fbpx
Таг: Пејпер Мил

таг: Пејпер Мил

Проработе кочански Пејпер Мил откако го инсталираше филтерот против загадување на воздухот

Кочанската фабрика за хартија Пејпер Мил повторно проработе откако сопствениците го инсталираа вреќестиот филтер со кој значително се намалуваат количествата штетни честички испуштени во воздухот. На денешното рестартирање на фабриката присуствуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи и кочанскиот градоначалник Николајчо Илијев, информираат од владината прес-служба. Вицепремиерот Битиќи потсети дека Пејпер Мил, при своето работење во минатото, испуштал повисоко ниво од дозволеното на...

По победата над „Пејпер Мил“ во Кочани, 12 организации со нова иницијатива „За здрав живот“

Борбата против загадувањето на животната средина и најавената изградба на мини хидроцентрала на браната Гратче, деновиве обедини 12 граѓански организации од Кочани, кои имаа заедничка цел – Кочани да биде почиста средина за живот. На заеднички состанок овие здруженија најавија засилени активности за почиста животна средина. Како што најавија, здружени ќе вршат поголем притисок врз институциите, а ги повикаа да...

Мерењата на бугарската лабораторија за загадувањето од „Пејпер Мил“ не се прифатливи во земјава

Државниот инспекторат за животна средина нареди промена на горивото за работа на загадувачот „Пејпер Мил“ од Кочани, врз основа на резултатите на мерењата на загадувањето на воздухот добиени од акредитираната лабораторија „Фармахем“, која работи според стандардите утврдени во Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги...

Државниот инспекторат за животна средина нареди кочански „Пејпер Мил“ да работи на плин

По мерењата на емисиите испуштени во воздухот од кочанската фабрика „Пејпер Мил“ на 30 декември 2020 година, Државниот инспекторат за животна средина повторно утврдил надминување на граничните вредности, информираат од овој инспекторат. Вчера фабриката „Пејпер Мил“ добила наредба да престане да го користи котелот на пелети и да премине на работа на плин. „Инсталацијата ќе работи на плин сè додека не...

„Пејпер мил“ ќе мора да работи или на плин или да стави клуч додека не инсталира филтри

Загадувачот „Пејпер Мил“ од Кочани, доколку на следното мерење на емисиите во воздухот кое е закажано за два дена, на 30 декември, се докаже дека и понатаму ги надминува граничните вредности, ќе мора да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин или пак, ќе мора да стави клуч на врата и да не работи...

„Пејпер мил“ доби казна од 20.000 евра за емисии на ПМ 10, инспекторите во офанзива против загадувачи

Државниот инспекторат за животна средина ја казни кочанската компанија „Пејпер мил“ со 20.000 евра и обврска за два месеци да вгради филтер за да запре загадувањето на воздухот со ПМ 10 честички од нејзините оџаци. Казна може да добие и општината Тетово која и покрај предупредувањето дека каптажата за вода за пиење за градот е незаштитена и под опасност...

„Дрисла“ работи најдобро што може, Вардариште е црна точка, Инспекторатот за животна средина вонредно ги чешла загадувачите

Државниот инспекторат за животна средина за три недели направил 68 редовни надзори и 25 вонредни контроли и издал 12 решенија за корекции на индустриските капацитети. Директорката Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите ги посетиле „Дрисла“, „Макстил“, „Пејпер мил“ од Кочани, МЕПСО, „Фени“ и други компании, а деновиве ќе го посетат и БЕГ, кој неодамна резервираше поголеми количини на мазут,...

Поставен филтер во кочанската Paper Mill, општината најавува нови мерки против аерозагадувањето

Кочанската компанија Paper Mill (Пејпер мил) која доби забрана за работа од Државниот инспекторат за животна средина, монтираше воден филтер за собирање загадувачки супстанци и ПМ честички од отпадните гасови, кои исто така содржат и јаглерод моноксид. Филтерот е таложник со вода, низ која чадот поминува преку цевки и се враќа назад во системот, додека низ оџакот се испушта водена...

Американскиот новинар Еван Гершковиќ осуден на 16 години затвор во Русија

Новинарот на американскиот „Волстрит журнал“ Еван Гершковиќ денеска во Русија беше осуден на 16 години затвор за шпионажа кое се верува дека е политички мотивирано. Руското обвинителство побара тој...