среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: пат | 121 резултати

Сообраќајот се одвива по суви коловози освен по осојничавите места

15 февруари 2017

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај за сите видови на возила, а граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта сe одвива по суви коловози, освен на осојничавите места. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, […]

Вработените во „Југохром“ утре ќе го блокираат патот Скопје – Тетово

30 јануари 2017

Утре, од 11 до 13 часот, вработените на „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово – Скопјке, кај наплатната рампа во Желино, во двата правца, поради, како што велат, неоправдано исклучување на печките од погон. Протестот ќе го организира синдикалната организација „Југохром Алзар“, известија оттаму.

На патот кон гостиварско Куново има половина метар снег, селото е отсечено

11 јануари 2017

Гостиварско Куново е отсечено од градот бидејќи на патот кој води до нивното село има 50 сантиметри снег. Жителите велат дека се обратиле до сите институции надлежни за расчистување на патиштата, но не добиле позитивен одговор. – Дваесетина жители во ова село се целосно отсечени од Гостивар, патот е прооден само за движење пеш или со […]

Патот до Драгоево и до Селце четврти ден непрооден

9 јануари 2017

Жителите на двете штипски села Драгоево и Селце веќе четврти ден се завеани од снегот, кој на места, поради наносите, е со висина до еден метар. На помош е повикана механизацијата на „Македонија пат“, која денеска го расчистува патот. Се очекува до крајот на денот селата да бидат пристапни. Во делови околу Штип има наноси од снег […]

Прооден е патот кон тетовското планинско село Гургурница

9 јануари 2017

Патниот правец кој води до селото Гургурница, Тетовско, од вчера попладне е прооден. Овој пат викендов беше затрупан со снег, откако поради силниот ветер, голем снежен нанос се спушти на локалниот пат, на околу 2 километри од влезот на селото. „Патот е пробиен вчера, околу 15.30 часот. На пробивањето се работеше со два багери, а […]

Забрана за камиони на Стража и на Маврово – Дебар поради снежните врнежи

5 јануари 2017

Поради снежните врнежи, забрана за движење на камиони е воведена на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од земјава го отежна патниот сообраќај, забавено се одвиваат градскот и меѓуградскиот превоз, а засега нема значителни […]

Блокадите на патот за РЕК Битола се црвен аларм за енормното загадување

30 ноември 2016

Утрешната најава за блокада на патот кој од Битола води кон РЕК Битола е црвен аларм за загадувањето на градот, велат активистите од здружението „За нас се работи“. Од РЕК Битола, пак, возвраќаат дека барањата на здружението се на погрешна адреса и на погрешен субјект. Илија Балтовски, еден од организаторите на блокадата, вели дека комбинатот […]

Протест на жители од тетовско Сараќино поради узурпација на игралиште и на пат

29 ноември 2016

Жители од тетовското село Сараќино одржаа мирен протест пред зградата на Општина Тетово, од каде побараа да им се врати дел од земјиштето на фудбалското игралиште и дел од локалниот пат, кој, како што велат, им е узурпиран од нивниот соселанец Аритон Тодоровски. Велат дека игралиштето му припаѓало на селото, а патот го користеле неколку […]

Излетале од патот и паднале во провалија длабока 4 метри

27 ноември 2016

Вчеравечер околу 21 часот на локалниот пат Македонска Каменица – с.Моштица, се случила сообраќајна незгода во која Б.Ц. (22) од Македонска Каменица, кој управувал автомобил марка „рено меган“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и паднал во провалија длабока околу четири метри. Од МВР информираат дека во незгодата сопатничката од возилото, С.Ѓ. (28) од […]

Жители од тетовско Горно Седларце го блокираа автопатот Тетово – Гостивар

25 ноември 2016

Автопатот Тетово – Гостивар попладнево беше блокиран околу половина час, од жители од тетовското село Горно Седларце кои протестираа кај наплатната рампа за излез од Тетово. Тие се револтирани што мора да плаќаат патарина за влез и за излез од Тетово иако по овој автопат поминуваат само три и пол километри, колку што има од […]

Патот до долнореканското село Нистрово петти ден е блокиран

14 ноември 2016

Патот кон долнореканскотo село Нистрово петти ден е непрооден. Поради минатонеделните врнежи од дожд, дел од овој патен правец е одронат и прекриен со наноси од земја. Жителите од ова населено место не можат да пристигнат ниту до своите работни места, ниту до училиштата. – Најголем проблем е со болните лица, кои не можат до […]

Заврши реконструкцијата на патот од Буково до Ресен

7 ноември 2016

По повеќемесечна работа и одолжувања кои им создаваа нервоза на патниците, конечно заврши реконструкцијата на патот на превојот од Буково до Ресен. Сега, од Охрид до Ресен ќе се патува побрзо и побезбедно. Новата реконструирана делница е соодветно обележана со сообраќајни знаци и со сигнализација. Работите продолжуваат со реконструкција на делницата од Ресен до Битола. […]

Герила-акција во Штип: „Внимавајте, Диме Спасов на патот“

7 ноември 2016

Изминатиот викенд на фреквентните улици од Штип се појавија импривизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте, Диме Спасов на патот“. Знаците се дел од герила-акција, a кој стои зад неа, остана непознато. Знаците се поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, покрај пешачката патека во коритото на реката Брегалница и во паркот во населбата 8 Ноември, […]

Тројца загинати во тешка сообраќајна несреќа кај Зајас

2 ноември 2016

Три лица загинаа во тешка сообраќајка кај селото Зајас вечерва околу 19 часот. СВР Охрид потврди дека се работи за три помлади лица од околните села, пишува „Прес 24“. Според неофицијални информации, автомобил „форд“ удрил во трактор, кој возел неосветлен. АМСМ информираше дека сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Скопје е во прекин, но потоа […]

Патот Маврово – Дебар затворен поради сообраќајна несреќа

19 октомври 2016

Попладнево од 16 часот е затворен регионалниот пат Маврово – Дебар кај местото Манастирски ливади и сообраќајот е во целосен прекин поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ. Во сообраќајката, во која се судриле два камиони со српски и со бугарски регистарски таблички, нема повредени лица, но причинета е голема материјална штета. Камионите се движеле во спротивна […]

Пренасочување на сообраќајот Битола-Демир Хисар-Кичево

15 октомври 2016

На регионалниот пат Битола-Демир Хисар-Кичево од денеска до 17. овој месец се пренасочува сообраќајот. Пренасочување на сообраќајот е поради изведување градежни работи во близина на душевната болница, соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија. Од АМСМ известуваат и дека во вторник од 21 до 22 часот ќе се изврши привремено затворање на тунелот Демир Капија на државниот пат А1, […]

Реката Пена пред излевање, свлечиште го затрупа патот Шипковица – Бродец

8 септември 2016

Водостојот на реката Пена во долниот дел од Тетово постојано се следи откако водата од оваа река се искачи на критично ниво. Обилните врнежи од дожд изминатите неколку дена предизвикаа и свлечишта над патниот правец Шипковица – Бродец. – Наносите од камења и од земја на патот Шипковица – Бродец, кои ги донесе вчерашното свлечиште, […]

Руски земјоделци бараат средба со Путин и ќе го блокираат Кремљ

23 август 2016

Трактори, земјоделска механизација и автомобили тргнаа на пат од Црно Море кон Кремљ. Руските земјоделсци се незадоволни бидјеќи, како што велат, владата ги игнорира нивните проблеми, па решиле да побараат состанок со претседателот Владимир Путин. Тие, од областа Краснодар тргнале на пат долг 1.300 километри до Москва, каде што нивниот водач, Василиј Мељниченко, ќе бара лично да […]

Патот кон депонијата Русино повторно е блокиран

20 август 2016

Повторно е воведена блокадата кон Русино за камионите на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово. Жителите од гостиварсктие села не дозволуваат да се носи тетовскиот смет до Русино, поради како што велат, непочитувањето на точките од договорот кој е склучен меѓу нив и ЈКП Тетово. – Се договоривме да се носи сметот во 1 часот по […]

Вчера регистрирани над 60 пријави за поплавени куќи, ниви и возила

11 август 2016

Вчера по барање на Единицата за информации и команда (ЕИК) на Секторот за внатрешни работи Скопје било извршено фотографирање на 69 моторни возила на подрачјето на Гази Баба кои биле оштетени во поплавите, инфомираат од МВР. „На 10.08.2016 година во Единица за информации и команда на подрачје на СВР Скопје регистрирани се над 60 пријави […]

Страна 3 од 6