fbpx
Таг: платформа

таг: платформа

Новинарските здруженија од регионот ги осудија заканите и навредите врз новинарките во Македонија

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8.000 членови, остро ги осуди заканите и навредите кон Мери Јордановска, уредник во „А1он.мк“ и уредничката во „ТВ Алфа“, Искра Коровешовска. Двете новинарки добија заканувачки пораки преку интернет од Емил Јакимовски минатата недела и тоа беше пријавено во полиција. Според пораките...

ССК во Кина склучи договор за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовка е во официјална посета на НР Кина, како дел од иницијативата на НР Кина „17+1“ во која активно е вклучен и Сојузот. Во рамки на официјалната посета, во Нингбо, Арсовска склучи договор за соработка со кој во платформата „17+1“ следната година Македонија и Кина ќе преземат активности за зголемување...

Граѓаните и фирмите ќе можат онлајн да ги следат предметите за приватизација

Граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР) на веб-страницата privatizacija.finance.gov.mk. -Нема веќе предмети во фиока. Направивме системско решение, платформа privatizacija.finance.gov.mk преку која граѓаните и фирмите ќе можат од својот дом или канцеларии, преку компјутер да  ja следат постапката за приватизација во Управата за имотно-правни работи....

Комплетирана независната мрежа на 7 мерачи на аерозагадување во Битола

Со три нови сензори, поставени на локации во Битола – Баир, Бадембали и Декорплод, кои се донација на компанијата „Кромберг и Шуберт“ се комплетира независната мрежа на  седум сензори за мерење на загаденоста на воздухот во овој град на неодамна основаната Платформа „Земи здив“, граѓанско здружение, кое го следи квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола и нејзината околина преку...

Путин предложи заедничка енергетска платформа на Самитот на БРИКС

Рускиот претседател Владимир Путин им понуди на членките на БРИКС (организација во која членуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република) заедничка платформа во областа на енергетските истражувања. - Важно е да се зголеми дијалогот за енергетиката на овие пет земји - изјави Путин на самитот на БРИКС, кој почна денеска во Сијам. Путин предложи да се основа заедничка енергетска платформа...

„Македонија 2025“: Потребна е добра економска клима за да продолжат инвестициите

Платформата „Македонија 2025“ се надева дека со постигнувањето на последното политичко решение ќе дојде до  конечно решавање на долгата политичка криза во Македонија. Оттаму повикуваат на создавање добар економски амбиент за да продолжат инвестициите. „Ги повикуваме сите релевантни партии, групи и организации што беа опфатени од политичката криза да ги стават настрана своите партиски интереси и да се фокусираат на градење добра економска...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се огради од провокациите на Груевски

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски се надминати и истрошени политичари, кои се грижат само за своите криминални интереси, немаат што ново да им понудат на граѓаните и затоа лажат, користат манипулации, говор на омраза, поттикнуваат насилство“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Во него се додава дека „ниту ќе има штети по употребата на македонскиот...

Бушати: Имаше договор со Груевски кој беше одбиен од причини неповрзани со Албанија

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој престојува во Вашингтон, негира дека постои „тиранска платформа“ и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија. Бушати, кој беше гостин на тинк-тенкот „Германски Маршалов фонд“, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово и Албанија, пренесе „Македонската радио-телевизија“. – Не...

Груевски – Иваниќ: Односите помеѓу двете земји се пријателски и со заемно разбирање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска придружуван од партиските соработници Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, се сретнал со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ. Двајцата соговорници позитивно ги оцениле односите помеѓу двете, земји кои се карактеризираат со заемно пријателство и со разбирање. Груевски, како што се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, го запознал својот соговорник со аспектите на политичката...

Шилегов: За некој да ги стигне Груевски и Мијалков, треба да краде 6 години секој ден

На 12. продолжение на конститутивната седница, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ даваа реплики и контрареплики за говорот на пратенкиот Димитар Стевананџија. Најголем дел од репликите, како и претходните неколку дена, се однесуваа на платформата на албанските политички партии, како и за зачувување на унитарноста на државата. Петре Шилегов од СДСМ преку процедурална забелешка го замоли претседавачот на седницата, Трајко Вељаноски, да ги...

Повеќето пратеници на СДСМ и на коалицијата ја напуштија „лакрдија-седницата“

Речиси сите пратеници на СДСМ и на коалицијата го напуштија осмото продолжение на конститутивната седница на Собранието затоа што, како што велат, таму се говори за сè освен за точките на дневен ред. На седницата останаа само неколкумина од 49-те пратеници од коалицијата на СДСМ, меѓу кои е и лидерот на партијата, Зоран Заев. Напуштањето на седницата го најави пратеникот од...

Петто продолжение на конститутивната седница на Собранието

Денеска во 11 часот, конститутивната седница на Собранието ќе продолжи по петти пат. На дневен ред, како и претходните четири дена, е изборот на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања и изборот на претседател на Собранието. Вчера седницата неколкупати беше прекинувана затоа што наместо расправа по точките од дневниот ред, пратениците меѓусебно си даваа процедурални забелешки. Претседавачот...

Рама: Промената на границите ќе дојде на маса ако балканските земји не се интегрираат во ЕУ

Границите на Балканот се безбедни сè додека балканските земји се насочени кон интеграцијата во Европската Унија, но доколку овој процес пропадне, тогаш и дебатата за границите ќе се врати на маса, рече албанскиот премиер Еди Рама на прашањето дали постои опасност од нивна промена. Ова Рама го изјавил во интервју за порталот „Дијалог плус“ (dialogplus.ch), јавува дописникот на „Мета“ од...

Во 11 часот, четврто продолжение на конститутивната седница на Собранието

Денеска во 11 часот ќе се одржи четвртото продолжение на конститутивната седница на Собранието, на која на дневен ред се изборот на членовите и на претседателот на Комисијата за избори и за именувања и изборот на претседателот на Собранието. Во изминатите три дена пратениците воопшто не дискутираа по овие две точки, туку дебатата најмногу се однесуваше на платформата на албанските...

ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа влезе во Собранието со намера да се реализира

„Собраниското мнозинство вчера и официјално ја внесе тиранската платформа во Собранието и ја најави намерата во целост да ја реализира. Целата македонска јавност имаше можност да слушне што предвидува тиранската платформа и тоа директно од собраниска говорница“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека „тиранската платформа што ја прифати СДСМ во себе содржи неуставни елементи, чие реализирање...

Пратениците поделени околу членовите на Комисијата за избори и за именувања

На денешното трето продолжение на конститутивната седница на Собранието, пратениците малку дебатираа за единствените точки на дневниот ред - избор на членовите и на претседателот на Комисијата за избори и за именувања. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ „делат лекции кој треба да биде избран за член на комисијата, а не дебатират што 10 години поддржуваат...

Димовски: Ќе избереме претседател на Собранието ако тој распише нови избори

Пред паузата за ручек од еден час, пратениците во Собранието, иако на дневен ред имаа избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања, повторно дебатираа за платформата на албанските политички партии, но и за можноста за организирање нови парламентарни избори заедно со локалните. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ниту еден граѓани не гласал за...

Груевски за „Вечерњи лист“: Одлуката на Иванов е мудра и во корист на народот

Одлуката на претседателот Иванов е мудра, таа е во корист на македонскиот народ и не би смеела да доведе до подлабока криза, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, на прашањето дали одлуката на Иванов за недоделување на мандатот би можела да ја вовлече земјата во граѓанска војна. - Земјата влезе во криза поради договорот меѓу...

Иванов – Орбан: Други држави да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Унгарија, се сретна со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кому му изразил благодарност за поддршка што Македонија ја добива од Унгарија во однос на уставното име, за предизвиците од илегалната миграција, како и за унгарската иницијатива за осуда на тиранската платформа на последниот состанок на Европскиот совет. - За...

Заев: Не е прифатлива широка коалиција со Груевски, тој треба да се подготви за опозиција

Никола Груевски треба да биде подготвен да премине во опозиција и да се случи демократско предавање на власта затоа што зад нас стојат 67 пратеници, односно 700.000 гласови, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Ал Џезеира Балканс“. - Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...