fbpx
Таг: пензии

таг: пензии

МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределбата на пензиите

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), известува  дека во рамките на своите надлежности ќе соработува со надлежните институции заради заштита на интересите на членовите на пензиските фондови, поради скандалот со пензиите кој го откри Министерството за труд и социјална политика (МТСП). „Исто така, МАПАС ја известува јавноста дека ќе ги информира членовите за нивната распределба во соодветните пензиски фондови...

МТСП ќе поднесе кривична пријава, поради неправилна распределба на пензиите

Министерството за труд и социјална политика (МТСП)  соопшти дека денеска до Основното јавно обвинителство ќе достави кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери. „Имено, темелните истражувања на пензискиот систем кои ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции...

МТСП: Со сет мерки ја стабилизираме дупката од 15 милијарди денари во ПИОМ

Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад-хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во Фондот за ПИОМ, велат од Министерство за труд и социјална политика. „Со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедуваме стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при...

Царовска: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која на прес-конференција во Владата информираше за сработеното во изминатите 11 месеци. - Работиме на стабилизација на системот за пензии, затоа што знаеме дека за 10 години ВМРО-ДПМНЕ за трипати го зголеми долгот на пензискиот...

СДСМ: ОЈО да ги расчисти злоупотребите во Домот за стари лица во Прилеп

Членот на Советот на Општина Прилеп од СДСМ, Александар Китаноски бара Основното јавно обвинителство да ги расчисти кривичните пријави против поранешниот градоначалник, Марјан Ристески и поранешните директори на Домот за стари лица, Ирена Стерјовска Локвенец и Дарко Рибароски, за кои вчера актуелниот директор на оваа институција ја извести прилепската јавност. - Веднаш да се расчистат сите индиции од кривичната пријава дека, поранешниот...

Владата ќе расправа за евроатлантската интеграција и за борбата против корупцијата

Владата на Република Македонија денеска со почеток во 15 часот ќе ја одржи редовната, 48. седница, на која ќе се расправа и за напредокот на напорите за интеграција во ЕУ и во НАТО, но и за користење на европските фондови, како и за Рамковниот договор. На предлог на министерството за правда, министрите ќе го разгледаат предлог – законот за изменување...

Милошоски: Ќе поднесеме предлог-закон за зголемување на пензиите

Пратениците на Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесат предлог-закон во Собранието на Република Македонија за зголемување на пензиите за 650 денари на околу 300.000 пензионери во државата, најави на партиска прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски. - Доколку овој закон се усвои во Собранието до поддршка на уште само...

Царовска: Во Фондот на ПИОМ недостасувале 21,2 милијарди денари во 2016 година

Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), лани недостасувале 21,2 милијарди денари што е трипати повеќе од 2005 година, кога трансферот од буџетот во овој Фонд изнесувал 7,7 милијарди денари, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. - Недостатокот на финансиски средства во Фондот на ПИОМ е огромен и ние ќе се трудиме да најдеме...

Зголемувањето на пензиите ќе се усогласува со порастот на трошоците за живот, велат од МТСП

Усогласувањето на пензиите во 2017 година се врши согласно член 37 од законот за пензиското и инвалидското осигурување, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Оттаму велат дека, усогласувањето на пензијата се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секој ден пласира скандалозни и морбидни лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно создава лажни вести со што се обидува да внесе страв кај граѓаните, се вели во утринското соопштение на СДСМ. Во него се додава дека лажни вести се „градењето на станови за бегалци како и укинувањето на зголемувањето на пензиите.“ „Лажна вест е дека ќе се враќаат сините картони, како што беше лажна вест и морбидната приказна за наводно почината...

Царовска: Нема да има кратење на пензиите, годишно ќе се зголемат за 2.160 денари

Секој пензионер, согласно законот за пензии и членот од законот за усогласување со порастот на трошоци за живот и порастот на плати, ќе добива по 180 денари секој месец, од јануари до декември, или за 2017 година ќе добие вкупно 2.160 денари, изјави денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Таа рече дека ова право на пензионерите нема...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го укинува најавеното и планирано зголемување на пензиите

Според информациите кои деновиве излегоа во медиумите и во јавноста, пензионерите годинава нема да го добијат планираното зголемување од пет проценти на пензиите, изјави на прес-конференција, Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека „септемвриската пензија ќе биде зголемена за само 180 денари, а не според планираната динамика на владата на ВМРО-ДПМНЕ.“ - Повеќе од 300.000 пензионери на сопствена кожа ќе ја...

Царовска: Пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно, социјалната помош ќе се зголеми

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средба во општинската организација на СДСМ во Центар, порача дека СДСМ како чинител на власта ќе најде начин да ги направи пензиите одржливи, како и двапати годишно тие да се усогласуваат со трошоците за живот. Според Царовска, во план е социјалната помош да се зголеми, но тоа ќе се случи следната...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денеска призна дека буџетот не е празен

СДС денеска призна уште една своја голема лага со која ги манипулираше и ги плашеше граѓаните, дека во буџетот на Република Македонија немало пари и дека Македонија е пред економски колапс, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на првата седница на новата влада предводена од премиерот Зоран Заев. „Денеска, на своите фејсбук-профили, гордо, со исплатените субвенции за земјоделците, пензиите и...

Министерство за финансии денеска исплатило заостанати субвенции и студентски стипендии

Министерството за финансии денеска на сметките на 301.660 пензионери исплатило 4 милијарди 174 милиони денари пензија за мај, информираат оттаму. „Денеска се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните пет месеци во висина 118,2 милиони денари. Исто така, денеска Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади...

Грчките земјоделци ќе протестираат се додека не се сретнат со Ципрас

Граничниот премин Евзони останува затворен и денеска. Земјоделците од Северна Грција кои веќе две недели ја блокираат грчко-македонската граница остануваат на своите места без никаква најава за повлекување на блокадата, додека не се сретнат со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Грчкиот весник „Прото тема“ јавува дека дел од земјоделците од Северна Грција планираат тричасовна блокада на клучката кај Херсо, која води...

МТСП прави анализи, можни се измени на Законот за исплата на пензии

Министерството за труд и социјална политика врши покомплексна анализа на состојбата во Пензиско-инвалидското осигурување во Македонија и на потребите од реформа во првиот пензиски столб. Од добиените анализи за две недели, ќе зависи и дали ќе има измени во Законот за исплати на пензии. Ова следува откако Народниот правобранител информираше дека тројца пензионери се пожалиле на пониски пензии, односно ПИОМ...

Дополнително осиромашиле 75 отсто од домаќинствата во Грција

Средната класа во Грција полека се топи и дури 75 отсто од домаќинствата во Грција дополнително осиромашиле во текот на 2016 година поради рестрикциите во текот на изминатите години и товарот од сè поголемите даноци. Половината од Грците се подготвени да ја напуштат земјата. Овие поразителни резултати ги покажа годишното истражување на Конфедерацијата на занаетчиите и на трговците во Грција. Грчките медиуми ударно...

Миноски: СДСМ ветуваше нови вработувања, а вчера навести отпуштања во јавниот сектор

СДСМ пред изборите, на граѓаните им ветуваше просечна плата од 30.000 денари, повисока минимална плата, нови вработувања, зголемување на пензиите и тоа не еднаш, туку двапати годишно, а веќе вчера пропагираше отпуштања во јавниот сектор, намалување на платите и на пензиите - изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, на денешната прес-конференција. - Кога беше на власт, СДСМ ги...

ВМРО-ДПМНЕ одржува панел-дебата „Видливи и реални проекти“ во МОБ

Панел-дебата на темата „Видливи и реални проекти“ организира ВМРО-ДПМНЕ во Македонска опера и балет. Настанот се одржува во рамките на тридневниот отчет на партијата за постигнувањата, проектите и за политиките. На вечерашната дебата, меѓу другите, учествуваат и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик-министерот за образование и за наука, Спиро Ристовски, и директорот на...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...