fbpx
Таг: почина

таг: почина

Во Идризово почина затвореник

Во Ургентниот центар утрово почина Д.Б. (67) од Дебар, осуденик во затворот КПУ „Идризово“, соопшти полицијата. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Почина спортската легенда Мухамед Али

По 31-годишна борба со Паркинсоновата болест, на 74 години почина спортската легенда, Мухамед Али. Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, еден од најпознатите спортисти во светот, почина во болница во градот Феникс, Аризона, откако беше примен во четвртокот. Тој страдаше од респираторна болест, состојба  комплицирана од Паркинсоновата болест. Погребот ќе се одржи во родниот град на Али, Луисвил во Кентаки, вели неговото семејство...

Почина светската поп-икона Принс

Прославената американска музичка ѕвезда и поп-икона Принс почина денеска на 57-годишна возраст во својот дом во Минесота, пренесуваат светските медиуми. Како што пренесуваат медиумите во САД, полицијата денеска била повикана од итната помош на неговиот имот, Пејсли парк, и во тек била истрага која треба да ги утврди причините за смртта. Музичарот на 15 април беше хоспитализиран по концертот во Атланта...

Почина Галиено Фери, творецот на „Загор“

Галиено Фери, легендарниот италијански стрип цртач и илустратор почина вчера во Џенова на 88-годишна возраст. Фери ќе остане запаметен како творец на познатиот стрип „Загор“, со кој освен во Италија, растеа и многу генерации, љубители на стрипот, на просторите на поранешна Југославија. „Фери, почивај во Дарквуд. Денеска не напушти, откако проживеа еден прекрасен живот, сакан како ретко кој вистински...

Почина легендата на српското глумиште Драган Николиќ

Српската актерска легенда Драган Николиќ почина во 73. година од животот, по долга и тешка болест, објавија српските медиуми. Доајенот на српското глумиште се родил во 1943 година во Белград. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а филмската кариера jа почнал во 1964 година. Николиќ оттогаш глумел во многу филмови од различни жанрови и различни карактери, станувајќи еден од...

Почина италијанскиот писател и филозоф Умберто Еко

Италијанскиот писател и филозоф со светско реноме, Умберто Еко, починал синоќа на возраст од 84 години, јавуваат италијанските и светските медиуми. Неговото семејство соопштило дека Еко починал вчера доцна попладне во својот дом, без да изнесат повеќе детали. Италијанскиот филозоф стекна светска слава со романот „Името на розата“, кој имаше своја екранизација на големото платно во 1989 година, а главната улога во...

Почина родилка во Прилеп

Ноќеска, околу 2 часот, во општата болница во Прилеп, при породување почина родилка. Новороденчето, кое е од машки пол, е живо. Според неофицијални информации, жената починала од хеморагичен шок, но засега е нејасно дали навреме биле преземени сите мерки за да се спречи крвавењето.

Почина Дејвид Боуви

Легендарниот пејач Дејвид Боуви ја изгуби битката со ракот, потврди неговиот портпарол за „Холивуд репортер“. Шеесет и деветгодишниот пејач по 18 месечната борба со ракот починал мирно, опкружен од семејството. Дејвид Биуви, роден како Дејвид Роберт Џонс е британски рок музичар, композитор, актер, продуцент и аранжер. На музичката сцена беше активен цели пет децении, беше склон кон менување на музичкиот стил и...

Почина Слободан Чашуле

По кусо боледување, на 70-годишна возраст, ноќеска во Мадрид, каде ја вршеше должноста македонски амбасадор во Шпанија, почина Слободан Чашуле, македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001 - 2002 година. Чашуле е роден во Скопје, на 27 септември 1945 година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година, Чашуле го завршил...

Почина пејачот Скот Вејланд на 48-годишна возраст

Скот Вејланд, поранешниот водач на американската рок-група „Стоун темпл пајлoтс“ (Stone Temple Pilots) починал вчера на возраст од 48 години, јавуваат светските медиуми. Веста за смртта на пејачот синоќа ја потврдил и неговиот менаџер, Том Виторино, кој соопштил дека Вејланд починал во сон. Познатиот пејач починал за време на турнејата со својата група „Вајлдабаутс“ (Wildabouts) во Блумингтон, Минесота. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Вејланд имал...

Почина пејачката Уснија Реџепова

На 69-годишна возраст, почина кралицата на народна музика, Уснија Реџепова. Таа три години се бореше со рак на белите дробови, а последните месеци била на болничко лекување. Во понеделникот ситуацијата значително ѝ се влошила.  

Почина режисерот Вес Крејвен, творецот на култниот „Кошмар во улицата на брестовите“

Американскиот режисер на хорор-филмови, Вес Крејвен, творец на култниот серијал „Кошмар во улицата на брестовите“, вчера починал во својот дом во Лос Анџелес, на возраст од 76 години, јавуваат медиумите во САД. Според медиумските извештаи, Крејвен починал од тумор на мозокот. Тој го напиша и го режираше култниот „Кoшмар во улицата на брестовите“ во 1984 година, а неговиот серијал „Вресок“ достигна...

Почина извршниот директор на „Нинтендо“, Сатору Ивата

Извршниот директор на јапонскиот производител на видеоигри „Нинтендо“, Сатору Ивата, починал од рак на 55-годишна возраст, јавуваат денеска светските медиуми. Ивата минатата година бил подложен на хируршки зафат, по што продолжил со секојдневните должности по краткиот период на закрепнување. Високо почитувана личност на јапонскиот пазар на видеоигри, Ивата, како што пишува „Би-Би-Си“, се сметаше за водечка фигура во создавањето на најпопуларните...

Најстариот маж на светот почина на 112 години

На 112-годишна возраст, денеска почина Јапонецот Сакари Момои, најстариот маж на светот. Веста ја соопшти претставник на градот Саитам, каде што живеел Момои. Момои починал во недела вечерта, во дом за стари лица, откако му откажале бубрезите. Овој поранешен професор во средно училиште, бил роден на 5 февруари 1903 година во Минамисом, во реонот на Фукушима. Тој беше прогласен за најстар маж...

Почина Сем Сајмон, еден од авторите на „Симпсонови“

Сем Сајмон, еден од авторите на „Симпсонови“ и поборник за правата на животните, почина на 59 години. Во 2011 година му беше дијагностициран рак на дебелото црево, во напредна фаза.  Сајмон првин работеше како сценарист за „Такси“, „На здравје“ и за „Шоуто на Трејси Улман“, а потоа почна со работа на „Симпсонови“ во 1989 година, како еден од авторите. Си замина од серијата...

Почина Влада Дивљан

Еден од великаните на југословенската музика, Влада Дивљан (1958 - 2015), почина утрово во Виена. Влада Дивљан беше познат како предводник на вокално-инструменталниот состав „Идоли“. Од 1985 година почна со своја индивидуална кариера во поп-рокот, а се занимаваше и со филмска музика. Од август 1991 година до септември 1997 година живееше во Сиднеј, а потоа се врати во Белград. Од јуни...

Почина поранешниот министер за здравство Милошевски

Поранешниот министер за здравство во коалициската Влада во 2001 година, професор Петар Милошевски, почина вчеравечер на 66-годишна возраст. Милошевски беше универзитетски професор и долгогодишен директор на Институтот за фармакологија и за токсикологија при Медицинскиот факултет на УКИМ. Погребот е утре, на Градските гробишта во Бутел.

Почина Род Тејлор

Легендарниот актер Род Тејлор почина во својот дом во Лос Анџелес, јавија американските медиуми. Осумдесет и четиригодишниот Тејлор, кој е роден во Австрлија, играше во повеќе култни филмови, како што се „Временска машина“, „Ограбувачи на воз“ и „Неславни копилиња“ на Квентин Тарантино, но ќе биде запомнет по улогата во „Птици“, која му донесе светска слава.

Почина истакнатиот македонски сликар Милош Коџоман

Синоќа, по кратко боледување, почина истакнатиот македонски сликар Милош Коџоман. Коџоман е роден во 1952 година во Скопје. За неговата уметничка дејност снимени се три филма, „Повик“, „Долап“ и „Бои на времето“.

Почина Никола Симиќ

По долго боледување, на 80-годишна возраст, вчера почина српскиот актер Никола Симиќ. Симиќ е роден на 18 мај 1934 година. Негова прва љубов било сликањето, но се откажал од уметничкото училиште и му се посветил на актерството, во кое го вовел неговиот постар брат Славко. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград и првата улога во претставата „Оклопен воз“...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...