fbpx
Таг: почина

таг: почина

Црногорскиот владика Амфилохије почина од оштетувања на белите дробови предизвикани од ковид-19

По повеќе од 20 дена откако заболел од ковид-19, иако ја пребродил болеста, денеска како последица на оштетувањето на белите дробови, починал Митрополитот црногорско приморски, г. Амфилохије. Според краткото соопштение од Правосланата црногорско-приморска митрополија, Амфилохије починал утрово во 8:20 часот во Клиничко-болничкиот центар на Црна Гора, откако ја примил светата причест. Како што соопштуваат црногорските медиуми, присуството на новиот коронавирус кај...

Снимател на МТВ втора жртва на корона вирусот меѓу медиумските работници

Корона вирусот го зеде животот на уште еден медиумски работник. Синоќа почина 51-годишниот Шенол Ахмети, долгогодишен снимател во албанската редакција на Македонската радио-телевизија, каде го помина целиот свој работен век, повеќе од 20 години. Ахмети се заразил со ковид-19 и пред една недела бил хоспитализиран, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респираторна машина. Колегите...

Почина Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија

На 93 годишна возраст почина првоборецот и носител на партизанска споменица од 1941 година Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија, кој изрази жалење и сочувство кон семејството. Генералот Атанасовски ќе биде погребан со воени почести денеска петок на градските гробишта во „Бутел“ во 12 часот. Тодор Атанасовски бил борец и партизански командантза време на...

Почина поранешниот новинар и основач на „Макфакс“, Ристо Поповски

Ристо Поповски, еден од најпознатите македонски новинари, почина вчера на 74 години, по кратко боледување. Во долгата и богата кариера, Поповски работел како новинар за Радио Скопје и новинската агенција Танјуг, а бил и дописник од Москва за време на историските промени на почетокот на 90-тите години. Toj е автор на првата вест во светот воопшто за почетокот на распаѓањето...

Почина Ингвар Кампрад, основачот на „Икеа“

Ингвар Кампрад, основачот на шведскиот производител на мебел „Икеа“, почина на 91-годишна возраст, соопшти компанијата. Тој важеше за еден од најбогатите луќе на светот, а според проценките на магазинот „Форбс“ неговото богатство изнесува 3,3 милијарди долари. Кампрад ја основал „Икеа“ во 1943 година, а првиот продажен центар е отворен во 1958 година во Шведска. Седумдесетите години од минатиот век...

Во Нигерија од колера починале 14 лица

На североистокот на Нигерија од колера починале 14 лица, а жртвите претежно биле раселени лица во прифатни центри кои побегнале поради насилствата на Боко харам. Нигериското министерство за здравство соопшти дека до 1 септември умреле 14 лица и додаде дека околу 180 лица се заразени со колера. Колерата е многу заразна болест од која може да се умре за неколку часа доколку...

Почина кинескиот нобеловец и дисидент Лју Сјаобо

Кинескиот добитник на Нобеловата награда за мир и дисидент, Лју Сјаобо, почина на 61-годишна возраст, соопштија денеска властите во кинеската провинција Лиаонинг, каде Сјаобо беше хоспитализиран поради рак на црниот дроб. Како што пренесуваат светските агенции, кинеската правосудна канцеларија соопштила дека нобеловецот починал три дена откако бил префрлен на интензивна нега поради откажување на повеќе органи. Сјаобо кон крајот на мај...

Почина поранешниот воен лидер на Панама, Мануел Антонио Нориега

Поранешниот воен лидер на Панама, генерал Мануел Антонио Нориега, почина на 83-годишна возраст како последица на здравствени проблеми предизвикани по операција на мозокот, соопшти панамскиот државниот секретар за комуникации, Мануел Домингез. Нориега долго време важеше за клучен сојузник на САД, сè до 1989 година, кога американските трупи извршија инвазија на Панама и го протераа од земјата. Подоцна заврши во затвор...

Почина поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис

Поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис почина денеска во 99. година од животот, соопшти неговото семејство. „Почина еден час по полноќ, опкружен со луѓето што го сакаа и што ги сакаше“, стои во краткото соопштение, во кое не се откриваат детали. Мицотакис, кој е роден во 1918 година, се повлече од политичкиот живот во 2004 година, кога му истече последниот пратенички мандат. Премиерската функција...

Почина познатиот актер Роџер Мур

Британскиот актер Роџер Мур почина во 89-година од животот, соопшти семејство на „Твитер“. Мур кратко време боледуваше од рак. Почина ви Швајцарија каде живееше во последните години. Во текот на кариерата оствари серија филмски улоги, а љубителите на филмот ќе го паметат по улогата на тајниот агент 007, Џејмс Бонд, кого го овековечи во неколку филмови. Мур ќе остане запаметен и по...

Почина Ахмед Катрада, борецот против апартхејдот

Ахмед Катрада, борецот против апартхејдот во Јужна Африка, кој 26 години помина во затвор, од кои поголемиот дел заедно со Нелсон Мандела, починал утрово во Јоханесбург, на 88-годишна возраст. Како што пренесуваат светските агенции, фондацијата на Катрада соопштила дека тој починал откако на почетокот на овој месец бил хоспитализиран поради тромб во мозокот. Катрада е роден на 21 август 1929 година,...

Почина рокенрол-легендата Чак Бери

Легендарниот гитарист и родоначелник на рокенролот, Чак Бери, починал вчера на 90-годишна возраст, објавија светските медиуми, повикувајќи се на полицијата на американската сојузна држава Мисури. Полицијата на округот Сент Чарлс ја потврдила смртта на Чарлс Едвард Андерсон Бери и навела дека неговото семејство побарало приватност за време на периодот на жалост, пренесува „Гардијан“. Музичката кариера на Чак Бери траеше повеќе од...

Почина Мајк Илич, еден од најголемите донатори на ОМД

Вчера на 87-годишна возраст почина Мајк Илич, еден од најбогатите Македонци во светот и еден од најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на Обединета македонска дијаспора (ОМД). Веста ја соопштија локалните медиуми од Детроит, каде тој важеше за исклучително почитуван и влијателен граѓанин. Мајк Илич (односно Мајк Илиевски, по татково презиме), е роден во САД, а по потекло е од Македонија....

Почина светската музичка ѕвезда Џорџ Мајкл

Пејачот и светска музичка ѕвезда Џорџ Мајкл вчера починал во својот дом во Оксфордшир, Велика Британија, на 53-годишна возраст, соопштил неговиот публицист, пренесува „Би-би-си“. Медицинските екипи биле повикани во неговиот дом, вчера во 13.42 часот, според локално време, а полицијата соопштила дека смртта на пејачот засега ја третира како неразјаснета, но дека нема сомнителни околности. Веста за смртта на Џорџ Мајкл...

Почина канадскиот пејач, поет и уметник Леонард Коен

Вчера, на 82-годишна возраст, почина канадскиот пејач, текстописец и поет Леонард Коен. Веста за неговата смрт е објавена на официјалниот фејсбук-профил на музичарот, но не се наведени детали околу причините за смртта. „Со длабока тага соопштуваме дека почина легендарниот поет, текстописец и уметник Леонард Коен“, стои во соопштението. Канадскиот премиер Џастин Трудо му оддаде почит на пејачот, кој беше еден од...

Почина Гевин Мекфејден, менторот на Асанж и директор на „Викиликс“

Директорот на „Викиликс“ и ментор на основачот на интернет-страницата, Џилијан Асанж, Гевин Мекфејден, почина на 76-годишна возраст, објави Центарот за истражувачко новинарство, чиј основач е Мекфејден. Од организацијата засега не ја наведуваат причината за смртта на Мекфејден. На социјалната мрежа „Твитер“ на профилот на „Викиликс“ беше објавено дека Мекфејден, освен што му бил ментор на Асанж, бил и него најблизок пријател...

По кратко боледување почина пејачката Љупка Димитровска

По кратко боледување, вчера почина познатата македонско-хрватската пејачка Љупка Димитровска, јавуваат хрватските медиуми. Димитровска беше родена во 1946 година во Скопје, но по првите пејачки успеси најголемиот дел од кариерата и од животот ги помина во Загреб. Нејзиниот прв албум „Љупка“ беше објавен во 1975 година.

Почина Шимон Перес, поранешен премиер и претседател на Израел

Поранешниот претседател на Израел, добитник на Нобеловата награда за мир, Шимон Перес, почина синоќа на 94-годишна возраст, две недели откако претрпе голем мозочен удар. На погребот, кој ќе се одржи в петок на националните гробишта во Ерусалим, ќе присуствуваат претседателот на САД, Барак Обама, канадскиот премиер Џастин Трудо, Бил и Хилари Клинтон, јавува израелскиот весник „Хаарец“. Перес бил еден од последните...

Почина охридската пливачка легенда Александар Леко Радиќ

Во Охрид, на 87-годишна возраст, синоќа почина познатиот професор и тренер, пливачката легенда и доајен на маратонското пливање во Македонија, Александар Леко Радиќ. Погребот ќе се изврши утре, 18 јуни, на градските гробишта во Охрид. Александар Леко Радиќ беше вистинска спортска легенда на Охрид. Тој се смета за зачетник, татко на маратонското пливање и за творец на плејада врвни пливачи и...

Почина Дарко Марковиќ, легендарниот карикатурист и автор на „Пецко“

По долго и тешко боледување, синоќа почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар и филмски режисер. Марковиќ, кај пошироката публика ќе остане запаметен како автор на стриповите со популарниот јунак „Пецко“, потпишани со псевдонимот кој е кратенка од првите три букви од неговото име и презиме „Дар - Мар“. Марковиќ е роден во Скопје во 1940 година. Како сценарист и сценограф,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...