fbpx
Таг: патен транспорт

таг: патен транспорт

Автомобилите ни се омилени, но опаѓа бројот на домаќинства што имаат велосипед (инфографик)

Лани само 33,5 отсто од македонските домаќинства поседувале велосипед во својот дом, но затоа 65,7 отсто од нив изјавиле дека имаат автомобил. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат рекордни бројки за двете превозни средства, но за жал негативни за развојот на велосипедскиот превоз во земјава. Во изминативе години постепено се намалува бројот на домаќинства што...

Возовите почнаа да сообраќаат по редовниот возен ред за годинава, автобусите делумно во нормала

Железници на РСМ - Транспорт го нормализираше патничкиот железнички сообраќај и од вчера ги врати сите линии од регуларниот возен ред за 2020 година во внатрешниот сообраќај, кој стапи на сила на 15 декември 2019 година. Меѓу Скопје и Битола сообраќаат по три воза дневно, меѓу Скопје и Гевгелија по два воза дневно, меѓу Скопје и Кочани по еден воз...

Транспортот со негативни резултати во првиот квартал, короната ги поштеди само товарните возови

Уште при првиот удар на пандемијата на корона вирусот и ограниченото движење на населението, македонскиот транспорт забележа пад кај бројот на превезени патници и стоки. Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2020 година регистрирал 1.215.000 превезени патници во патниот патнички превоз, 93.000 патници во железничкиот сообраќај, 429.869 патници во воздухопловниот превоз и 18.330.000 патници во градско-приградскиот превоз. Споредено...

Возовите делумно сообраќаат, автобусите никако да тргнат

Меѓуградската автобуска станица во Скопје е празна, а истото важи и за станиците низ останатите градови во земјава. Корона вирусот транспортно ги отсече некои градови од земјава. Според податоците на Државниот инспекторат за транспорт, во периодот од 12-18 мај се направени вкупно 114 надзори и констатирано е дека меѓу општинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е...

И по Ласкарци, најголем дел од увезените автобуси се половни (инфографик)

И по тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци што се случи во февруари лани, Македонија продолжува со зголемување на увозот на половни автобуси и минибуси од странство за превоз на патници. Податоците од Царинската управа покажуваат дека не само што не се намалил, туку во 2019 година бил постигнат рекорд во увозот на стари и веќе употребувани превозни средства во...

Во вонредна состојба камионџиите ќе возат подолго и нема да се либерализира железничкиот транспорт

Владата донесе уредба за зголемување на времетраењето на управување со возила во патниот сообраќај за да се овозможи непречен проток на стоки во периодот на корона кризата. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес - конференција информираше дека дневното време на управување со возило се зголемува од 9 на 11 часа, додека на неделно ниво се...

Уриваме рекорди – лани сме увезле 41.479 половни возила (инфографик)

Дури 41.479 половни возила биле увезени лани во нашата земја, покажуваат податоците на Царинската управа. Станува збор за втора рекордна година по бројот на увезени стари возила откако во 2009 година беше дозволен увозот на половни возила под поволни услови. Најголем дел од она што пристигнува од странство се патничките автомобили, и тоа вкупно 38.580 само во текот на...

Покрај камионите, компаниите можат да ги користат и возовите за транспорт на стоки

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес - конференција потенцираше дека Железници на РСМ - Транспорт ги става на располагање капацитетите за превоз на стоки во товарниот сообраќај. Сите товарни вагони од различен тип им се ставаат на располагање на компаниите за увоз и извоз на стоки во нашата земја, информираше министерот Сугарески. Тој посочи дека товарниот...

Корона вирусот го намали меѓуопштинскиот превоз на патници за 60 – 70 отсто

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на вчерашната прес-конференција соопшти дека меѓуопштинскиот превоз на патници е редуциран од 60 до 70 отсто на целата територија на земјава. Меѓународните линии се целосно прекинати врз основа на препораките на Владата, а контролата ја врши Државниот инспекторат за транспорт, се наведува во соопштението на владата. Како резултат на драстично намалениот број на патници...

Железницата лани со мал пораст во товарниот превоз, реформите чекаат нова влада (инфографик)

Железници на РСМ - Транспорт лани остварила минимален пораст на обемот на превезена стока во товарниот сообраќај, но каминскиот превоз и понатаму доминира во транспортот на стоки во нашата земја. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека со воз биле транспортирани 1.840.000 тони стока, додека со камиони во 2019 година биле превезени 69.395.000 тони. Во однос на остварените „тонски...

Два милиони патници помалку: Неславна година за меѓуградскиот автобуски превоз (инфографик)

Стрмоглав пад на бројот на превезени патници е забележан во 2019 година кај меѓуградскиот автобуски превоз. Во изминатите 12 месеци биле превезени само 5.827.000 патници, односно за 2 милиони патници помалку во споредба со 2018 година. Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, превозот со автобуси меѓу градовите за само осум години изгубил дури 10 милиони патници. Меѓуградскиот...

Наместо да влече напред, железницата ја кочи економијата и транспортот (инфографик)

Од сите земји низ кои минува железничкиот Коридор 10, Македонија во моментов е единствената што нема либерализиран железнички пазар, а со оневозможувањето на сообраќањето на приватни оператори по пругите, нашата земја е главен кочничар за развојот на овој паневропски коридор. Државата со години наназад ги одложува реформите во железничкиот систем, што доведува до огромни издатоци од националниот буџет за...

Ќе се изготвува проектот за изградба на мултимодален транспортен хаб во Трубарево

Постојната главна товарна железничка станица во Скопје (Ранжирна - Скопје југ) кај селото Трубарево во иднина треба да постане мултимодален јазол што ќе служи како централен хаб при транспортот на стоки во земјава. Тендерот за изработка на проектната документација за изградба на мултимодалниот јазол треба да биде објавен наредниот месец, се вели во информацијата од Министерството за финансии објавена...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...