fbpx
Таг: ПитерВанхауте

таг: ПитерВанхауте

Ванхауте утре ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за прислушувањето

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте утре ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Причината за тоа е што членовите на оваа комсија веќе две седници не можат да го усвојат деловникот за работа. Најспорна точка за членовите од парламентарното мнозинство е ставката од членот 16 од деловникот, со кој се предвидува дека во случај на изедначени гласови на...

Поповски: Ги исправаме законите кои ЗНМ ги договори со Владата

Ова се преговори на политички партии вклучени во Договорот од Пржино, затоа не гледам смисла во него да бидат вклучени невладини организации и новинарски здруженија, вели Роберт Поповски, член на работната група на СДСМ во разговорите за медиумската сфера. Според него, новинарските здруженија треба да лобираат кај политичките партии за да ги застапуваат нивните интереси, но, сепак, политичките партии треба...

Селмани: Големите казни ќе ги затворат медиумите

Доколку новинарските здруженија не бидат вклучени во разговорите за медиумите на политичките партии и на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, новинарите ќе протестираат пред Клубот на пратеници, изјави претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани. Тој реагираше на последните измени на Изборниот законик во кој се вклучени и интернет-порталите и предвидени се глоби од 8.000 евра. - Најновите измени во Изборниот законик, кои...

Работните групи завршија без договор за медиумите

Средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино завршија без конкретен договор за медиумите. Роберт Поповски од СДСМ вели дека денеска разговарале за агенцијата за медиуми, а дека повторно ќе се сретнат в понеделник. - Денеска на работната група разговаравме за агенцијата за медиуми и само ние како учесници имавме доставено предлог како таа да функционира, па затоа...

Партиите денеска ќе го спасуваат Договорот од Пржино

Претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска треба да се сретнат и да разговараат за нерешените прашања, дознава „Мета“. Според нашите информации, тие треба да разговараат за предлог-законот за влада, кој белгискиот олеснувач Питер Ванхауте им го достави минатата недела. Информациите говорат дека во него се земени предвид сите забелешки на политиките партии. Ставовите, пак, на двете...

Ванхауте на партиите им дал нов закон за надлежностите на министрите

Олеснувачот во преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, доставил нов предлог-закон за надлежностите на министрите и на замениците-министри во новата заедничка влада. Предлогот бил сублимат од досегашните разговори на партиите, а, пред сè, се однесува на ингеренциите што треба да ги има новиот министер за внатрешни работи. Се дознава дека по овој предлог вчера партиите имале внатрепартиски...

Ван Хојте: Работната група се фокусира на билатерални средби за клучните прашања

Земајќи ги предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби за да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство и именувањето на министри и на заменици-министри во Владата, изјави белгискиот олеснувач Питер ван Хојте. Според него, откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со работна група, која официјално...

Ван Хојте: Ако нема договор за ДИК до ноември, изборите во април се речиси невозможни

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте денеска рече дека ако нема договор за деталите на функционирањето на Државната изборна комисија до почетокот на ноември, избори во април се речиси невозоможни. Тој вели дека сега треба да се постави прашањето дали политичките партии воопшто сакаат да постигнат целосен договор, а според него, кочници има на сите страни. Како најголем напредок на овие работни...

Хојте: Законот за „бомбите“ мора да е европски ако имате аспирации кон ЕУ

Почна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, на која треба да се договорат законите за влада, за „бомбите“ и за таканаречените „свиркачи“. Вчера лидерите на четирите политички партии на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, не постигнаа никаков договор. Белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте, пред почетокот на средбата, ги повика партиите...

Ван Хојте: Партиите на добар пат да постигнат договор за изборниот законик

Белгискиот експерт Питер ван Хојте изјави дека партиите биле на добар пат да постигнат договор за изборниот законик, за што изрази задоволство. Сепак, тој кажа дека една партија, без да прецизира која, ги напуштила преговорите поради непочитување на Законот за специјален обвинител. Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, пред Клубот на пратеници каде што се одржуваа преговорите на работните групи за изборната...

Почна средбата за договор за изборната регулатива

Почна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, на која треба да се одлучи за гласањето на дијаспората и за изборот и за надлежностите на Државната изборна комисија. На средбата, освен олеснувачот Питер ван Хојте, присуствуваат Илија Димовски и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски и Цветанка Илиева од СДСМ, Артан Груби и Фатмир Бесими од...

Работните групи на билатерални договори, заедничката средба поместена за 15 часот

Заедничката средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино е одложена за 15 часот затоа што сè уште траат билатералните средби на политичките партии, им рече на новинарите пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Работните групи имаат одделни средби со европскиот олеснувач Питер ван Хојте, по што ќе одржат заедничка средба во Клубот на пратеници на која треба...

Питер ван Хојте: Јас сум оптимист

Заврши билатералната средба на пратеникот од ДУИ, Артан Груби, со белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте. Тие не сакаа да дадат изјава. Ван Хојте кратко рече дека е оптимист, а за друго не сакаше да коментира. Во 16 часот белгискиот експерт ќе има средба со претставници на СДСМ.

Питер ван Хојте на билатерални средби со партиите во Собранието

Белгискиот експерт Питер ван Хојте, кој е олеснувач во преговорите на работните групи на партиите потписички на Договорот од Пржино, денеска има серија средби со претставниците на политичките партии во Собранието на Република Македонија, за да ги доближи нивните ставови околу прашањата поврзани со изборните закони. Во 12 часот, тој имаше средба со претставници на ДПА, а од 14 часот тече средбата со ДУИ. За...

Ван Хојте: Решение за законот за необјавување „бомби“ до 20 октомври

Предлог-законот за необјавување на „бомбите“ е вратен на доработка во Собраниските комисии и ја поздравувам улогата на ДУИ која се одлучи на ваков чекор, изјави предмалку, белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте, пренесе Телеграф. За него партиите треба да најдат решение најдоцна до 20 октомври. Во врска со разговорите на работните групи за Изборниот законик тој рече дека има приближување во ставовите и очекува преговорите...

Џафери: Без моја согласност не може да се повлече законот

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте денеска во Собранието се сретна со подносителот на спорниот закон од ДУИ, Талат Џафери, со намера да издејствува повлекување на спорниот предлог. - Во работните групи ќе се одлучува што ќе се прави со законот, но без моја согласност не може да се повлече - изјави Џафери. Ван Хојте исто така за подоцна најави изјава. Од таа средба...

Женското лоби побара од Хојте да се избори за поголеми квоти

Одговарајќи на новинарско прашање како течат преговорите и дали денеска очекува работните групи на политичките партии да постигнат договор за изборните закони, белгискиот олеснувач Питер ван Хојте рече дека одговор на ова прашање ќе има или доцна вечерва или утре наутро. Додека белгискиот олеснувач влегуваше во Клубот на пратеници, пред портата го застанаа десетина жени, претставнички на Македонско женско лоби....

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза на работните групи и повеќе не се вратија

Шест часа претставниците на СДСМ, ДПА и на ДУИ вчера ги чекале претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров и Никола Попоски, да се вратат од паузата што ја договориле на работните групи, дознава „Мета“. Иако паузата требало да трае само два часа, и по шест часа тие не се вратиле во Клубот на пратеници. Пред полноќ, белгискиот експерт Питер ван Хојте телефонски им...

Ван Хојте: Ја туркаше Катица и со велосипедот ги победи црните лимузини

Питер ван Хојте, белгискиот олеснувач со чие посредство работните групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА го договорија законот и името на специјалниот јавен обвинител, иако навидум благ и смирен, неколкупати покажа дека не е ниту случајно таму, ниту, пак, дека не располага со политичка и секаква друга „тежина“. Ако се земат предвид и неофицијалните информации за неколку директни конфронтации...

Ван Хојте: Една од партиите не ги почитува договорот и рокот за избор на специјален обвинител

Во моментов можам да кажам дека една од најголемите политички партии не се придржува до она што е договорено и не почитува никакви крајни рокови, што е неприфатливо во водењето на преговорите и во постигнувањето конечен договор. Ова го изјави белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, пред почетокот на денешната рунда преговори меѓу четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...