fbpx
Таг: план

таг: план

Аврамопулос: ЕК е подготвена за санкции кон земјите што одбиваат да прифатат бегалци

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, денеска изјавил дека Европската комисија е подготвена да воведе санкции за земјите членки на Европска Унија кои одбиваат да прифатат бегалци, во согласност со договорениот план за прераспределба, јавуваат светските агенции. Аврамопулос, на бизнис-конференција во Атина, ги критикувал „популистичките и националистичките лидери“ на европските земји, кои изјавуваат дека нема да се придржуваат на планот. Тој оценил...

Турција се подготвува за враќањето на мигрантите од Грција

Турција ги подготвува двата центри за регистрација на мигрантите кои од понеделник (4 април) треба да бидат вратени од Грција, согласно договорот меѓу Европската унија и Анкара, соопштија турски официјални претставници. Подготовките се почнати во летувалиштето Чешме и провинцијата Измир, која се наоѓа наспроти остворот Хиос, кој е една од главните дестинации за мигрантите, изјавил гардоначалникот на Измир, Мухитин...

Ќе се изработува план за управување со сливот на Охридското Езеро

Со 365 илјади долари одобрени од програмата на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) за Дримскиот проект, ќе се изработува прв заеднички интегрален План за управување со сливот на Охридското Езеро. Вториот проект се однесува на развивање на систем за предупредување од поплави во Дримскиот басен за кој се одобрени 470.000 долари. Со одлуката за овие и неколку други проекти всушност се почнува со имплементирање...

Керби: Сакаме планот А за Сирија да проработи

Последните информации од Сирија за почитување на прекинот на огнот од страна на режимот на Башар ел Асад даваат надеж, изјави вчера портпаролот на Стејт департментот, Џон Керби. Тој додаде дека засега нема одлука за план за дејствување во случај на неуспех на преговорите за надминување на сириската криза. Портпаролот на Стејт департментот подвлече дека се разгледани алтернативни варијанти, но дека САД...

„Охрид СОС“: За Галичица се расправа празнично и зад грбот на јавноста

Терминот за јавна расправа на предлог-измените на планот за управување со националниот парк Галичица за период 2011-2020 година, 4 јануари, е спорен за граѓанската иницијатива „Охрид СОС“. Забележуваат дека не е ниту во согласност со сите постоечки домашни и меѓународни прописи за уредно консултирање на јавноста кога станува збор за добра од јавен интерес. - На прагот сме да изгубиме три...

Туск: Проверките на мигрантите пред да влезат во ЕУ ќе траат и по 18 месеци

Мигрантите што ќе сакаат да влезат во Европа ќе минуваат низ долги проверки, кои е можно да траат и до 18 месеци, изјавил денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во интервју за шест европски дневни весници. „Да не бидеме лицемерни - ова веќе не е прашање за меѓународна солидарност, туку проблем на европските капацитети. Европејците ќе бидат помалку резервирани ако...

Специјалната обвинителка Јанева ги достави работниот, персоналниот и финансовиот план

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, до Советот на јавни обвинители, Владата на Република Македонија и до Собранието, денеска достави општ работен, персонален и финансов план. „Плановите до Собранието се доставени за известување, додека до Владата и до Советот на јавните обвинители се доставени за имплементација. Како што веќе беше...

Ариф: Владата и УНХЦР мора да бидат подготвени за зимскиот наплив на мигранти

Двајца експерти од седиштето на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во моментот се во Скопје, каде заедно со претставници на Владата, полицијата и со другите партнери на ОН во земјава, разговараат и ги разгледуваат можните сценарија за тоа како ќе се одвива бегалската и мигрантската криза со која се соочува земјата, особено во зимскиот период, вели во...

Обама ќе го објави планот за чиста енергија

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, треба да го објави планот за, како што тој вели, „најголемиот и најважниот чекор што сме го презеле“ во справувањето со климатските промени, јавуваат светските медиуми. Станува збор за ревидираниот „План за чиста енергија“, со кој се предвидува намалување на емисијата на стакленички гасови од енергетските постројки во САД за една третина...

Груевски: Усвоивме амбициозен план со реформи за европска интеграција

Дејствуваме за потребите и за интересите на сите граѓани, за достигнување и за унапредување на европските стандарди и почеток на заслужените преговори за членство во ЕУ, напиша премиерот Никола Груевски на својата фејсбук-страница. „На вчерашната седница, усвоивме план за нови реформи за европската интеграција. Покрај постојните реформи, кои континуирано ги спроведуваме, ова е нов обемен и амбициозен план, за кој...

Вишеградската четворка не го прифаќа планот на ЕУ за мигрантите

Словачка, Чешка, Унгарија и Полска, познати и како вишеградска четворка, соопштија дека не го прифаќаат планот на Европската унија за прифаќање дел од мигрантите кои бараат азил и се спротиставуваат на предложениот систем за распределба на мигрантите. Во соопштение тие велат дека тој план е неприфатлив и изразуваат подготвеност да се има солидарност со Италија и со Грција во врска...

Ципрас: Грција поднесе целосен план, топката е во рацете на ЕУ

Грција ноќеска испратила целосен и детален план со предлози и со идеи до меѓународните кредитори. Грчкиот премиер Алексис Ципрас, при посетата на Министерството за образование, обелодени дека од грчка страна е испратен детален план со конкретни и реалистични предлози, план во кој се направени тешки отстапки за да се излезе од кризата. „Направивме тешки отстапки и поднесовме реален план за излез...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...