fbpx
Таг: пациенти

таг: пациенти

Британската амбасадорка Галовеј го поздрави поставувањето на мобилната болница кај Инфективна клиника (галерија)

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј го поздрави поставувањето на монтажната болница до Инфективната клиника, на просторот каде што беа бараките на студентскиот дом „Медицинар“. „Одлична соработка меѓу Министерството за одбрана и Град Скопје за изградба на капацитет за справување со епидемијата #COVID19. Оваа мобилна болница ќе го удвои капацитетот на Клиниката за инфективни болести и ќе ги поврзе здравствените експерти со...

Расте бројката на заразени во соседството 

Значително зголемен број на нови случаи со COVID-19 регистрира Бугарија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот.  -Генералниот тренд на нови случаи со новиот корона вирус се покачува. Тоа што случаите на нови дијагностицирани е помал од претходните денови, не покажува тенденција - изјави тој на редовниот утрински брифинг за медиумите.   Во Бугарија ...

Бројот на заболени е 48 лица, се подготвува план и за болницата „8 Септември“

До 16 часот денеска во нашата земја се регистрирани шест нови случаи на пациенти со корона вирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Вкупниот број на заболени сега е 48, а се подготвува план за ставање во функција на болницата „8 Септември“. - Во Штип за прв пат е дијагностициран вирусот кај девојче на возраст од четири години. Семејството се...

Мемети: Граѓани доаѓаат во гостиварската болница со знаци на страв, а не на корона вирус

Ситуацијата во Гостивар до овој момент е стабилна и официјално нема заразени лица со коронавирус, изјави лекарот инфектолог Енес Мемети од гостиварската болница, кој ги повикува граѓаните да не шират паника. Тој посочува дека граѓаните треба да се прегледуваат кај матичните лекари, а во инфективниот оддел да доаѓаат само оние со симптоми на коронавирусот, пренесува „Порталб.мк“. Според докторот Мемети од...

Филипче: Доаѓаат 20 туристи од Сингапур и Јапонија, сите ќе бидат прегледани

Се очекува утре да дојдат 20 туристи од Сингапур и од Јапонија, па епидемиолози од Институтот за јавно здравје ќе ги пречекаат и прегледаат, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече и дека засега нема забрана за локални настани, прашан што со најавите за помасовни собири на политичките партии што треба да се случат во наредниве...

Филипче: Двајца лекари што биле во Мадрид се тестираат од корона вирус

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека нема нови случаи на заразени граѓани од корона вирусот (ковид-19) во нашата земја. Тој информираше дека двајца лекари од земјава кои биле на конгрес во Мадрид ќе бидат тестирани и ставени во изолација во период од 14 дена, бидејќи еден од предавачите на настанот веќе е потврдено од Светската здравствена организација дека...

Бројката на починати во светот од новиот корона вирус се зголеми на над 3.000

Новиот корона вирус Covid-19 е веќе присутен во над 60 земји, со над 88.000 заразени луѓе низ целиот свет, освен на Антарктикот. Според најновите податоци, досега починале повеќе од 3.000 луѓе. Бројот на заразени со корона вирусот се зголемува во Италија, а Франција го затвори светски познатиот музеј Лувр. Австралија и Тајланд во неделата ги објавија првите смртни случаи, додека Доминиканската...

Филипче ќе купува сапуни за училиштата, градинките и за јавните тоалети

Министерството за здравство треба итно да набави соодветно количество сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и за јавните тоалети. Ова е еден од денешните заклучоци на Владата, донесен врз основа на препораките на кризниот штаб за справување со корона вирусот на Министерството за здравство. Ова следува откако овој вирус почна да се шири во Европа, вклучително и на...

Нема вонреден распуст, училиштата полупразни, бројот на грипозни расте

Нема вонреден распуст или прогласување епидемија, иако активноста на сезонскиот грип расте, досега се регистрирани 5.660 новозаболени лица од сите градови во државата, информираат од Институтот за јавно здравје. Бројот на новозаболени е зголемување за 74 отсто во споредба со минатата недела. Лабораториски е докажано присуство на инфлуенца тип А и Б, а најголем број од заболените лица припаѓаат...

Грипот почнува да коси: Одделенијата преполовени, ординациите полни

Досега се пријавени 2.825 случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 76,6 отсто во споредба со минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје. Во споредба со бројот на пријавени пациенти минатата година, годинава има зголемување за два пати. Д-р Ангелчо Андоновски, директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, вели дека во болницата во...

Филипче: Исполнуваме сѐ што бара СЗО од нас, комплетно сме подготвени за корона вирусот

Државите секојдневно добиваат серија препораки од Светската здравствена организација (СЗО) за тоа како да се справат и борат против корона вирусот, откако неодамна беше прогласена вонредна состојба од меѓународен карактер. Во меѓувреме, СЗО на здравствените власти ширум светот им испрати документ во вид на прашалник кој тие треба да го пополнат, а се однесува на подготвеноста на здравствените системи да...

Д-р Беговиќ: Добро е што новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на Клинички

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи. Реакцијата...

Филипче: Се бара локација за изградба на новата болница во Струга

Пациентите од Струга и регионов, како и здравствените работници од струшката болница бараат нов објект. Болницата постои повеќе од пет децении и е со голем број инфраструктурни проблеми. Болницата во Струга опслужува повеќе од 150.000 пациенти годишно и во неа се лекуваат и пациенти од други градови но и од соседна Албанија. „Навистина одличен кадар работи во струшката болница во повеќе...

Заразата со морбили се шири во Штип

Возрасни пациенти во старосната група меѓу 20 и 45 години се евидентирани како новозаболени од морбили во Штип. Само во текот на изминатото деноноќие на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип е хоспитализирано едно лице со потешки симптоми на морбили, а двајца други се прегледани амбулантски и пуштени на домашно лекување. Во моментов на лекување во болница се...

ФЗОМ ги зголеми квотите на лекови и за април

Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите на лекови за дополнителни 12.000 денари, поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и по направена сондажа за искористеност на квоти за месец април на приватните здравствени установи аптеки која изнесува од 85 до 90 проценти. „Ова зголемување е обезбедено за секоја...

Истрагата на местото на несреќата продолжува, во тек е обдукција на загинатите (галерија)

Билансот од вчерашната страотна сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово, до сега е 14 загинати и триесетина повредени од кои седуммина потешко. Истрагата на местото на несреќата продолжи и денеска, а во Институтот за судска медицина се врши обдукција на загинатите и нивна идентификација. Детали за несреќата од страна на Јавно обвинителство се очекуваат денеска или утре. Возачот на автобусот е пуштен...

На Инфективна од морбили се лечат 20 пациенти

На Клиниката за инфективни болести во моментов од морбили се лечат вкупно 20 пациенти. Од пред два дена, примени се шест нови заразени пациенти, од кои пет се деца на возраст од девет месеци до две и пол години, како и една девојка на возраст од 24 години. На инфективната клиника има посебни оддели за овие пациенти. Докторите прогнозираат дека...

Центар за третирање на спортски повреди денеска се отвори во ГОБ „8 Септември“

Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска се отвори Центар за спортски трауматизам кој првенствено е наменет за професионални спортисти како и останатите пациенти со спортски повреди. Овие пациенти би имале приоритет како по однос на ортопедски преглед така и во однос на радиолошките и лабораториски испитувања. „ Во однос на просторот, за почеток, центарот ќе функционира во рамките на...

Министерството за здравство воведува вонболничка постоперативна грижа

Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка, односно домашна постоперативна грижа, информираше денеска на прес-конференција државниот секретар во министерството, Владимир Милошев. Тој рече дека сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект. - Целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во...

ФЗОМ ќе ги зголеми квотите на лекови во аптеките за овој месец

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) одлучи да ги зголеми квотите на лекови за овој месец во износ од 15 милиони денари кои ќе бидат линеарно распределени по аптеките, рече денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев. Тој додаде дека вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно, ќе има...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...