fbpx
Таг: патници

таг: патници

Поради Супер купот на 7, 8 и 9 август патниците на аеродром да дојдат 4 часа порано

Поради Супер купот на УЕФА, сите патници што на 7, 8 и 9 август ќе патуваат од скопскиот аеродром треба да пристигнат на аеродромот три до четири часа пред полетувањето. „Сите патници што имаат летови од скопскиот аеродром „Александар Велики“, на 7, 8 и 9 август 2017 година, треба да пристигнат на аеродромот три до четири часа порано од времето на полетување, поради дополнителните безбедносни...

Од денеска ќе има редовни летови помеѓу Скопје и Доха

Од денеска ќе се воспостави редовна авиолинија помеѓу Скопје и Доха, а на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се очекуваат да пристигнат првите патници од Доха, информираат од „ТАВ Македонија“. Во петокот на скопскиот аеродром се промовираа уште три нови авиолинии и тоа до Малта, Рим и до Ваксјо. Во првите шест месеци од годинава забележан е пораст од шест отсто на...

Македонски автобус се запали во Грција, нема повредени патници

Автобус на една македонска туристичка агенција утринава се запали во Грција на пат кон Халкидики, но нема повредени. Како што јавуваат грчките медиуми, патниците успеале безбедно да се извлечат од автобусот пред возилото целосно да изгори. Петнаесет пожарникари го гаснеле пожарот, за кој засега не се знае од која причина избил.

Една полицајка е тешко ранета, а неколкумина се повредени при престрелка во Минхен

На железничка станица во Минхен се случила вооружена пресметка, а светските медиуми јавуваат дека една полицајка е ранета. Германската полиција на „Твитер“ објави дека неколку лица се ранети, а полицајката била тешко повредена. Едно лице било уапсено. https://twitter.com/PolizeiMuenchen/status/874537521849536513 Медиумите пишуваат дека напаѓачот пукал на полицајката при проверка на документи во воз. Железничката станица е затворена, а патниците се евакуирани.

Кинески авион безбедно слета по проблеми со моторот

Патнички авион на кинеската компанија „Чајна истерн“, кој летал за Шангај, безбедно се врати во Сиднеј поради проблеми во текот на летот, предизвикани од отворена дупка во куќиштето на моторот. Кинеската компанија соопшти дека екипажот на летот 736, по полетувањето забележал оштетување на приклучокот за воздух на левиот мотор, поради што капетанот одлучил да се врати. Компанијата наведува дека авионот безбедно слетал...

Во авионска несреќа во Лисабон загинаа пет лица

Мал авион денеска се урна во населено место во Лисабон, во близина на супермаркет. Според пишувањата на медиумите, загинале пет лица, од кои четворица кои биле во авионот и едно лице кое се нашло на местото на несреќата. Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот, кој е се наоѓа на дваесетина километри западно од Лисабон. Пилотот на авионот бил Швајцарец, а патниците Французи.

„Еуровингс“ ќе почне да лета од Скопје до Минхен од октомври

„ТАВ Македонија“ најави дека германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ ќе почне да лета на релација Скопје - Минхен од 31 октомври годинава. Патниците од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе бидат поврзани со главниот аеродром во Минхен, „Франц Јозеф Штраус“. Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија двапати неделно, во вторник и во петок, со воздухоплов „ербас A320-200“, со капацитет од 174 седишта. Како што...

Евакуиран аеродромот во Хамбург поради непозната супстанца

Аеродромот во Хамбург утрово бил затворен, а патниците и вработените евакуирани, откако педестина патници почувстувале силен мирис и почнале да се жалат на проблеми со дишењето, јавуваат светските агенции. Патниците кои се пожалиле на проблеми со дишењето, според медиумите, немаат посериозни нарушувања на здравствената состојба. Засега нема официјални информации за што точно станува збор и која е причината за...

Алп Ер Тунга Ерсој е нов генерален директор на „ТАВ Македонија“

Алп Ер Тунга Ерсој е нов генерален директор на „ТАВ Македонија“ и доаѓа на местото на Зоран Крстевски, кој, пак, е назначен за член на одборот на директори, информираат од компанијата. Алп Ер Тунга Ерсој беше заменик генерален директор на „ТАВ Македонија“, од влегувањето на „ТАВ Аеродроми“ на македонскиот пазар. „ТАВ Македонија“ ги заврши првите 11 месеци од 2016 година со 16 проценти...

Авион во Индија излетал од пистата, повредени 15 лица

Авион на индиската авиокомпанија  „Џет ервејз“ се излизга од пистата на аеродромот во Гоа, на западот на Индија, а во инцидентот потешко се повредени 15 лица, соопштија индиските власти. Сите патници биле евакуирани, јавуваат индиските медиуми. Причината за несреќата сè уште не е позната, а во авионот кој во моментот на инцидентот се подготвувал да полета за Мумбај, се наоѓале 161...

Руски воен авион принудно слетал при што се повредени 16 војници

Во несреќа при принудно слетување на руски воен авион со 32 патника и седум членови на екипажот, повредени се 16 војници во областа Сибир. „Сите патници и членови на екипажот се живи, а 16 лица се тешко повредени и се евакуирани во болница во Тикси“, соопшти руското министерство за одбрана. Авионот полетал од аеродромот „Колцово“, а слетал 27 километри од селото...

Авион со 40 патници и членови на екипажот се урна во Пакистан

Авион на пакистанската авиокомпанија „Пакистан интернешнл ерлајнс“ со 40 патници и членови на екипажот денеска се урнал кратко по полетувањето од аеродром во северозападниот дел на земјата, потврдиле од полицијата и од цивилната авијација, јавуваат светските агенции. Од авиокомпанијата претходно соопштиле дека еден од нивните авиони од типот АРТ-4 исчезнал од радарските системи. Авионот се урнал во село недалеку од градот Хавелијан,...

Минимално намалување на трошоците за живот

Трошоците за живот во ноември се намалени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Намалувањето на трошоците за живот е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17 проценти, оризот за 8 проценти, компирот за 1,2 отсто, месото за 0,6 отсто,...

Авион на „Туркиш ерлајнс“ не полета од Скопје поради безбедносни причини

Летот од Скопје за Истанбул со број ТК1006 на компанијата „Туркиш ерлајнс“ е одложен, пишува на веб-страницата на аеродромот „Александар Велики“. Наводно, летот во 20 часот и 40 минути бил одложен поради безбедносни причини, бидејќи, според информации од патниците, во авионот бил пронајден телефон што никој не го пријавил за загубен, а во согласност со безбедносните правила, патниците биле евакуирани. Во авионот била...

Затворен бугарскиот граничен премин Лесово кон Турција, 30 цариници приведени

Бугарската полиција спроведе акција на граничниот премин со Турција, Лесово, при што се приведени повеќе од 30 царински службеници, јави дописничката на „Мета“ од Софија. Првиот човек на специјализираното јавно обвинителство Иван Гешев истакнал дека на граничниот премин била спроведена истрага поради основано сомневање за постоење на организирана криминална група која ја сочинувале царински инспектори. Акцијата била спроведена од 300 специјалци...

„Виз ер“ воведува нова линија Скопје – Хановер

„Виз ер“ ќе воведе нова авиолинија на релација Скопје - Хановер од 31 октомври. Летовите ќе се одвиваат во понеделник и во петок од аеродромот „Александар Велики“ кон Хановер и во вторник и во сабота до Скопје. Хановер е 23. дестинација со која „Виз ер“ оперира од скопскиот аеродром „Александар Велики“, а истовремено деветта дестинација од Скопје и од Македонија до Германија. -...

14 патници загинаа во сообраќајна несреќа во Непал

Во сообраќајна несреќа во Непал загинаа 14 патници, а деветмина се повредени кога автобус преполн со патници излета од пат, изјавија официјални лица од областа Дадинг. Автобусот превезувал луѓе и на покривот кога излетал од патот и паднал во провалија долга околу 300 метри. Спасувачите дошле на местото на несреќата, а од Катманду бил испратен хеликоптер за да им помогне на...

Заврши обдукцијата на загинатите во авионската несреќа, ќе се утврдува идентитетот

Обдукцијата на телата на загинатите патници во авионската несреќа што се случи во близина на селото Кожле заврши, јави „Телма“. Обдукцијата покажала дека смртта настапила брзо, а жртвите имале тешки механички повреди предизвикани од падот на авионот. Роднини на загинатите патници треба да пристигнат во Скопје и со помош на ДНК-анализа ќе се утврдува идентитетот на загинатите. Во истрагата за падот на авионот, освен...

Пронајдени сите тела на патниците во „пајперот“

Увидните екипи, кои се на местото каде вчера се урна италијанскиот авион, од типот „пајпер“, ги пронашле телата на сите шест починати патници, соопшти Јавното обвинителство. „Станува збор за пет мажи и за една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина, каде во наредниот период по налог на јавен обвинител ќе следува постапка за идентификација“, стои...

Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион

Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион во близина на селото Кожле, Катлановско. Сè уште се трага по патниците. Авионот попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром, a неофицијално се дознава дека во авионот имало шест патници. Жителите на околните села чуле силна експлозија, по што повикале полиција. Авион со приватен комерцијален лет попладнево исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром....

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...