното јавно обвинителство почнало со анализа на материјалите одземени при вчерашните претреси во канцелариите и во домовите на судијата Владимир Панчевски и на двајца информатичари вработени во судот, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Специјалната обвинителка рече дека запленетите материјали се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи, но не открива повеќе детали […]

Нема реална слика колку администрација имаме, регистарот не работи

август 13, 2017

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема официјална и веродостојна бројка на вработени во јавната администрација бидејќи регистарот за вработените не функционира, односно во него нема податоци од сите државни институции, а и оние што ги има, постојат сомневања дека голем број од нив не се уредно пополнети. Ова денеска на прес-конференција го соопшти […]

УЈП ќе го поедноставува поднесувањето годишни даночни пријави

август 3, 2017

Управата за јавни приходи (УЈП) најавува дека ќе го поедностави системот за поднесување годишни даночни пријави и понатаму оваа инстутуција тоа ќе го прави електронски. Од УЈП неодамна информираа дека работат на даночните реформи во делот на персоналниот данок на доход, што значи поедноставување на процедурите за пријавување и за плаќање на данокот. – Земајќи предвид […]

ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, велат од компанијата

јули 21, 2017

АД ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, односно кон економските субјекти со кои има воспоставено деловни односи, се вели во реакцијата на компанијата, откако вчера Министерството за финансии го објави долгот на државните институции, а за ЕЛЕМ посочи дека должи 641 милион денари. „Акционерското друштво во државна сопственост ги испрати бараните податоци до Министерството […]

Пристапот до јавните податоци кај нас е најскап во регионот, велат новинарите

јули 6, 2017

Институциите гледаат на новинарите како на непријатели, а не како на сојузници. Пристапот до јавните дата-бази е скап. За податоците се плаќаат највисоки цени во регионот. Ако, пак, станува збор за некој политички моќник, тогаш институциите дополнително се плашат да ги споделат информациите, велат истражувачките новинари Жанета Хаџи-Зафирова, Сашка Цветковска и Џелал Незири. Тие сметаат […]

Страна 3 од 6