fbpx
Таг: пациенти

таг: пациенти

Пуштен во употреба реновираниот оддел за интензивна нега на Клиника за детски болести

Денеска е пуштен во употреба реновираниот оддел за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести. „Одделот за интензивна нега ќе работи со истиот капацитет како и досега, со можност да се зголеми со нови вработувања на медицински персонал, со што ќе се испочитуваат високите стандарди на згрижување на најтешко болните деца и ќе се гарантира безбедноста на пациентите“, се вели...

Институтот за јавно здравје потврдил уште три случаи на мали сипаници

Институтот за јавно здравје информира дека во тек на денешниот ден лабораториски се потврдени уште три случаи на мали сипаници (морбили), со што вкупната бројка на заболени се зголеми на осум лица. Од институтот информираат дека се работи за деца на возраст од три и пет години и за еден пациент на возраст од 27 години. „Децата претходно не биле вакцинирани против...

Таравари: Советот за јавни набавки е виновен за доцнење на испораката на лекови

Министерот за здравство, Арбен Таравари, вината за доцнење на испораката на некои лекови ја лоцира во Советот за јавни набавки, а не во Министерството за здравство. Тој појасни дека кога пред шест месеци една фирма конкурирала за испорака на лекови, немало проблем, а сега, кога истата фирма конкурира со истите стандарди, има проблем пред Советот за јавни набавки. - Има еден Совет за...

Таравари: Ако гостиварци не ми веруваат, се враќам на лекарската професија

Министерот за здравство во заминување, Арбен Таравари, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ зборува за проблемите во ресорот што ги затекна и со кои се справуваше, како и за својата кандидатура за градоначалник на Гостивар. - Сега е моментот да видам колку тежам и вредам во мојот град. Ако тие ми веруваат и ми дадат гласови, ќе знам дека вредам...

Во болница остануваат уште 12 патници повредени во автобуската несреќа

Се очекува денеска дома да бидат пуштени уште тројца пациенти од автобуската несреќа што се случи во неделата на автопатот Велес - Скопје, кои беа хоспитализирани во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, соопшти Министерството за здравство. Од Клиниката за oртопедија информираат дека петмина пациенти се веќе пуштени дома и во моментов кај нив се хоспитализирани уште осум повредени...

Таравари: Пациентите се во добра здравствена состојба, ситуацијата со вирусот е под контрола

Министерот за здравство, Арбен Таравари, потврди дека двајцата пациенти што починаа на Клиниката за инфективни болести, биле жртви на вирусот хантаан, односно корејска хеморагиска треска, како што претходно објави „Мета“. Тој додаде дека се шпекулација информациите за уште еден починат и дека ситуацијата е под контрола. Таравари информираше дека седумте пациенти од Гостивар кои биле во контакт со веќе починатите лица се хоспитализирани...

Еден од починатите на Инфективна најверојатно имал корејска хеморагиска треска

Постариот од двајцата пациенти од Гостиварско кои починаа на Клиниката за инфективни болести во Скопје, за што вчера информираше Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, е жртва на вирусот хантаан, односно корејска хеморагиска треска, дознава неофицијално „Мета“ од извори во здравствените институции. Во очекување на резултатите од анализите, односно официјална потврда за причините за смртта на двајцата пациенти,...

Двајца мажи починале на Инфективна, надлежните велат нема простор за паника

Двајца мажи на возраст од 23 и од 50 години починале на Клиниката за инфективни болести во Скопје во тешка состојба, а Комисијата за заразни болести при Мининистерството за здравство сè уште не сака да ги соопшти причините за смртта. Од таму велат дека симптомите одговараат на повеќе болести, а официјалната причина ќе се знае по спроведените анализи. Пациентите на...

ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде кочничар на реформите во здравството

„ВМРО-ДПМНЕ не смее и понатаму да биде кочничар на реформите во здравството на штета на здравјето на македонските граѓани“, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). Оттаму додаваат дека секојдневните недостатоци на лекови, медицински помагала во болниците и реагенси во лабораториите се рефлектираат на најсуштествените потреби на пациентите. „Иако во некои случаи причината е немање средства, во други - неточни...

Надлежната комисија не нашла пропусти во случајот со починатите во брзата помош

Комисијата за стручен надзор на Министерството за здравство тврди дека немало лекариски пропусти во лекувањето и при транспортот на двајцата пациенти од Крива Паланка, кои, кон средината на овој месец, починаа во возило на брза помош на кое му откажаа сопирачките, пренесува „Телма“. Комисијата беше формирана од Министерството за здравство за да го испита случајот. Комисијата, повикувајќи се на документацијата...

Две лица починале во расипано возило на брза помош

Две лица од Крива Паланка со брза помош биле испратени во Ургентниот центар во Скопје денеска, но возилото се расипало и тие починале додека се отстранувал дефектот, некаде пред скопска патарина. Таа информација вечерва по електронска пошта беше испратена до голем број новинари и редакции. „Мета“ се обиде да ги потврди овие наводи, но на телефонската централа на Здравствен дом Крива...

ВМРО-ДПМНЕ: Терапијата која пациентите порано ги чинела 8.000 евра сега е бесплатна

Не се очекува СДСМ да поздрави нешто што е во прилог на граѓаните, а особено на пациентите кои страдаат од карцином, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. - Во времето на СДСМ пациените чекаа по една година за хемотерапија и немаше ниту еден лек на позитивна листа. Крајно лицемерно е СДСМ да зборува за здравството кога...

Костовска: Има 15.800 лица заболени од грип, но бројката сигурно е поголема

Вкупно 15.800 лица заболени од грип побарале помош во здравствените установи заклучно со минатиот петок, информираше на прес-конференција државниот советник во Министерството за здравство, Јованка Костовска. - Од податоците што ги имаме во Институтот за јавно здравје, до минатата недела се пријавиле околу 9.500 заболени од грип. Сигурно оваа бројка е многу поголема бидејќи има и такви кои не биле на лекар и се...

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми интервенции на лекарите

На Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ биле примени 28 пациенти, информираат од оваа здравствена установа. По соодветната здравствена грижа, сите пациенти биле пуштени на домашно лекување. Во текот на новогодишната ноќ биле регистрирани и четири смртни случаи во домашни услови на лица од 40 и над 60 години. Директорката на Здравствениот дом Скопје, Татјана Баевска-Вучковиќ истакна...

#Одговорност е брзата помош навистина да е брза

Бројот на повици и на интервенции во Итната медицинска помош во просек е околу 70 дневно, но има денови кога помош бараат и повеќе од 130 лица. Просечното време на пристигнување на екипата за брза помош по повик во Скопје е 38 минути. Ова не важи ако повикот е упатен во време на најголемиот метеж во текот на денот –...

Пациентите два месеци се без лекот „синтром 4“ и ќе треба да се стрпат до февруари

Повеќе од два месеци, пациенти од Македонија што го користат лекот „синтром 4“ од канадската компанија „Мерус лабс“ не можат да го набават поради тоа што не е увезен. Според последните информации, лекот ќе го нема до наредната година, а оптимистичките прогнози велат дека треба да се појави во февруари. – Со денови одам по аптеки и барам „синтром 4“. Имам тромбоза...

Штипјани останаа без инсулин

Продолжува сагата со инсулинската терапија во Штип. Редицата пациенти, кои и денеска како и секој петок се појавија пред вратите на инсулинската амбуланта, останаа со празни раце. Пензионери, средовечни, мажи и жени на високата летна температура дојдоа по терапијата што им следува, но не добија објаснување зошто нема и како понатаму да го продолжат третманот со неопходната инсулинска терапија. - Тука...

Кардиологија: Ниту еден пациент не останал без потребната грижа и терапија

На Клиника за кардиологија во секој момент има најмалку три типа антибиотици со широк спектар за парентарална употреба и повеќе од пет типа антибиотици за пероорална употреба, се вели во демантот на Клиниката за кардиологија по повод соопштението на СДСМ, во кое се вели дека, „клиниката останала само со еден антибиотик со кој ги лечат сите пациенти.“ Оттаму велат дека...

СДСМ: Кардиологија остана само со еден антибиотик со кој ги лечат сите пациенти

„Никола Тодоров веднаш да излезе и да каже дали Клиниката за кардиологија е оставена само со еден антибиотик и зошто? Според информации од лекари, на клиниката во моментов има само еден антибиотик што им го даваат на сите пациенти кои се болнички згрижени“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него, исто така, се додава дека „лекарите стравуваат дека со ваков...

Во пожар во болница во Русија починаа 23 лица

Најмлаку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во пожар кој избувнал во болница за невролошки заболувања во рускиот регион Вороњеж, во централна Русија, јавија руските медиуми. „Раша тудеј“ пренесува дека во моментот на избувнување на пожарот, во зградата биле повеќе од 70 лица, односно пациенти и медицински персонал. Од нив, 53 биле евакуирани од зградата за време на...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...